Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Сообраќајка во Лисиче вечерва – превртено возило

Вечерва во скопската населба Лисиче, нешто по 20 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се превртело. Од ударот превртениот автомобил удрил во бетонска ограда на една од куќите на местото, а околу двете возила имало крвави траги што укажува дека има и повредени во оваа сообраќајка на улицата Ѓорѓе Андреевиќ Кун. […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајката во Аеродром поради трка на 2 автомобили – повредени 2 момчиња и девојка

Автомобил Ауди -А3 со голема брзина удрил во бандера на булеварот Јане Сандански во населба Аеродром во близина на трговскиот центар Скопјанка. Неофицијално во несреќата која се случила околу еден часот по полноќ се повредени две момчиња и една девојка, јавува Канал 5. Со возило на Брза помош тројцата повредени веднаш се пренесени во една […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште едно момче се бори за живот по сообраќајката кај Тетово

Две лица загинаa, а уште петмина се со потешки и полесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што денесka околу 14,30 часот се случи на патот Тетово – Јажинце кај селото Теарце. Во судир на три возила – БМВ, крајслер и опел вектра на лице место загинале Д.В. (21) од Лешок и Л.Б. (16) од Јегуновце. […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА: Две момчиња загинаа во сообраќајка кај Тетово – 4 повредени (Фото)

16 годишно момче од Јегуновце и 21 годишник од Лешок загинаа попладнево во тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово – Јажинце во близина на Теарце. Две момчиња ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево околу 14 часот и 30 минути на регионалниот патен правец Тетово-Јажинце кај Теарце информираат од тетовската полиција. […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија: „Го изгубивме детето“, ечеше во двор во прилепско

Тригодишно дете го загуби животот во несреќа што се случи денеска напладне во двор од семејната куќа во прилепското село Секирци, откако прскалка од трактор падна врз детето. Нема очевидец на несреќата, но блиските од семејството велат дека детето под прскалката, прв го здогледал дедото, кој во паника побарал помош од блиските, пишува Утрински весник. […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена изгоре во пожар во Битола

Во битолското село Буково вчера околу 14 часот настанал пожар во куќа сопственост на 76 – годишната Драгица.Ш.  Од страна на екипа од ППЕ-Битола пожарот бил изгаснат. Околу 17:00 часот, кога бил извршен увид од страна на екипа од СВР Битола, било забележано дека при пожарот во куќата, сопственичката целосно изгорела. Причината е несоодветно ракување […]

______________________________________________________________________________________________________

Cудар кај железничка ФОТО

Утрово околку 10:30 часот возила од марките Мерцедес и Ауди се судрија кај Новата железничка станица, јавува НетПрес. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат оваа информација и додаваат дека според пријавата која е стигната кај нив повредени нема причинета е само материјална штета. Екипи на министерството во моментов прават увид на местото на несреќата. […]

______________________________________________________________________________________________________

Му гаселе цигари, го мачеле со електрошокови – киднапираниот скопјанец доживеал хорор

Лицата А.А. (22), Н.Љ. (23) и Ж.Љ. (26)  сите од Скопје, поради основано сомневање дека минатиот викенд, поточно на 12-ти овој месец сториле кривично дело – “противправно лишување од слобода“, добиле кривична пријава. МВР информира дека киднапираниот бил мачен и малтретиран психички и физички. Скопјанецот минал низ вистинска голгота. Весникот ВЕСТ пишува дека двајца браќа […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец завел студентка, па со закани по живот и изнудувал пари

Дваесет и четири годишен скопјанец доби кривична пријава од страна на СВР Скопје, поради сторено дело „изнуда“. Пријавениот К.Б.(24) во август 2014 година започнал љубовна врска со 18-годишна студентка од Гевгелија која била сместена во студентски дом во Скопје, по што со закани по нејзиниот живот почнал да изнудува парични средства. На 10.10.2014 година случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Киднапирање во Скопје: 13 часа свирепо тепале маж во стан во Центар (ФОТО)

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата А.А. (22), Н.Љ. (23) и Ж.Љ. (26)  сите од Скопје, поради основано сомневање дека минатиот викенд, поточно на 12 овој месец сториле кривично дело – “противправно лишување од слобода“. Од страна на Судија на претходна постапка на сите пријавени им се […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во Козле, дете се бори за живот (ФОТО)

Две лица се повредени од кои едно е дете во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерва на улица Козле во близина на бензиската пумпа на Макпетрол, јавува Република. За сега се уште не се познати причините за несреќата, а не се знае ниту здравствената состојба на повредените.

______________________________________________________________________________________________________

Човек изгоре во опожарена куќа во Кичево

Во пожарот кој утринава избувна во куќа во населба Иванидол во Кичево, покрај големата материјална штета на објектот, изгоре и еден маж, кој во тоа време се наоѓал во сопствената куќа каде што живеел сам   Од ППБ Кичево интервенирале со две противпожарни возила, пожарот е целосно изгаснат, но од огнената стихија неможел да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаецот пронајден со прострелна рана во главата

Педесет годишниот полициски инспектор кој денес околу 12 часот беше пронајден мртов во полициската станица во Пробиштип, имал прострелна рана во пределот на главата, јавува Курир.   Неговото безживотно тело било пронајдено во просториите на полициската станица, а неофицијално инспекторот по криминална техника сам си го одзел животот. Увидот се уште е во тек, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден мртов полицаец во полициската станица во Пробиштип

Попладнево во просториите на полициската станица во Пробиштип, пронајдено е безживотното тело на полицискиот службеник Дончо С. од Пробиштип, информираат за Канал 5, надлежните од штипската полициска станица. Увидот не е завршен, а го врши тим од Основното јавно обвинителство од Штип и истражна екипа од тамошната полициска станица. Неофицијално, Канал пет дознава дека починатиот бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка во Тетово – 8 повредени

Осумина биле повредени во сообраќајка која се случила вчера попладне околу 18.30 часот во Тетово. Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило„форд мондео“ со странски регистерски таблици што го управувал 24-годишниот М.Р. и „југо“ со тетовски таблици управувано од 26-годишниот Р.В. исто така од Тетово, а се случила на крстосницата од улиците Штипска и 116 во […]

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка во Сингелиќ, полицаец пукал во воздух за да ги смири

На 14.10.2014 година, околу 17,00 часот, во Скопје на ул. „Антон Попов“ во с.Сингелиќ, поради ископ на канал и поставување на канализација настанала тепачка помеѓу Б.А.(30), Н.А.(61) и С.А.(57) од една страна и од друга страна И.А.(39) и Д.А.(56), при што сите се здобиле со видливи повреди.   На лице место присуствувал униформираниот полициски службеник […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се макроата кој држеа врзани девојчиња и ги принудуваа на проституција (Фото)

Двајца браќа од Скопје во периодот од јуни до октомври годинава,врбувале три девојчиња од Скопје на возраст од 14 до 16 години и против нивна волја ги држеле заклучени во куќа на нивни вујко во населбата Шуто Оризари, каде им носеле клиенти за сексуални услуги, за што пријавените наплаќале од 300 до 2.000 денари.  Единицата […]

______________________________________________________________________________________________________

Му ја запалиле колата на судија во Велес

Пожарот во возилото марка „Пасат“ се појавил околу 2 часот по полноќ. Го забележале граѓани кои го пријавиле во полиција. Во пожарот настрадала предницата на возилото сопственост на судијата Ш.А. Од СВР Велес ја потврдија информацијата. Од таму велат дека полициска екипа направила увид и започнала постапка за утврдување на причините на пожарот, пренесува Дума.мк. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1