Авион на воздухооловството на Војската на Србија од типот В-54 Ласта денеска се урна во Нова Пазова. Иако двајцата пилоти иако успеале да се катапултираат пред падот, еден од нив им подлегнал на повредите.
Авионот паднал на улица во Нова Пазова. Во инцидентот нема повредени граѓани.
Во несреќата загина пилотот Горан Савиќ. Вториот пилот потполковникот Томислав Бечаговиќ е полесно повреден и свесен, се наоѓа во воената болница во Белград.
Загинатиот пилот бил 15 години во војската, оженет, татко на две деца.
Авионот Ласта е првото сериско летало испорачано на војската на Србија на 18 јуни 2012. со сериски број 54201, а до моментот на нереќата летал 39 часа и 50 минути.
Српскиот министер за одбрана Александар Вучиќ нареди итна истрага за причините за несреќата.