Банкомат на банката Lojds TSB во Ипсвич се расипал вчера вечерта. Сите кои подигнале пари по затварањето на филијалата добиле дупла сума од онаа што ја побарале.
Кога се открило и раширило огромен број жители на овој град притрчале да извадат пари. Се направила вистинска гужва, а имало и тепачки кој попрво да подигне пари. Морала да интервенира и полицијата за да заведе ред.
Многу брзо пристигнале и техничарите на банката и го исклучиле апаратот. Според информациите околу 30 лица минимум профитирале од расипаниот банкомат.
,, Барав 40 фунти, а банкоматот ми даде 80. мислев дека јас грешно сум стиснала, па повторно пробав – внесов 50 фунти ми даде 100. веднаш и се јавив на другарката да дојде,, изјавила жителка на овој мал англиски град. Оваа банка доби од владата 21 милијарда фунти по финансиската криза во 2008 та а жителите низ шега велат – епа убаво е да се види дека банката си ги враќа долговите.
Банкоматот сега не е во употреба се додека техничарите не го пронајдат проблемот. Според неофицијални извори банката се сомнева и во хакерски напад.