Archive by Author

Возач загина, тројца повредени утрово на патот Прилеп-Битола

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајка што се случила рано утрово во 04.30 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на селото Српци. Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило БМВ со охридски регистерски таблици управувано од А.Р.(42) од Охрид и патничко возило „киа соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.К.(25) од […]

______________________________________________________________________________________________________

Штипјанец паднал во провалија длабока 8 метри

Штипјанец е тешко повреден откако синоќа околу 22 часот паднал додека се прекачувал преку банкината на мост на реката Брегалница без да забележи дека било провалија.А.Д.(66) паднал од мостот од висина од околу седум метри. Од страна на екипа од Итна медицинска помош истиот бил пренесен во Клиничката Болница во Штип, каде му биле констатирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко и син загинаа од струен удар во купатило

Жител на селото Сушица, Општина Ново Село, вчера во 21 часот додека се туширал во купатилото, од неисправна електрична инсталација добил струен удар и починал на самото место. Откако тоа го забележал неговиот син М.П.(30), сакајќи да му помогне на својот татко И.П. (54) и тој добил струен удар и починал. Увид на местото на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдена исчезнатата Лора од Неготино

Петнаесет годишното девојче од Неготино, по кое што денес трагаше целиот град, е пронајдено ,,Лора е во општа добра состојба, моментално се наоѓа во ЈЗУ Неготино, каде прима инфузија. Семејството е покрај неа. Сакаме да се заблагодариме на сите кои помогнаа во потрагата, среќни сме што се заврши добро. Се уште е рано да разговараме […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев ќе го врати Таравари за министер ако не стане градоначалник

Премиерот Зоран Заев ќе го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка. Премиерот се повика на демократското право на неговата партија да победи на изборите. „Во овој човек гледам квалитетен министер. Оставете ги луѓето слободно да ги избираат одлуките. Мојата демократска поставеност како […]

______________________________________________________________________________________________________

26 годишен адвокат изрешетан во глава – погребан денеска – таткото се закани сине ќе те одмаздам

Илјадници луѓе вчера се простија од младиот адвокат од Србија, 26-годишниот Немања, кој пред зградата во која живее беше изрешетан со четири куршуми во главата. По опелото кое го одржале четири свештеници, од него се простиле родителите и вереницата, а се слушале лелеци од сите страни. Ттакото на момчето скршен од болка: – Ти велев […]

______________________________________________________________________________________________________

Чинарот ќе биде прогласен за споменик на природата

Предлог-одлуката за прогласување на стариот чинар (платанус ориенталис) за споменик на природата и усвојување на елаборатот за негова валоризација, санација и ревитализација, беше прифатена без расправа од Советот на Општина Охрид на завчерашната седница, објави охридњуз.мк. Согласно елаборатот кој го изготви Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, во рамките на проектот на Одделението […]

______________________________________________________________________________________________________

Во страшна сообраќајка загина преубавата Бри Келер (ФОТО)

Младата манекенка Бри Келер загина во сообраќајна несреќа во Сиднеј. До несреќата дошло откако возачот загубил контрола над возилото, а по сударот се запалил луксузниот автомобил. Големата трагедија го зави во црно нејзиното земејство кое не знае како 22-годишната девојка се нашла во автомобил со двајца мажи, браќата Стив и Џеф Настро кои исто така […]

______________________________________________________________________________________________________

Тинејџер уапсен поради поврзаност со нападот во лондонското метро

Британската полиција соопшти дека денеска уапсила едно 18-годишно момче, под сомнеж дека е поврзано со вчерашниот бомбашки напад во лондонското метро, при што беа повредени 29 лица. Британскиот национален координатор за борба против тероризмот, Нил Бејсу информира дека тинејџерот бил уапсен во реонот на градот Довер, што се наоѓа на брегот на Ламанш. – Иако […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина актерот Хери Дин Стентон

