Бараат 5-ки од учениците, а професорите добиле оценка ,,3,,


Ниту едно од училиштата кое било оценувано за својата работа од страна на инспекцијата не добило оцена одличен 5.

Од вкупно 134 училишта кој биле на мета на инспекторите 4 заработиле чист единица. Паднаа на испитот ,,Лирија,, од општина Долнени, ,,Хасан Тахсини,, од Желино, ,,Тошо Арсов,, од Штип и ,,Кирил и Мeтодиј,, од Канатларци.

Инспекторите констатирале дека повеќето училишта и наставници воопшто не ги користат компјутерите во наставата, немаат интеракција со учениците, не соработуваат со родителите.

Најдобрата оценка која ја добиле училиштата е многу добар 4. вкупно 11 училишта добиле четворки, најголем дел од нив се во Скопје. Најголемиот дел од училиштата пак добиле оценка 3.

Од вкупно 6444 наставници пак кои ги проверувал инспекторатот 50 паднале на проверката. Ќе заработат казни, но ќе добијат и шанса за поправен испит .

Просветниот инспекторат веќе трета година ја извршува оваа евалуција.

 

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1