Стручњаите советуваат, доколку не можете да забремените во рок од една година а имате незаштитен однос и постојано пробувате, правец-гинеколог.
Ако имате желба за свое дете, да си го прегрнете бебето, сте пробале разни процедури, а никако не оди, верувајте не сте сами. Се’ повеќе жени се соочуваат со неплодност, а причините за тоа се многубројни.
Можат да бидат вродени, може да се работи за недостатоци во анатомијата и физиологијата на гениталиите, причина се и многу инфекции, лечење од други болести, психата…
Сепак, за среќа живееме во време во кое постои вонтелесно оплодување кое досега усреќи многу жени и ги направи горди мајки.
Проф.др.Александар Љубиќ, директор на Клиниката за акушерство и гинекологија КЦС во Вишеградска, смета дека токму инфертилитетот е виновен за неможноста да се остане во блажена сосотојба.
Тој нагласил дека неплодноста е присутна и кај жените кои имаат редовен менстуален циклус.
Љубиќ семата дека за неплодноста на една двојка, во 30 отсто случаи битни се и машкиот и женскиот фактор, додека пак кај 10 проценти од случаите, причината е непозната.
Затоа, најважно е да се испитаат двајцата партнери.
Потеклото на неплодноста кај жената може да биде од анатомска, ендокринолошка, инфективна, имунолошка, невролошка, психогена, јадрогена природа, но причината може да биде и апслоутно непозната.
Исто така голема пречка може да бидат гојазноста и неуредниот и брз начин на живеење..
Како што вели Љубиќ, со оглед на современите услови за живот, желбата на жените за афирмација и едукација, економската сигурност, се појави тренд на формирање на семејства по подоцнежните години.
Кај жените, физиолошкото намалување на плодноста почнува по 35-та година на животот, а по 40-та се намалува уште повеќе. Кај жените постари од 40 години, циклусот наместо 12 пати годишно, се намалува на шест
Во последните 20 години, времето за раѓање на првото дете од 25-та година се помести на 30-та.
Докторот Љубиќ објаснува дека методот на вонтелесно оплодување упатува на фактот дека кај многу парови веќе не е последен чекор, туку прв и дека на клиниката во која што работи тој, речиси 40 отсто од пациентките кои се подложени на оваа програма затруднуваат.