Американскиот актер Хери Дин Стентон почина синоќа на 91-годишна возраст во болница во Лос Анџелес. Стентон, кој важаше за „најдобар спореден глумец“ во Холивуд, своја слава ја стекна со улогата во филмот „Париз-Тексас“. Во својата 60-годишна актерска кариера Стентон настапи во над 70 филмови и во околу 50 телевизиски серии. Покрај онаа во „Париз-Тексас“, тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Температури до 37 степени за викенд – Во недела не очекува температурен шок

Рекордно високи температури за овој период од годината најавени за викендот. Најтопло ќе биде во недела кога живата во термометарот ќе се искачи до 37-от степен. Иако сме во втората половина на септември, лекарите советуваат при вакви горештини следните два дена граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топло време. Посебно да внимаваат хронично […]

______________________________________________________________________________________________________

Привремен сообраќаен режим на ул.„Димитрие Чуповски“ и на патот кон Средно Водно

Поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2017,  од 10 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворена улицата Димитрие Чуповски, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ (кај ТЦ „Палома Бјанка“) до крстосницата со улицата „11 Октомври“, информираат од Град Скопје. В недела пак, во периодот од 9 до 13 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за Подобра Македонија“ за претстојните локални избори ги има најквалитетните кандидати за градоначалници и советници, со голем личен капацитет и интегритет. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложија кандидати од кои дел се докажани и успешни градоначалници, а дел се нови луѓе, угледни и почитувани во своите професии и средини на живеење. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Сиромаштијата во пораст – 9% одат на работа за плата со која не можат да си ги платат ни сметките

Расте сиромаштијата во земјава. Речиси 9 % од вработените или 67 илјади лица имаат работа, но не можат да се прехранат. Овие луѓе живет под прагот на сиромаштија, кој за македонски услови изнесува 12 илјади денари за 4 члено семејство. За да се надмине проблемот, неопходно да се зголеми минималната плата – Законот за минимална […]

______________________________________________________________________________________________________

Морничави сведоштва на жртвите на терористичкиот напад во Лондон: Видов жена на која што огнот ѝ ја запали кожата

Лондонската полиција и натаму е во потрага по бомбашот кој што сакал да ја разнесе станицата од подземната железница во британскиот главен град и според некои информации, тој е вооружен и можеби зад себе оставил и други експлозивни направи. Направата од „домашно производство“ можела да убие десетици луѓе, но за среќа не била исправно детонирана […]

______________________________________________________________________________________________________

И Вучиќ се огласи за апсењето на Марјановиќ: Ако ја убил мајката на своето дете заслужува најлоша казна

И српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи за апсењето на Зоран Марјановиќ за убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. – Беше тоа монструозно убиство, само да сте ги погледнале тие фотографии од несреќната жена, језиво, черепот и беше скршен, беше крвава. Монстум кој убил жена, мајка на дете, и тоа на таков начин заслужува најлоша […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите ја знаат вистината-после апсењето се огласи и таткото на Зоран Марјановиќ!

По напуштањето на реалното шоу Задруга, Зоран Марјановиќ е уапсен по повод убиството на сопругата Јелена, а после сослушувањето на јавното обвинителство одреден му е притвор во траење од 30 дена. Таткото на Зоран, Владимир Марјановиќ, потврдил дека неговиот син е уапсен и тврди дека апсењето му е наместено. -Апсењето на Зоран е наместено и […]

______________________________________________________________________________________________________

Го издала калта на панталоните-еве како падна Зоран Марјановиќ!

Зоран Марјановиќ упасен е поради сомнеж дека ја убил својата сопруга Јелена Крсмановиќ Марјановиќ во април минатата година. Како што се дознава, клучен доказ за приведување на Марјановиќ се ДНК трагите на облеката, бидејќи меѓу другото, споредбата на калта од неговите панталони и жртвата потврдила дека тој бил на местото на злосторството, на насипот во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1