Нови заразени од Западен Нил во Македонија – жена и дете


Едно дете и жена се новите потврдени случаи на заразени со смртоносниот вирус Западен нил.

Лабараториските тестови на Институтот за јавно здравје го потврдиле вирусот кај овие два пациента, потврдија од Министерството за здравство, пренесува Дневник.

Со ова бројката на заразени во Македонија се зголеми на пет. Минатата недела почина 53-годишна жена, што беше првиот смртен случај кај нас.

Вирусот го пренесуваат комарци, а не може да се пренесе од човек на човек. Најопасни компликации се енцефалитис (воспаление на мозочните обвивки), менингитис (воспаление на мозокот) и парализа. Симптомите се температура, малаксаност, главоболка..

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1