Бабата што ја упропасти иконата на Исус – бара хонорар за реставрацијата


Сесилија Хименез, бабата од Шпанија која ја упропасти иконата на Исус со неуспешен обид за реставрација сега бара да и се исплати хонорар.

Парите ги бара зошто поради нејзината реставрација на иконата од 19 век, црквата сега станала еден вид туристичка атракција, пренесува Макфакс.

Хименез има повеќе од 80 години, а нејзината неуспешна реставрација го обиколи светот. Таа волонтирала во локалната црква во местото Борја и помагала во реставрација на иконите, но главно на освежување на боите на облеката. Еден ден се обидела да го освежи и лицето на Исус – резултатот на крајот беше смешна фигура која не ни наликува на човек, а камо ли на Исус.

Властите се заканија дека ќе ја тужат, но таа се правдаше дека имала само добра намера бидејќи на сликата и требало поправка.

дека црквата станала туристичка атракција, говори и фактот што авиокомпанијата „Рајанер” понудила евтини билети до Сарагоса за да одат да го видат делото на шега наречено „Види мајмун”. Црквата почнала да наплатува и карта – четири евра за влез. Само за 4 дена заработила 2.000 евра. Бабата си најмила адвокати и тие сега тврдат дека таа има право на дел од профитот. А таа тие пари после ќе ги дадела на хуманитарни организации.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1