БиХ: Во огласник нуди тигри, лавови, рисови, пустински лисици


Ги продава за околу 10.500 куни, а оние кои се заинтересирани за вакви миленици и сакаат да купат повеќе животни им нуди посебен попуст.

Имам шест млади тигри, четири млади пустински лисици и четири млади риса, пишувало во интернет огласник во БиХ. Огласот бил објавен од лице од Босанска Петровица. Кај него може да се најде и јагуар, леопард, црн пантер, лав како и сибирски и бенгалски тигар, стоело во огласот. Лицето кое го напишало огласот додало дека животните имаат чипувани патни исправи. Истите ги продавал за 10.500 куни за едно животно, а за оние кои се заинтересирани да купат повеќе им нуди посебен попуст. Властите во БиХ веднаш се обиделе да исконтактираат со него да запишаниот број на огласот но од таму никој не одговорил.

– Ваквите огласи за продажба на животни се противзаконски а ваквите миленици не може да имаат никакви патни исправи, рекол Драгомир Мијиќ, претставник на здружението за заштита на животните НОА. Тој нагласил дека овие видови животни непријавено влегле во земјата. Не поминале ветеринарна инспекција па може да пренесат разни болести, додал тој.

Меѓутоа, покрај илегалната продажба на оружје и дрога во БиХ се остварува одлична заработка и од продажба на овие ретки видови животни. Не се знае колку од нив во моментов престојуваат во БиХ бидејќи истите влегле во земјата по илегален пат.

 

Share Button

Tags: , , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1