Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Избегната трагедија на свадба во Кичево

Во Кичево на ул.„Охридска“,  на семејна веселба-свадба, Е.Б.(1944) од с.Папрадиште-Кичево, од својот пиштол кој го поседувал со дозвола „Steyr“ модел ГБ, кал.9мм Лугер, испукал неколку куршуми. При проверка дали во истиот се уште има куршуми, се самоповредил  во пределот на левата рака (средниот прст). На истиот му е укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар-Кичево. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Тетово: Го избоделе со нож додека си седел со девојката

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(34) и З.В.(19), двајцата од Тетово, за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „насилство“. Имено, на 2-ри овој месец, околу 5 часот, на улицата Видое Смилевски Бато, Е.Џ. (25), додека бил со неговата девојка Е.Р. (24) од Скопје, бил нападнат и прободен со нож од пријавените. Тие до […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвор за професор од Неготино кој сексуално нападнал малолетна ученичка

Професорот Т.Б. (55) од Неготино кој сексуално вознемирувал ученичка, во Основниот суд во Велес е осуден на 5 години затвор. Освен што доби затворска казна, Т.Б. доби и забрана за вршење на професијата во траење од една година. До правосилноста на пресудата, тој се наоѓа во домашен притвор. Тој минатата година беше обвинет за кривичното […]

______________________________________________________________________________________________________

Тинејџер на мотор загина на патот Кичево – Осломеј

Тинејџер денеска во 13 часот загина на регионалниот пат Кичево-Осломеј, откако управувајќи моторцикл марка „Јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „Фијат Добло“со кичевски регистарски ознаки. Се работи за 19-годишниот Луан Т. од Кичево кој за жал починал на лице место. На местото на тешката сообраќајна незгода во тек е […]

______________________________________________________________________________________________________

Позната македонска пејачка го прегазила пешакот на “Рузвелтова“!

Позната фолк пејачка од македонската естрада вчера попладне прегазила пешак на улицата Рузвелтова во Скопје. Пеачката со својот автомобил удрила во старец кој ненадејно и го попречил патот, пренесува Вечер. Вчера околу 16,10 часот, на улицата “Франклин Рузвелт” поточно во близина на крстосницата со улицата “Роџер Бошковиќ”, А.А. (47) од Скопје со својот автомобил ауди, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдени исчезнатите две сестри и братот

Полицијата ги пронајде трите изчезнати деца откако нивниот татко пријавил дека на 5-ти месецов околу 8 часот наутро се одалечиле од дома. Тројцата малолетници, братот М.И.(17) и двете сестри В.И.(16) и 14 годишно девојче се пронајдени.

______________________________________________________________________________________________________

Драма во кумановско: Се фрлила во бунар, па ја спасиле

Во кумановската населба Пуковско вчера околу 19 часот 53 годишна жена се обидела да се самоубие фрлајќи се во бунар, јави Кумановоњус. По интервенција на противпожарната единица жената била извадена и пренесена на хируршкото одделение во кумановската болница, каде биле утврдени сериозни повреди по телото. Жената не е во животна опасност. Бунарот бил длабок 22 метри.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјани нападнати со шипки, имало и петгодишно дете

Ч.Л.(44)  и И.Л.(30) вчера биле нападнати на спортско игралиште на булеварот „Србија“ откако  играле фудбал заедно со децата на Ч.Л., С.Л.(19) и пет годишно дете. Одејќи накај дома, биле нападнати од страна на група непознати лица, кои  во рацете носеле дрвени предмети и шипки. Оштетените кога се упатиле кон нивните возила истите биле оштетени од […]

______________________________________________________________________________________________________

Во судар на камион и автобус, повредени 10 деца

Десетина деца се повредени од кои едно потешко во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 14:20 часот се случила во близина на Велешта, Струшко. Според неофицијалните информации во сообраќајката Камион удрил комбе кое пренесувало ученици денеска околу 14:30 близу струшкото село Велешта. Едно од децата е со потешки повреди и пренесено е во медицинскиот центар Свети […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнаа три малолетни деца од Скопје

Во 22 часот и 30 минути во полициската станица Чаир, 38-годишниот Н.И. од Скопје пријавил дека на 05.10. околу 08 часот од дома во непознат правец се оддалечиле неговите малолетни деца, М.И.(17), В.И.(16) и нивната 14 годишна сестра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. 

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар, 2 жени се борат за живот

Две жени од кичевска Пласница се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот Гостивар-Тетово. Тие патувале во возило кое се превртело во близина на „неготинска клучка”. Автомобилот „хјундаи-акцент” што го управувал 68-годишниот Р.Н. од Пласница Кичевско од сé уште неутврдени причини изгубил контрола и удрил во заштитниот ѕид. Од ударот возилото […]

______________________________________________________________________________________________________

25 годишен газда од Скопје ја зезнал државата за 100.000 евра

Дваесет ипетгодишен сопственик на фирма во Скопје е уапсен за даночна измама од 100.000 евра, соопшти Финансиската полиција. „Финансиската полиција ја продолжи акцијата започната  пред десетина дена при што уапси уште еден измамник кој без никаква деловна активност ја олеснил Управата за јавни приходи за 100.000 евра“, соопшти полицијата во среда. Уапсениот М.Х(25) од Скопје, […]

______________________________________________________________________________________________________

Несреќа во РЕК Битола – работник паднал од 10 метри височина

Според првичните информации до кои дојде Телевизија Орбис се работи за несреќен случај во РЕК Битола каде што работник паднал од 10 метри висина и се здобил со повреди и со возило на ИМП веднаш бил префрлен во Клиничката болница во Битола. Според неофицијални информации работникот има скршеници на двете раце.

______________________________________________________________________________________________________

Убиство во Гостивар – Жена избодена до смрт

Шеесет и двегодишната гостиварка М.Ј. е најдена мртва во подрумските простории на семејната куќа на улицата „Белградска“ во Гостивар. Жената имала рани нанесени од остар предмет.  Полицијата информира дека за убиството е осомничен нејзиниот сопруг, кој во моментот е на распит во полициската станица – Гостивар. Случајот во полиција бил пријавен попладнево околу 18 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукано кон познат скопски адвокат, едвај се спасил

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Љ.(26) од Скопје, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. -На 03.07.2014 година, во Скопје во нас. Бутел, во патничко возило, управувано од познат скопски адвокат, во кое бил и  пријавениот на кого адвокатот му бил законски застапник, пријавениот Ф.Љ. со пиштол испукал еден куршум повредувајќи го оштетениот во […]

______________________________________________________________________________________________________

Позната адвокатка се фрли од зграда во Битола – била сопруга на познат судија

Идентификувана познатата битолска адвокатка која вчера претпладне си го одзема животот скокајќи од зграда во Битола. Според информациите кои ги објави Битолски весник станува збор за 59 годишната С.Б.  Полицијата согласно праксата не открива детали за случаи во кои станува збор за самоубиство. Весникот пишува дека жената била сопруга на познат судија од Битола

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Ѓавато, неколку повредени лица

Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа  на патот Битола – Ресен, кај планинскиот премин Ѓавато. Во несреќата има потешко повредени лица кои веднаш се пренесени во градската болница во Битола. Полицијата врши увид на местото на несреќата. Овој патен правец е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат на стариот пат. Според првичните информации, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка кај Тетово – Повредени пет лица

Пет лица се здобиле со телесни повреди откако вчера во 14 часот и 30 минути С.С.(53) од село Гајре загубил контрола врз патничко возило „Голф 2“ по што автомобилот се превртел на покривот. Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според Јосифовски, од излетувањето и превртувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1