,,Да се уапси по секоја цена, дури и во случај на „ризик по животот“ ова стои во белешката која ја држи полицаец пред амбасадата на Еквадор каде е Џулијан Асанж.
Полицаецот бил фотографиран, а потоа фотографијата била зголемена и јасно можеле да се прочитаат упатствата кои скотланд јард ги дало на полицијата, а полицаецот си ги запишал.
Во забелешките кои си ги пишувал полицаецот стои дека Асанж треба да се уапси и ако е во дипломтаско возило или било кое друго средство кое е под дипломатска заштита.
Скотланд јард одби да ја коментира оваа срамна фотографија која покажува дека ќе се срушат дури и дипломатските договори само за да се уапси Асанж.