Брутално мачен, тепан, горен – почина човекот кој го уби Гадафи


Омран бин Шабан, човекот одговорен за заробување и убиство на Муамер ал-Гадафи, Е УБИЕН. Околу 10.000 луѓе присуствуваа на погребот. Шабан претходно бил киднапиран и измачуван.

Околу 10.000 луѓе се собраа на погребот на  човекот кој го зароби и најверојатно го уби Муамер ал-Гадафи. Шабан починал од рани кој ги добил откако бил киднапиран од страна на поддржувачи на Гадафи .

Бунтовниците  повикаa властите во Триполи да го одмаздат Шабан, кој бил насилно измачуван неколку дена.

Како што е наведено од страна на либиските извори, тој бил фатен во средината на јули, а бил ослободен неодамна по интервенција на либиските власти.

Шабан бил хоспитализиран во француската болница во многу тешка состојба, по неколку дена починал. Лекарите велат дека Шабан имал видливи повреди од мачењето.

Нозете му биле парализиран, градите исечени со жилети, и на целото тело имал длабоки рани, докази за бруталното тепање.

Дека ќе биде фатен и убиен, приврзаниците на Гадафи се закануваа одамна.

Шабан никогаш не ги доби 800.000 $, што бунтовниците ветија дека ќе ги исплатат на оној кој ќе го фати и убие Гадафи.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1