Познатиот битолски млекар Илиевски се спаси од затвор, немал никаква поврзаност со производство на марихуана досуди денеска Основниот суд во Битола.
Со денешното рочиште падна обвинението против Душко Илиевски како и неговиот татко Томе и братот Цане, кои исто така се товареа за соучество во ова кривично дело.
Тројцата беа заедно приведени, по што поминаа десетина дена во битолскиот истражен затвор.
За време на обвинувањата, млекарот Душко тврдеше дека е невин, и дека сево ова е политичка хајка против семејството Илиевски, како одговор на неговите активности за обесштетување на млекарите од пропаднатиот Сведмилк.