04/07/2014 12:17
•
Posted by: MK News
Полицијата има осомничено лице за пукањето во кое вчера попладне беше повреден познат скопски адвокат, пишува Телеграф. Според порталот, од полицијата потврдиле дека има едно осомничено лице и се работи на целосно расчистување на мотивите за вооружениот инцидент. Пукањето се случи вчера попладне во скопски Бутел, а повредениот адвокат сам се пријавил во болница. Како што […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2014 22:15
•
Posted by: MK News
Попладнево во вооружен напад е ранет познатиот скопски адвокат Игнат Панчевски. Од зaсега непознато лице тој е застрелан со еден куршум во левата потколеница, јавува Телма. Нападот бил извршен додека тој бил во својот автомобил, а по ранувањето Панчевски самиот успеал да се превезе до Градската болница каде побарале лекарска помош. Полицијата вршеше увид на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2014 20:13
•
Posted by: MK News
Познат скопски адвокат задобил прострелна повреда во ногата откако незадоволен клиент стрелал во него. Настанот се случил попладнево во населбата Бутел, во непосредна близна на некогашното кино, во моментите кога адвокатот преземал одредени правни дејствија. По ранувањето адвокатот успеал самиот да се одвезе до Градската болница, каде му е укажана лекарска помош, но просторот пред […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2014 13:53
•
Posted by: MK News
МВР ја реализираше оперативната акција “Компас“ во којашто е разбиена десетчлена организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности поврзани со изработка на лажни веб страници – фишинг и кражба на податоци од платежни картички и банкарски податоци со цел вршење на нелегални трансакции. Приведените хакери од Скопје, Прилеп и Штип оштетиле странски државјани […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2014 12:17
•
Posted by: MK News
Половина литар етиол вчера попладне беа смртонсни за 38- годишната кочанчка В.Б. На смрт младата жена се одлучила бидејќи пред две недели ја изгубила работата во кочанска бурекџилница. Според нејзините пријатели таа пред две недели ја изгубила работата во кочанската бурекџилница и била загрижена како ќе го школува 15- годишниот син, јави локалната телевизија Стар. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2014 11:13
•
Posted by: MK News
Во три града во полициска акција синоќа се уапсени 10-тина лица, добро организирана група хакери, која креирала лажни веб страници идентични со оригиналните преку кои може да се купува и преку т.н. фишинг крадела лични податоци од граѓаните. На тој начин, потврдуваат од полицијата, хакерите успеале да извлечат 100-тина илјади евра и 100-тина илјади американски […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2014 12:08
•
Posted by: MK News
Синоќа околу 23 часот во полиција е пријавено дека во скопската населба Радишани, на улица „Радишанска“, е пронајдено женско тело кое не давало знаци на живот. Според досегашните податоци на Министерството за внатрешни работи, на телото немало траги на насилство. Утврдено е дека станува збор за 51-годишната С.Б. Полиција и јавен обвинител извршиле увид на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Ноќта за Нова Година, 34-годишниот С.М. од српско Неготино, го закла својот татко инаку финансиски полицаец во пензија, 67-годишниот Г.М. Резултатите од вештачењето покажале дека за време на убиството, сторителот бил непресметлив. Обвинителството, сепак нема да тужи, туку му предложи на Судот убиецот да биде испратен на лечење во специјализирана болница. Инаку, С.М. откако дошол […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 16:21
•
Posted by: MK News
Во стравотна сообраќајна несреќа на патот Пониква – Кочани, загина Емилија К. (23) од Кочани, заедно со нејзиното неродено бебе, додека нејзиниот сопруг А.К. (26), кој го управувал автомобилот, со тешки повреди бил однесен во Кочанската болница , а оттаму, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Штипската болница. На 29.06.2014 година, околу 18,40 часот, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 15:30
•
Posted by: MK News
Шеесет и седум годишната Марија Д. од Белгија утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на три километри пред граничниот премин „Богородица“.Тешко повредениот шеесетгодишен белгиски државјанин со возило на Итна помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Тој е повреден во сообраќајката која се случи утрово околу 7.30 часот кај мостот пред Гевгелија. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2014 20:14
•
Posted by: MK News
Учесниците во регатата „Гемиџии“ на околу 130 километри од Велес, по реката Вардар, веднаш после Градско пронаошле човечи труп во распаѓање. Од СВР Велес потвдруваат за пронајдениот труп. Тие на барање на Јавното обвинителство телото го предале на обдукциј во Судска медицина во Скопје. Идентитетот на трупот засега е непознат. Инаку, за само две недели […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2014 12:19
•
Posted by: MK News
На 28.06.2014 година околу 01,00 часот во с. Жубрино, кичевско при обид униформирани полициски службеници да сопрат ПМВ за контрола, возачот на истото ја зголемил брзината и удрил во еден полициски службеник по што го напуштил местото на настанот. На повреденото лице му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево каде му се констатирани […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 23:45
•
Posted by: MK News
Чад се рашири над населбата Ново лисиче во Скопје. Според информациите од противпожарната бригада се запалила куќа. Причина за пожарот е што глувци ги изгризале каблите од електричната енергија поради што дошло до спој и искрење кои го предизвикале пожарот. Куќата се наоѓа во непосредна близина на ресторанот Мирко па на социјалните мрежи се рашири информација […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 18:47
•
Posted by: MK News
62- годишен гостиварец бил пронајден застрелан во своето возило, марка Застава 101. Убиството се случило утрото околу 6 часот, на кејот на Вардар, во близина на новиот гостиварски стадион. Напаѓачите најпрво му го попречиле патот со контејнер, за да му го забават движењето. Потоа било пукано преку ветробранското стакло. Пукале во во 62-годишниот Ферид Селими од […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 13:16
•
Posted by: MK News
Камион со ознаки на градежната фирма Гранит практично прегази автомобил марка Пежо во центарот на Скопје, јави Плусинфо. Според информациите, возачот на автомобилот не е повреден а на местото учесниците во несреќата чекаат полиција за да изврши увид. Сообраќајот се одвива отежнато, а целиот дел околу ресторанот Галија е блокиран, јавува Прес 24 Фото – […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 11:37
•
Posted by: MK News
Шеесет и двегодишен гостиварец утрово е застрелан во неговиот автомобил на кејот на реката Вардар. Според првичните информации, станува збор за Ф.С. од Гостивар. Во него најверојатно е пукано од автоматско оружје околу 6 часот откако претходно со голем контејнер му било попречено движењето. Откако застанал, непознатиот испукал повеќе куршуми низ стаклото на автомобилот. Истрелите […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 18:57
•
Posted by: MK News
11 танчарки, меѓу кои и една малолетничка, која во МВР беше пријавена како исчезната се фатени од полицијата во два локала на подрачјето на тетовско Жеровјане. Во угостителскиот објект „Ловец“, сопственост на 42-годишниот Ш.А. од Мала Речица, полицијата затекнала шест македонски државјанки, меѓу кои и една малотеничка од Скопје, која била пријавена како исчезнато лице, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 18:54
•
Posted by: MK News
Неколку непознати лица запалиле напуштен дуќан на улицата Ѓорѓи Поп Христов во Скопје, синоќа еден час пред полноќ, информираат од МВР. Огнената стихија зафатила уште два други дуќани и една книжарница. Во пожарот нема повредени, а причинета е голема материјална штета, чиј износ дополнително ќе се утврдува.
______________________________________________________________________________________________________