Балканците си ги продаваат органите за да купат стан


Немаштијата ги тера луѓето да продаваат се што имаат за да ги отплатат долговите, па дури и сопствените органи. Според истражување направено низ балканските земји се поголем број балканци го огласуваат својот бубрег.

Најчеста причина се долгови, купување на стан или да обезбедат пари за лекување на близок член на семејството.

Огласните се полни, се вели во истражувањето. Еве смао некој од нив.

Босна – ,, здрава машка личност, 61 година, го дава бубрегот во замена за шведска виза или престој и работни документи во Шведска.,,

Црна гора – ,, го продавам мојот бубрег – цена 20.000 евра, услов операцијата да е извршена во регистрирана и легална клиника,,

Република српска – ве молам само озбилни понуди! – маж, 37 години, одлично здравје, алкохоличар, поради тешката ситуација во семејството итно и поволно продавам бубрег.,,

Србија – ,,маж 21 година, пушач, со одлично здравје – поради тешка финансиска ситација продавам бубрег. Немам историја на болести, ниту наследни. Многу малку барам,,

Ова се само мал дел од огласите кој можат да се најдат на интернет страниците. Оние кој се огласуваат оставаат и контакт телефон или емаил, а меѓу податоците има детали и за крвната и дали се RH позитив или негатив.

Дека продавањето – или донирањето органи станува се поголем бизнис говори и фактот што дури и фејсбук направи посебна страница каде и донорите и барателите на органи ќе може полесно да го најдат соодветниот донатор. Дел од органите се нудат доброволно, но за дел има и цена која варира во зависност од органот.

Слезината на црниот пазар вреди $ 500, жолчното кесе за 1200 $, бубрег и до 260 000 долари. Овие податоци се  според MedicalTranscription.net,

Над 113 000 луѓе чекаат за некој вид трансплантација, а легално се донираат, лани на пример само 14 000 органи.

Во 2003, мрежа на нелегален пазар на бубрези е откриена во јужна Африка.

Донаторите биле регрутирани најчесто од сиромашните делови на Бразил, кој биле донесени во Африка каде се извршувала трансплантацијата.

Донорите добивале од $6,000 до $10,000 и биле враќани дома, пишува Handwerk.

Според анализите на он лине страницата на ,,хавоскоп,, која е датабаза за активностите на црниот пазар со органи, во 2011 овие цени биле ширум светот.

Цени кој ги наплаќаат  посредниците

Колку пари добиваат продавачите – донорите- на бубрег, во одделни земји.

 

Share Button

Tags: , , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1