И храната знае да боли – што се предизвикува болка?


Сите ние сме ја искусиле агонијата на прејадување. Но дали вашата исхрана навистина би требало да биде виновник за појава на артритис, болка во мускулите, астма и проблеми со кожата?

Научниците открија многу силан врска помеѓу појавата на болка и храната која ја конзумираме.

Околу 70% од нашите имунолошки клетки таканаречени леукоцити се наоѓаат во дигестивниот систем, а со тоа секојдневно доаѓаат во контакт со храната која ја внесуваме. Ако имуниот систем „налета“ на некоја бактеријаод храната, ја препознае храната како алерген или пак организмот страда од дисбаланс на важни хормони како што е инсулин, тој може да покрене воспалителна реакција.

Иако воспалението е важен дел во процесот на самозаздравување, хроничното воспаление претставува почеток на многу сериозни болести. Меѓутоа со добар план на исхрана можеме да го излечиме и спречиме. Еве пет начини како да ја намалите воспалителната реакција.

1. Исфрлете ги брашното и шеќерот

– Белото брашно е едноставен јаглен хидрат кој со помош на дигестивните ензими уште во устата се претвора во шеќер. Високите количини на шеќер во исхраната ја зголемуваат количината на крајните продукти на глигација кои настануваат со врзување на молекула глукоза со протеин со што тој станува со променета структура. Како што организмот се обидува да ги разгради крајните продукти на шеќерите целиот имун систем алармира за лачење на цитокини. Во зависност од тоа каде ќе се ослободат крајните продукти на шеќерите како и од генетските предиспозиции, оваа реакција може да доведе до појава на артритис, катаракта, срцеви заболувања, слабо помнење или набрана кожа.

2. Избегнувајте храна на која би можеле да бидете чувствителни или алергични

– Ако јадете храна на која сте алергични тоа би довело до дестабилизација на инсулинот, а со тоа се намалува нивото во шеќер на крвта што повторно би довело до воспалителна реакција. Високото ниво на инсулин го зголемува нивото на кортизол, хормон на стресот, кој притоа предизвикува задршка на мастите наместо да ги согори и да ги претвори во енергија. Зголемената маст околу ткивата е индикатор за хронично воспаление. Алергијата на храна исто така може да ги поттикне мастоцитите да ослободат хистамин, а тоа доведува до појава на црвенило и отоци.

3. Јадете разновидна храна

– Ротквицата, црвената зелка и темно зелениот зеленчук се богати со витамин Ц и други антиоксиданси кои спречуваат воспаленија. Јадете брокула и карфиол, Сулфурот во овие растенија помага при прочистување на црниот дроб.

4. Посни протеини

– Гравот, пилешкото и мисиркиното месо се одличен извор на безмасни протеини. Црвеното месо има голема количина на арахидонска киселина која може да предизвика воспаление.

5. Променете го маслото

– Избегнувајте рафинирани транс-масти, омега 6 масла (од соја и пченка) и користете маслиново масло.

Месото од говедо кое се храни на пасиште, див лосос или риби како харинги, скуша и сардина се најдобриот избор за храна која спречува воспаление.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1