Азилант живеел на Скопскиот аеродром


Депортиран од Германија пред две недели, македонски државјанин, се вселил во старата зграда на скопскиот аеродром „Александар Велики“, пренесува Вест.

Азилантот ги присвоил напуштените простории и слободно се шетал низ просторот на Скопскиот аеродром, пишува Вест.

Како во филмот Терминал со Том Хенкс, азилантот спиел во старите канцеларии, собирал храна по кантите, просел од вработените, си играл и се забавувал во тоалетите.

Обезбедувањето на аеродромот ги проверило безбедносните камери и го забележале како си игра со сензорите за пуштање вода во тоалетите. Не правел штета и не пречел никому. 2 недели биле потребни за да забележат дека е постојано тука. Кога е откирен пренесен е во центарот за социјални грижи.
Вработените кои го сретнале, за Вест велат дека бил на возраст од околу 30 години. Немал каде да оди бидејќи баба му ја продала куќата во која живееле. Информацијата за Вест ја потврдиле и од Министерството за внатрешни работи.

Од ТАВ Македонија за Вест демантираат дека човекот живееле во старата терминална зграда бидејќи таа била заклучена. И дека најверојатно бил во просторот околу зградата, каде полицијата и го затекнала.

Сличен ваков случај е азилант во Париз. Иранецот Махрам Карими бил депортиран од Иран, а од Франција не добил дозвола за влез во државата, по што заглавил во правните лавиринти. Токму овој случај бил инспирација за направениот филм на Стивен Спилберг.

Главна улога во филмот „Терминал“, ја имаа Том Хенкс и Кетрин Зета Џонс. Том Хенкс поради непризнавањето на неговата земја од страна на САД и тамошните воени интервенции, не можеше ниту да го напушти американскиот аеродром, ниту пак да се врати во својата земја.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1