30/09/2018 15:46
•
Posted by: MK News
Циклонот „Зорбас“ е првата, а референдумот во Македонија денеска е втората најважна вест во грчките медиуми. Голем дел од грчките медиуми имаат испратено новинари во Скопје кои уште од петокот известуваат за климата во Македонија, за анализите и процените, но и за важноста на денешниот референдум. На грчките телевизии има јавувања во живо од македонската […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 14:19
•
Posted by: MK News
Албанската полиција соопшти дека е разбиена криминална група,дел од меѓународна мрежа, која организирала нелегален влез на албански граѓани во Велика Британија, САД и Канада. Ова е седма по ред криминална група од почетокот на големата акција во која до сега уапсени се 39 лица, додека по 12 албански и странски државјани распишана е меѓународна потерница. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 12:53
•
Posted by: MK News
Пратеникот од Српска листа, Игор Симиќ изјави денеска дека барикадите се повлечени од општината Зубин Поток, по апелот на српскиот претседател, но според него се уште се чувствуваат тензии. – Тоа што се случи на нашата испружена рака за мир, беа долги цевки на луѓе со фантомки што предизвика нервоза кај граѓаните во општина Зубин […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 12:36
•
Posted by: MK News
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека имал чест да се прошета по северот на Косово и со чамец да се повози по езерото Газивода, на границата меѓу Србија и Косово, јави агенцијата Фена. Во изјава за медиумите на езерото Газивода, Тачи рекол дека за време на посетата имал посебни емоции. Тој истакнал дека раководството на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 12:33
•
Posted by: MK News
Поплавени и затворени улици, потонати чамци и материјална штета остави зад себе циклонот „Зорбас“ во делови од полуостровот Пелопонез и областа Атина (поширокиот регион на Атина) во текот на вчерашниот ден. Медитеранскиот циклон денеска се движи кон источна и северна Грција. Обилниот дожд и силниот ветер, создадоа проблеми во повеќе општини на Пелопонез. Голем број […]
______________________________________________________________________________________________________
29/09/2018 14:51
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија. Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија. Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) […]
______________________________________________________________________________________________________
29/09/2018 14:48
•
Posted by: MK News
По изјавата на Министерот за внатрешни работи на Србија , дека косовски специјалци ја зазеле хидроцентралата ,,Газиводе” и дека се уапсени Срби , се дигна тензијата во Приштина и во Белград. Според српските медиуми , имало уапсени Срби во близина на хидросистемот Газиводе , во чија близина живее српско население. Оваа информација подоцна ја демантира […]
______________________________________________________________________________________________________
29/09/2018 12:26
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сакал да оди во Обединетите нации во Њујорк, затоа што таму би морал да разговара и со албански и со светски претставници, со кои, како што рече, не знае за што веќе да разговара, затоа што тој сака суштински напредок во однос на Косово, „а тие не сакаат“. […]
______________________________________________________________________________________________________
29/09/2018 12:12
•
Posted by: MK News
Силно невреме викендов ќе го погоди источниот дел од Средоземното море. Хибридната бура наречена “Медикејн” која наликува на комбинација од ураган и тајфун, најсилниот удар ќе го зададе во текот на утрешниот ден. Преку Медитеранот, моќниот циклон сега се движи кон европско тло, а невремето при преминот преку Средоземното Море ќе добие карактеристики на ураган. […]
______________________________________________________________________________________________________
29/09/2018 11:56
•
Posted by: MK News
Грчката Национална опсерваторија во Атина, која го следи движењето на моќната бура над таа земја, објави дека се очекува „окото“ на Медикан (Медитерениан хурикан) утре во попладневните часови да стигне до брегот на Пелопонез. Агенцијата АНА пренесува дека на метеоролошкиот сервис на оваа опсерваторија е наведено дека на морето меѓу Пелопонез и островот Крит се […]
______________________________________________________________________________________________________
29/09/2018 11:46
•
Posted by: MK News
Откако рускиот претседател Владимир Путин ја откажа посетата на Србија , најавена од тамошните власти , па демантирана од Кремљ, претседателот Александар Вучиќ следната недела патува во Москва. Вучиќ на 2 октомври во Кремљ ќе разговара со рускиот претседател Путин , јавија српските медиуми , повикувајќи се на дипломатски извори од Москва. Според медиумите , […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2018 16:00
•
Posted by: MK News
Во планинските делови на Грција денеска почна да паѓа снет, а во областа Атина силен ветер корнеше дрвја, додека југот на Грција го погоди земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер.Поради силниот ветер кој ја погоди Грција властите мораа да затворат многу училишта, бројни траекти не сообраќаа, а летовите се одложени. Ветерот корнел дрвја […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2018 16:32
•
Posted by: MK News
Бараме избори за народот со неговиот глас да одлучи за текот на ова национално прашање, рече лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис говорејќи за Договорот од Преспа, во обраќањето на почетокот на состанокот со надлежните за различни области во партијата. Тој уште еднаш повтори дека тие се против Договорот од Преспа, за кој […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2018 15:47
•
Posted by: MK News
Поранешниот воен командант на војската на Република Српска и хашки осуденик Ратко Младиќ, им се обрати на граѓаните непосредно пред изборите во Босна и Херцеговина. Младиќ се обрати со порака која на прес-конференција во Бања Лука ја пренесе претседателот на Организацијата на старешини на војската на Република Српска, Милован Милутиновиќ, чиј член е и Младиќ. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2018 23:39
•
Posted by: MK News
Еден Сириец на Твитер и другите социјални мрежи ги моли луѓето да му помогнат да ја пронајде својата ќеркичка Алса (5), од која хрватските полицајци го одвоиле на граница и го вратиле во Босна и Херцеговина. Несреќниот човек раскажува дека неодамна со група мигранти успеал преку Бихаќ да влезе во Хрватска и по два дена […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2018 22:58
•
Posted by: MK News
Изненадувачки силна бура денеска дува на широкото подрачје на Сплит, каде орканските удари на ветерот достигнуваат брзина до 122 km/h, а во подвелебитскиот канал дури 150 km/h, соопштила хидрометеоролошката станица Марјан. Студениот бран кој денес, ден по календарскиот почеток на есента, ја погодил и БиХ, го донел првиот снег во населбите околу Прокошкото езеро, на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2018 22:54
•
Posted by: MK News
Семејство од Подгорица остана без својата куќа поради невремето кое го зафати попладнево. Куќата на Драгољуб Крговиќ која се наоѓала во близина на трафо-станица целосно изгорела. Пожарот беснеел долго време, а Драгољуб вели дека причината за пожарот бил громот и струјниот удар. Струја немало на повеќе делови од градот по што настанал вистински хаос и […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2018 13:59
•
Posted by: MK News
Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека дел од северните територии, населени со мнозинско српско население, Косово ги добило од некогашниот висок функционер на Србија и СФР Југославија Александар Ранковиќ и има намера истите да ги врати во замена за Прешевска Долина, објави денеска приштинскиот весник „Коха Диторе“. весникот се повикува на неименувани извори во кабинетот […]
______________________________________________________________________________________________________