Бесплатен паркинг и многу полиција – се е подготвено за Македонија – Хрватска вечер


Бесплатен паркинг простор околу Арената „Филип Втори” обезбеди претпријатието „Паркинзи” на Општина Центар, со цел побрзо движење на навивачите кон и од стадионот.

Бесплатни се паркинг зоните Дебар Маало, Буњаковец, Соборен Храм, целата зона околу стадионот, како и зоната кај Универзалната сала.

Вечерва ќе има и зајакнати безбедносни мерки пред и за време на натпреварот Македонија – Хрватска

Во рамки на сообраќајниот режим, меѓу другото од пладне е затворен сообраќајот од крстосниците на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Констанинов – Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот „Илинден“ кон Националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и итни потреби.

Старт на натпреварот е во 20:30 часот во националната арена „Филип втори“ во Скопје, Хрватите очекуваат околу 1 000 навивачи да ги бодрат.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1