13/10/2014 15:52
•
Posted by: MK News
Полицијата го утврди идентитетот на 21 годишната девојка која утрово беше пронајдена мртва во водите на Вардар покрај тетовското село Сараќино. Станува збор за Сабина А. од истото село која ја пронашол нејзиниот 22-годишен сопруг З.А. и други роднини. Токму тие синоќа пријавиле во полиција дека Сабина исчезнала од дома, околу 19 часот заминала од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2014 14:59
•
Posted by: MK News
Мртва 21 годишна девојка утрово е пронајдена во тетовското село Сараќино. Портаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски за Курир потврдува дека утринава околу 10:30 часот во водите на Вардар е забележано женско безживотно тело, по што местото е веднаш обезбедено. Станува збор за жителка на истото село, но нејзиниот идентитет се уште не се соопштува. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2014 00:03
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа се случи вечерва на Рузвелтова во Скопје. Во сударот оштетени се две возила, односно, БМВ и голф. Полицијата е на терен и врши увид, а има и застој во сообраќајот. Засега не се знае дали има повредени. Foto- Sitel
______________________________________________________________________________________________________
12/10/2014 17:38
•
Posted by: MK News
Двегодишно девојче било потешко повредено во сообраќајка во Тетово. Девојчето било повредено вчера околу 17.30 часот откако било удрено од возило „форд мондео“ со тетовски регистарски таблички кое се движело наназад на улицата „29 Ноември“ во Тетово. Кога го слушнал ударот, од куќата истрчал таткото на девојчето и заедно со возачот на фордот го префрлиле […]
______________________________________________________________________________________________________
12/10/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Џемаил Б. (34) и неговата 25-годишна сопруга Ј.М. од Јавното обвинителство добиле обвинение за убиство на тригодишното дете на сестрата на жената. Според обвинението, двајцата го претепале до смрт бидејќи се измокрило на тепихот . До почеток на судењето Џемаил Б. ќе остане во притвор, исто како и Ј.М., која беше осомничена дека му помогнала […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2014 15:36
•
Posted by: MK News
Во Кичево на ул.„Охридска“, на семејна веселба-свадба, Е.Б.(1944) од с.Папрадиште-Кичево, од својот пиштол кој го поседувал со дозвола „Steyr“ модел ГБ, кал.9мм Лугер, испукал неколку куршуми. При проверка дали во истиот се уште има куршуми, се самоповредил во пределот на левата рака (средниот прст). На истиот му е укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар-Кичево. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2014 16:19
•
Posted by: MK News
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(34) и З.В.(19), двајцата од Тетово, за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „насилство“. Имено, на 2-ри овој месец, околу 5 часот, на улицата Видое Смилевски Бато, Е.Џ. (25), додека бил со неговата девојка Е.Р. (24) од Скопје, бил нападнат и прободен со нож од пријавените. Тие до […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2014 16:16
•
Posted by: MK News
Професорот Т.Б. (55) од Неготино кој сексуално вознемирувал ученичка, во Основниот суд во Велес е осуден на 5 години затвор. Освен што доби затворска казна, Т.Б. доби и забрана за вршење на професијата во траење од една година. До правосилноста на пресудата, тој се наоѓа во домашен притвор. Тој минатата година беше обвинет за кривичното […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2014 19:32
•
Posted by: MK News
Тинејџер денеска во 13 часот загина на регионалниот пат Кичево-Осломеј, откако управувајќи моторцикл марка „Јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „Фијат Добло“со кичевски регистарски ознаки. Се работи за 19-годишниот Луан Т. од Кичево кој за жал починал на лице место. На местото на тешката сообраќајна незгода во тек е […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2014 16:37
•
Posted by: MK News
Позната фолк пејачка од македонската естрада вчера попладне прегазила пешак на улицата Рузвелтова во Скопје. Пеачката со својот автомобил удрила во старец кој ненадејно и го попречил патот, пренесува Вечер. Вчера околу 16,10 часот, на улицата “Франклин Рузвелт” поточно во близина на крстосницата со улицата “Роџер Бошковиќ”, А.А. (47) од Скопје со својот автомобил ауди, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2014 16:34
•
Posted by: MK News
Полицијата ги пронајде трите изчезнати деца откако нивниот татко пријавил дека на 5-ти месецов околу 8 часот наутро се одалечиле од дома. Тројцата малолетници, братот М.И.(17) и двете сестри В.И.(16) и 14 годишно девојче се пронајдени.
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2014 16:28
•
Posted by: MK News
Во кумановската населба Пуковско вчера околу 19 часот 53 годишна жена се обидела да се самоубие фрлајќи се во бунар, јави Кумановоњус. По интервенција на противпожарната единица жената била извадена и пренесена на хируршкото одделение во кумановската болница, каде биле утврдени сериозни повреди по телото. Жената не е во животна опасност. Бунарот бил длабок 22 метри.
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 21:35
•
Posted by: MK News
Ч.Л.(44) и И.Л.(30) вчера биле нападнати на спортско игралиште на булеварот „Србија“ откако играле фудбал заедно со децата на Ч.Л., С.Л.(19) и пет годишно дете. Одејќи накај дома, биле нападнати од страна на група непознати лица, кои во рацете носеле дрвени предмети и шипки. Оштетените кога се упатиле кон нивните возила истите биле оштетени од […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 15:54
•
Posted by: MK News
Десетина деца се повредени од кои едно потешко во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 14:20 часот се случила во близина на Велешта, Струшко. Според неофицијалните информации во сообраќајката Камион удрил комбе кое пренесувало ученици денеска околу 14:30 близу струшкото село Велешта. Едно од децата е со потешки повреди и пренесено е во медицинскиот центар Свети […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 13:08
•
Posted by: MK News
Во 22 часот и 30 минути во полициската станица Чаир, 38-годишниот Н.И. од Скопје пријавил дека на 05.10. околу 08 часот од дома во непознат правец се оддалечиле неговите малолетни деца, М.И.(17), В.И.(16) и нивната 14 годишна сестра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 12:17
•
Posted by: MK News
Две жени од кичевска Пласница се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот Гостивар-Тетово. Тие патувале во возило кое се превртело во близина на „неготинска клучка”. Автомобилот „хјундаи-акцент” што го управувал 68-годишниот Р.Н. од Пласница Кичевско од сé уште неутврдени причини изгубил контрола и удрил во заштитниот ѕид. Од ударот возилото […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2014 11:27
•
Posted by: MK News
Дваесет ипетгодишен сопственик на фирма во Скопје е уапсен за даночна измама од 100.000 евра, соопшти Финансиската полиција. „Финансиската полиција ја продолжи акцијата започната пред десетина дена при што уапси уште еден измамник кој без никаква деловна активност ја олеснил Управата за јавни приходи за 100.000 евра“, соопшти полицијата во среда. Уапсениот М.Х(25) од Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2014 20:56
•
Posted by: MK News
Според првичните информации до кои дојде Телевизија Орбис се работи за несреќен случај во РЕК Битола каде што работник паднал од 10 метри висина и се здобил со повреди и со возило на ИМП веднаш бил префрлен во Клиничката болница во Битола. Според неофицијални информации работникот има скршеници на двете раце.
______________________________________________________________________________________________________