Базенот Бисер се затвори – закупецот обвинува Латас не преболи што јас го имам базенот


Според официјалниот профил на фејсбук на ,,базен Бисер,, закупецот го обвинува новинарот Латас за затварањето на базенот.  

Базенот Бисер веќе нема да работи, барем не со досегашниот закупец. Според информациите договорот за закуп истекол. веќе е започнато расчистувањето на објектот и не се знае дали базенот ќе работи повторно или не и кој ќе биде новиот закупец.

Базенот е во сопственост на министерството за Одбрана а од 2001 го имаше под концесија Александар Маниќ кој тврди дека кога го земал базенот тој не бил во функција, бил саниран и среден и работел нормално од тогаш до денес. Закупецот вели горд е што досега немало ниту една казна од Пазарна инспекција, Управата за јавни приходи и Санитарната инспекција.

Според официјалниот профил на фејсбук на ,,базен Бисер,, закупецот го обвинува новинарот Латас за затварањето на базенот. Ви го пренесуваме соопштението објавено на фејсбук страницата во целост

„ бидејќи медиумите почнаа да пишуваат ред е и ние да излеземе со некакво соопштение. Базенот беше земен во 2001 година бидејќи не беше во функција 7 години. Од кога е земен, до денешен ден, една личност – бизнис новинар, не можеше да го преболи тоа – Драган Павловиќ од „Сител“ и „Вечер„.

На базенот „Бисер“ научија да пливаат преку 3.000 деца, ниту едно државно првенство во пливање и ватерполо не се наплатени, ова со задоволство го пишувам бидејќи изгледа пливачката федерација не сакаше бесплатно туку сакаше да плаќа по други базени. Базенот Бисер  бесплатно го користеа припадниците на Арм, МО и МВР, како и деца со посебни потреби. Најинтересно е дека билетот беше најефтин 100 денари и 50 денари, но очигледно сметаше на некого. За овие 10 години немаме ниту една казна од Пазарна инспекција Управата за јавни приходи и Санитарната инспекција.

Базенот пред еден час е предаден во функционална состојба и многу е интересно зошто не можеа да почекаат барем 30 дена да се одржат закажаните турнири во ватерполо и пливање.

Драги аеродромци очекувајте Латасленд со карта од 500 денари и станете елита на ова општество со вакви болни луѓе“,,

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1