Симптоми на треската Западен Нил – главоболка, замор, дезориентација


Оваа болест се карактеризира со воспаление на мозокот (енцефалитис) и нема никакви карактеристики кои ја разликуваат од другите видови енцефалитис, поради што е неопходно да се направат повеќе лабораториски тестови.

Овој опасен вирус не се пренесува преку контакт меѓу луѓето. Едно лице може да бидат инфекцирано само ако е каснато од заразен комарец, а симптомите се јавуваат 3 до 14 дена по заразувањето.
Болеста се манифестира со треска и главоболка, вкочанетост на вратот, дезориентација, кома, замор, конвулзии, мускулна слабост и парализа.

Околу 80 проценти од инфицираните поминуваат без симптоми додека останатите имаат полесна клиничка слика. светската статистика покажала дека кај еден од 150 случаи на заразен се јавуваат силни знаци на болеста.

Полесна клиничка слика:

Грозница
Главоболка
Мачнина
Повраќање

Болки во телото
Осип на кожата и потечени лимфни јазли

Тешка клиничка слика

Запаление на мозокот

Висока телесна температура
Грчеви
Губење на свеста
Вкочанет врат
Парализа

ПРЕПОРАКИ – бидете внимателни и заштитете се од комарците со мрежи и со спрејови.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1