Бугарка – гатачка и баела на македонка да се омажи – и зела 27.000 евра, а не се омажила


49 годишна државјанка на Бугарија 3 месеци ја лажела и и баела на млада кумановка. За бењето и зела 27.000 евра.

Младата кумановка сакала да се омажи и да оздрави нејзината мајка. На крајот ниту едното, ниту другото се остварило, а таа кога видела дека е измамена ја пријавила бугарката во полиција.

Се почнало на 06. јуни годинава кога оштетената била на паркингот зад Собранието на РМ и во тој момент и се приближила пријавената и почнала да и раскажува детали од приватниот живот на оштетената кои се поклопувале со нејзината стварна ситуација. Исто така и кажала дека може да и ја претскаже иднината понудувајќи и помош во иднина да не и се случуваат лоши работи.

Во три наврати пријавената во станот на оштетената изведувала некакви ритуали за да на оштетената и ги разбие црните магии кои и биле направени, за да ја излекува нејзината болна мајка и за да нема повеќе проблеми во љубовната врска. За истото оштетената во три наврати и дала по 9.000 евра за секој ритуал или вкупно 27.000 евра. Исто така и побарала и мобилен телефон, по што оштетената и дала телефон марка Samsung S3350. Пријавената паричните средства ги барала со изговор дека истите и биле потребни за да може ритуалите да имаат ефект

При последното гатање на 21 Септември, кога кумановката требала да искешира уште нови 9.000 евра, бугарката е уапсена. Кумановката веќе го пријавила случајот во полиција и ја чекала бугарката со обележани пари. Кога ја уапсиле кај гатачката се најдени 3.000 обележани евра, една икона, шише со непознат раствор и амајлија која требало да и ја даде на оштетената и мобилен телефон .

Си заработи кривична пријава за измама, одреден и е и 30 дневен притвор.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1