Archive | Балкан RSS feed for this section

Сведоштво: Девојче во македонски автомобил со часови било заробено со мртвите роднини

Во сообраќајната несреќа каква не се памети во Србија, вчера животот го изгубија пет државјани на Србија и двајца државјани на Македонија, а очевидци на несреќата велат дека вчера околу 7.20 часот на авто патот присуствувале на потресни сцени какви нема ни во филмовите. -Се движев од правецот на Ниш, возев со нормална брзина. Беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца македонски државјани меѓу загинатите во верижниот судар во Србија

Двајца македонски државјани се меѓу загинатите во верижниот судар што се случи денеска на автопатот Белград – Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“. Покрај македонските државјани, според пишувањето на „Блиц“ загинале и пет пет српски државјани. Од македонското Министерство за надворешни работи изјавија дека од македонската амбасада во Белград засега […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсено едно лица за убиството на бугарската новинарка

Бугарската полиција приведе осомничен во врска со убиството на новинарката, Викторија Маринова, јави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. „Можеме да кажеме дека осомничениот е приведен“, открил изворот, не сакајќи да изнесе повеќе детали. Портпаролот на бугарското министерство за внатрешни работи не сакаше да ја потврди, ниту пак да ја демантира оваа […]

______________________________________________________________________________________________________

Папата Франциско доаѓа во посета на Балканот

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, следната година ќе посети три земји на Западен Балкан. Тоа го нагласи црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по состанокот со папата. Во изјава за Радио Телевизија на Црна Гора (РТЦГ), Ѓукановиќ не прецизира кои се тие земји, но рече дека на таа турнеја не е вклучена посета на Црна Гора […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ по средбата со Столтенберг: Малку ми олесна…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се договорил со шефот на НАТО Јенс Столтенберг во случај на кризна ситуација на Косово да можат брзо да стапат во контакт. Тој кажа дека таа процедура ќе биде воспоставена за да може да се спречат конфликти и други потешки последици. Вучиќ истакна дека го замолил Столтенберг да […]

______________________________________________________________________________________________________

Продолжува истрагата за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова

Телото на брутално претепаната и силувана новинарка беше пронајдено вчера, а бугарските медиуми пренесуваат дека се уште нема притворени ни осомничени. -Ги истражуваме сите можни верзии, вклучително и таквите поврзани со нејзината работа. Нема да навлегуваме во детали поврзани интимната сфера, но ќе ви ги кажеме информациите кои ги имаме во моментов. Ја утврдивме патеката […]

______________________________________________________________________________________________________

Силувана, претепана, задавена: Брутално убиена позната новинарка во Бугарија

Бугарската новинарка Викторија Маринова беше брутално убиена во саботата, околу пладне, во градот Русе, во северниот дел на земјата. Според извештаите на локалните медиуми, нејзиното тело е пронајдено во близина на реката Дунав на тешко достапен терен. Жртвата била наводно силувана, претепана и потоа задавена. Таа била претепана со такво насилство што лицето и било […]

______________________________________________________________________________________________________

Српски адвокат го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум

Српскиот адвокат Срѓан Алексиќ поднесе тужба против НАТО поради употреба на муниција со осиромашен ураниум за време на воздушнита напади врз поранешна СР Југославија во 1999 година. Според Алексиќ, користењето на ваква муниција придонело за „драстично зголемување на онколошките заболувања во регионот“. Тој нагласи дека тужбата ја поднесува во име на неговата мајка, која починала […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Го поддржувам договорот, но не го потценувам народот во Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија кој според него, испратил јасна порака. – Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес. Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се […]

______________________________________________________________________________________________________

Село во БиХ забрани влез на политичари пред изборите

Нè лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена“, „Прочитавте ли, на народот му е доста“, стои на транспарентите кои се постравени на плоштадот во селото Подгора во Босна и Херцеговина, во пресрет на општите избори во државата кои треба да се одржат во недела, објави Франс-прес. Селото со 700 жители се наоѓа недалеку […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ по средбата со Путин: Добивме сѐ што сакавме, детали не можам да откријам

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин е добиено сѐ што било побарано. Тој истакна дека се согласиле за сите теми на разговорот „Добивме сѐ што баравме. За сѐ се сложивме“, изјави Вучиќ за руската агенција ТАСС и истакна дека деталите од разговорот со рускиот претседател не може […]

______________________________________________________________________________________________________

Дожд го потопи Дубровник, насекаде вода (ВИДЕО)

Силно невреме го погоди Дубровник и околината, а поради силните дождови поплавени се бројни улици во градот. Невремето е проследено со грмежи, а го погоди Дубровник утринава во 4 часот, а во наводите има и дека поплавени се куќи. Пожарникарите во Дубровник имале 30 интервенции во рок од 3 часа.

______________________________________________________________________________________________________

Коѕијас: Македонија може да се распадне

Во случај на евентуална нестабилност на Македонија, би можела да се распадне и тоа би било најлошото сценарио, изјави во интервју за грчката телевизија ЕРТ министерот за надворешни работи Никос Коѕијас. Тој во гостувањето во грчката телевизија потсети дека референдумот е консултативен и дека не е предуслов за реализација на Преспанскиот договор, кој беше потпишан […]

______________________________________________________________________________________________________

Средба Путин-Вучиќ: Состојбата на Балканот е многу сложена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на стратот на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека се уште е далеку решението за спорот за Косово. – Состојбата на западниот Балкан е многу сложена. Србија, како држава, секојдневно се соочува со бројни провокации. И покрај нашите напори да постигнеме компромис и да го поддржиме мирот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ за референдумот во Македонија: „Европа мора да биде поодговорна“

Српскиот претседател Александар Вучиќ во однос на референдумот во Македонија денеска во Москва изјави дека не е на него да се меша во внатрешните работи на некоја земја, но оти Европа мора да биде поодговорна. „Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една земја. Стравувам и ми се чини дека некои луѓе […]

______________________________________________________________________________________________________

Ексклузивна снимка од обидот за упад во куќата на Цеца

Непознати лица вчера околу 6.45 часот со два автомобили „мини купер“ и еден караван ја нападнале куќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а пејачката за српски Курир порача дека очекува итна реакција на полицијата. „Очекувам апсење во текот на денот. Полицијата има снимки. Ова е намерно вандалски упад во приватен имот“, рече видно вознемирената Цеца. Ало.рс […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчки медиуми: Победи „Да“, но без цензус

Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот референдум во Македонија акцентот го ставаат на излезноста и на процентот граѓани што гласаа „Зa“. „Победа на „ДА“ во ПЈРМ, но без потребната излезност“; „Над 91 отсто гласаа „ДА“ – 36,6 отсто излезност“; „91,3 отсто „ДА“ на референдумот, но со мала излезност“; „Заев решен: Гласот „ЗА“ договорот треба […]

______________________________________________________________________________________________________

Балкански медиуми: Пропадна референдумот во Македонија, Македонците остануваат Македонци

Во Македонија утрово беше отворен референдумот на кој граѓаните одлучуваа за тоа дали нивната земја ќе го промени името во Република Северна Македонија. Прашањето на кој тие требаше да се произнесат беше „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, пишува српскиот портал Балканскиправила.ком. Половина […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1