Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Воз удрил во автомобил, почина возачот

Возот што во четвртокот сообраќал на релација Кичево-Скопје, кај радуша удрил во автомобил по што починал возачот на автомобилот. Имено, несреќата се случила околу 21 часот, при што воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во автомобил марка „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б. Незгодата се случила по тргнување на возот од […]

______________________________________________________________________________________________________

Убил дедо во Свети Николе за 500 евра

Во Свети Николе, во четвртокот, непознат крадец, при грабеж во стан го убил сопственикот, за да му украде само 500 евра. Како што соопшти полицијата, во четвртокот во периодот од 13 часот до 18.20 часот во Свети Николе, на ул.„Рахилка Гонева“, во стан, непознат сторител извршил разбојништво над С.К. (91), при што одзел 30.000 денари. […]

______________________________________________________________________________________________________

Шок за охриѓанец: Му исчезна целото семејство

Уште две лица неделава се пријавени во полиција како исчезнати. Во 12 часот и 30 минути во Охрид, во полциија се јавил 63-годишниот Д.З. и пријавил дека на 21. месецов во 07 часот и 30 минути од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга, 42-годишната Г.Б. заедно со неговиот малолетен син. Се преземаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Изгоре куќа во скопски Карпош

Во 21 часот синоќа во полицијата во Карпош, вработен во бригадата за противпожарна заштита Скопје пријавил дека на улицата Скупи 6 има опожарена куќа. Пламените јазици целосно ја проголтале куќата со покуќнината. Сопственикот не е познат засега.  

______________________________________________________________________________________________________

Почина газдата кој беше претепан од арамија

Вчера во периодот од 13 часот до 18.20 часот во Свети Николе, во стан, арамија го нападнал С.К. (91) и му украл 30.000 денари. Крадецот влегол низ незаклучена врата и со тап предмет го нападнал С.К., нанесувајки му повреди по целото тело. Откако изнудил да каже каде ги чува парите, ги зел и избегал. Синот […]

______________________________________________________________________________________________________

Страшна сообраќајка утрово однесе уште еден млад живот

Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Сообраќајната несреќа се случи утрово околу 2 часот и 30 минути во близина на зградата на судот во Гостивар, кога автомобил марка „голф“, со кој според првичните сознанија управувал 16-годишниот Б.А. удрил во мотоцикл управуван […]

______________________________________________________________________________________________________

Притворен педофилот од Капиштец

Триесет дена притвор му одреди судија во претходна постапка на 40-годишен скопјанец кој пред неколку дена извршил полов напад врз 11-годишно девојче во скопската населба Капиштец. Според податоците кои ги објави полицијата, додека 11-годишното девојче возело велосипед по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Анкарска, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Охрид: Холанѓанка (35) починала за време на нејзиниот годишен одмор

Уште една трагедија се случи во Охрид, жена почина во копмплекот Свети Стефан. Како што информираат од полицијата, од страна на лекар од Итната помош во 18.35 часот било пријавено дека во комплексот Свети Стефан непознато женско лице не давало знаци на живот. Истото со возило било префрлено во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан […]

______________________________________________________________________________________________________

Мртов маж пронајден утрово во Градскиот парк во Скопје

Починато машко лице утринава е пронајдено на автобуската постојка кај Фонтана во Градски парк. Според првичните информации станува збор за маж на возраст од 69 години. Од МВР потврдуваат дека имаат пријава за починато лице додавајќи дека увидот е во тек во присуство на јавен обвинител, по што ќе бидат познати повеќе детали. Неофицијално лицето […]

______________________________________________________________________________________________________

Холанѓанка пронајдена мртва во комплексот „Свети Стефан“ во Охрид

Во комплексот Свети Стефан вчера попладне непознато женско лице било пронајдено починато. Од полицијата информираат дека истото со возило било префрлено во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство. -Од увидна екипа екипа на СВР Охрид бил извршен увид на местото на настанот и било […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали: 1 годишно детенце од Германија згазено од таксист на езерото Младост

Едногодишно детенце од Германија вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат Велес – Скопје, во близина на Езеро Младост. Како што вчера беше објавено такси возило управувано од 42 годишниот Ј.Р. од Велес го прегазило детето. Детето излегло од таксито, а возачот не забележал дека стои пред него, го […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во Валандово: Почина маж, жена повредена

Осумдесет годишниот Т.Г. го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на регионалниот пат раскрсница Дојранска во Валандово Од МВР информираат дека несреќата се случила меѓу товарно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.П. (53) од с.Куклиш и автомобил „Застава 128“ управувано од Т.Г. (80). Во незгодата со повреди се […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Сообраќајка на раскрсница во Лисиче

Сообраќајна несреќа се случила утрово на раскрсница во Лисиче, јавува ТВ Нова. Засега нема детални информации, а од она што може да се види еден автомобил се превртел откако се судриле Киа и Ауди во близина на перална за автомобили.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Момче се бори за живот по сообраќајка кај Рампа

Дваесет и две годишниот скопјанец С.А. се бори за живот по сообраќајна несреќа која синоќа се случила на булеварот „Борис Трајковски“, кај Рампа. Од полицијата денес информираат дека несреќата се случила помеѓу БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки, управувано од момчето. Во незгодата со […]

______________________________________________________________________________________________________

Притвор за педофилот што блудничел врз 11 годишно девојче во Капиштец

Едномесечен притвор му е одреден на педофилот што во петокот минатата недела околу 19:30 часот извршил други полови дејствија врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје. Девојчето додека возело велосипед по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Анкарска застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнаа тројца скопјани, едно е 15-годишно девојче

Вчера во Скопје биле пријавени тројца исчезнати граѓани, на вораст од 45, 15 и од 26 години. Во полициската станица во Кисела Вода, Ж.Ч. пријавила дека од нејзиниот стан во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг Ч.Р. (45). 54-годишен маж од село Рашче, скопско, пријавил дека на вчера околу 07.30 часот од дома исчезнала неговата […]

______________________________________________________________________________________________________

Ја фатил за гради, па ја истепал – нападнато 17-годишно девојче во Битола

Вчера околу 12.00 часот на ул.„Бистра“ во Битола, седумнаесетгодишно девојче, кое било во друштво со нејзиниот другар Д.Ј., биле пресретнати од В.К. (46). Тој застанал пред малолетничката и со рака ја фатил во пределот на градите. Другарот на девојчето со раце го отурнал В.К., кој извадил синџир и го удрил Д.Ј. во пределот на главата. […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за сообраќајката на патот Прилеп-Градско, двајца тешко повредени

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 7:30 часот се случила на магистралниот пат Прилеп-Градско. Според информациите од полицијата, сообраќајката се случила кај Дреново кога товарно возило „Форд Тразнит“ сопственост на прилепска компанија излетало од коловозот поради неприлагодена брзина кон условите на патот, односно влажен коловоз. Во несреќата со тешки повреди […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1