Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Убиство и самоубиство во Македонија: Му влегол дома, го убил па се самоубил

Околу 14,20 часот се случила вистинска драма кога било пријавено дека во селото Луково-кратовско, 57-годишниот Г.К. од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на 66-годишниот Р.А. од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот. Потоа Г.К. […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина маж кај Олимписки базен во Скопје

На 13.04.2019-та во 15:00 часот од страна на Итна медицинска помош во МВР е пријавено е дека на бул.“Кочо Рацин“ од Југодрво према Т.Ц.Веро Џамбо има починато лице. Станува збор за К. Т. роден во 1959-та година. Тој додека се движел пешки по булеварот му се слошило и паднал. Од страна на лекар констатирана е […]

______________________________________________________________________________________________________

Апсење на „Партизанска“ во Скопје

Полицијата вчера апсеше среде Скопје, во автомобил марка Мерцедес пронајдено оружје. Како што стои во билтенот на МВр, вчера околу 23:40 часот на булевар „Партизански одреди“, при преглед на патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол со една рамка со пет куршуми калибар 9мм, што ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Притворен деветнаесетгодишник за подметнување пожар во Крушевско

Против деветнаесетгодишник со иницијали Ѓ.Н од крушевското село Врбоец е поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност откако вчера бил забелажан дека подметнува пожар во атарот селото. Полицијата го привела Ѓ.Н, а судија на претходна постапка, му одредил домашен притвор во траење од 30 дена. – Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР-Битола […]

______________________________________________________________________________________________________

Германски државјанин пронајден мртов во хангар кај МВР, се предозирал со метадон

Вчера во 18.22 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хангар на улица „Димче Мирчев“ во Скопје имало починат маж. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето П.М.К.(30) од СР Германија, кој претходно таму бил со Д.К.(29) и […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетовец ја принудувал сопругата на проституција, собрала храброст и го пријавила во полиција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(29) од село Горно Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“. На 26 јануари минатата година во Тетово, пријавениот договорил средба со лице од Косово и ја однел неговата сопруга во зграда, каде таа на лицето за паричен надомест му дала […]

______________________________________________________________________________________________________

Распишана потерница по Јусуф Миракхмедов, поранешниот директор на Фени

Поранешниот директор на Фени Индустри, Јусуф Миракхмедов, се бара со меѓународна потерница во соработка со Интерпол. Миракхмедов за директор во Фени беше поставен од Кунико рисорсис (Cunico Resources) во период од 2015 до 2017 година. Се бара по наредба КО бр.28/19 од ОЈО – ГОКК за истрага за сторени кривични дела „Перење пари и други […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена се лизна на кејот и се удави во Вардар кај МАНУ

77-годишна жена се удави во водите на Вардар во центарот на Скопје. Станува збор за И.Т. од село Петровец. Според првичните сознанија, не станува збор за самоубиство, туку за несреќен случај. Според извори од истрагата, жената се движела на скалите на кејот по што се лизнала и паднала во Вардар. Реката го носела нејзиното тело […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во хотел во Кочани – вработен тешко повреден

Избувна пожар во хотел во Кочани, повреден еден вработен. Како што информираат од полицијата, вчера во 18:45 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улица „Браќа Ставреви“ во Кочани, во објект во сопственост на хотел, настанал пожар во кој со изгореници се здобил вработениот А.Т.(59) од Кочани. Тој, по укажаната лекарска помош во […]

______________________________________________________________________________________________________

Апсење на скопски аеродром – запалил цигара во авион

Патник на летот Брисел-Скопје на авиокомпанијата „Визер“ пушел цигара во авионот, по што бил приведен од полицијата на Скопскиот аеродром, потврдија од МВР, пренесува СДК. Патникот запалил цигара во тоалетот, а екипажот го пријавил случајот. – „Беше побарана наша асистенција, бидејќи патникот Д.Ш. (22) не ги почитувал правилата за летање, односно пушел во авионот. Беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен тетовчанец кој се заканувал со видео порака на Фејсбук

Жител од тетовското село Брвеница бил уапсен вчера бидејќи објавил на Фејсбук видео со заканувачка содржина. Полицијата околу 19.50 часот на улицата Тодор Циповски- Мерџан во Тетово го уапсиле Ж.Г.(46) од село Брвеница кој истиот ден околу 15 часот објавил видео клип со заканувачка содржина. Ж.Г. бил задржан во ПС Тетово, а по целосно документирање […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен 85-годишен дедо кој ја претепал 91-годишната сопруга во Кривогаштани

Физички напад во Кривогаштани, 85-годишен старец ја нападнал својата сопруга која има 91. година. – „На 26март пријавено е дека 91-годишната Е.П од селото Рувци,Кривогаштани била физички нападната од сопругот, 85-годишниот Ј.П. велат од полицијата. Е.П. била пренесена во Клинички центар Скопје, а од слобода е лишен сопругот.

______________________________________________________________________________________________________

Арачиновец самиот се застрелал со пиштол

Полицијата поднесе кривична пријава против И.Е. (51) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност. Во атарот на селото Никуштак, кумановско, пријавениот, од пиштол кој го поседувал со соодветна дозвола, испукал куршум, при што се здобил со телесна повреда во пределот на раката.

______________________________________________________________________________________________________

Уaпceно македонско семејство во Италија – „швepцaлe“ Македонци и ги искористувале

Петмина Македонци и еден Бугарин се yaпceни во Северна Италија поради фaлcификyвaњe на документи и потикнување нeлeгaлнa мигpaциja, во aкциjaтa „Сонце“, информираат италијанските медиуми, пишува „24 Инфо“ Станува збор за семејство од градот Алба, кое ангажирало сезонски работници од Македонија за работа на лозови насади, на кои им фaлcификyвaлe бугaрски лични карти, но им ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Му се јавил да му ги врати парите кои му ги должи па го убил – Детали за убиството во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. По спроведување на сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот со умисла го лишил од живот сега починатиот Н.Д. […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР ги најде заљубените малолетници кои избегаа заедно

Двајцата малолетници за кои беше пријавено дека се оддалечиле од дом во Велес, се пронајдени и вратени дома, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што претходно соопшти МВР, на 15.03.2019 во 22.00 часот во Полициската станица во Куманово, 44-годишниот Р.Х. пријавил дека неговата 14-годишна ќерка А.Х. се оддалечила од домот, а вечерта во 21 […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетни ученици се степале во ходникот на училиште во Скопје

Вчера околу 11.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во ходник на училишниот кампус „Јахја Кемал“ бил нарушен јавниот ред и мир. Според пијавеното помеѓу дваца малолетници на возраст од 15(од Скопје) и 17(од Куманово) години, дошло до физичка пресметка. Во присуство на старатели, на двајцата малолетници им бил сочинет записник за констатиран […]

______________________________________________________________________________________________________

16 годишно девојче претепано на „Партизанска“ од две нејзини врснички

Вчера во 13:40 часот во Полициската станица Карпош, Е.В.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12:40 часот на булевар „Партизански Одреди“, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од две нејзини врснички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1