Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Голф удрил 5 годишно девојче во Тетово

Петгодишно девојче од Тетово се здобило со фрактура на потколеницата и други повреди, откако денеска врз неа налетал голф со тетовски регистарски таблички, што го управувал Б.К.(45) од тетовска Мала Речица. – Инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ во близина на Шарената Џамија во Тетово, околу 14 часот и 10 минути, информира портпаролот на СВР […]

______________________________________________________________________________________________________

Судир меѓу шлепер и два „Голфа“

Сообраќајна несреќа во која дошло до судир меѓу шлепер „Мерцедес“ со скопски таблички и два автомобили „Голф“, едниот со скопски, другиот со охридски регистерски таблички, се случи вчера попладнето на магистралниот пат Велес-Скопје кај мостот Отовица. Во несреќата полесно повредена е 55 годишната Германка Г.Ф.Б., со привремен престој во Скопје, која го возела охридскиот „Голф“. […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Oва е скопскиот „Спајдермен“ кој ја ограби поштата

Триесет дена притвор му е одреден на скопјанецот Љ.А. кој маскиран како Спајдермен пред два дена со пластичен пиштол ја ограби експозитурата на „Македонски пошти“ на Бит Пазар. -Скопјанецот вооружен со пиштол во раката и детска пластична маска „Спајдермен“ на лицето влегол во просторот за странки, насилно ја отворил незаклучената вратичка за влез во шалтерскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕСРЕЌА: Автомобил удри 9 год дете во Сарај

Деветгодишно дете се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу пладне на ул. „1“ во село Сарај во него удри автомобил „цитроен“, управуван од жител на село Глумово. Со возило на Брза помош повреденото дете е пренесено во ГОБ „8 Септември“ каде што се констатирани тешки телесни повреди. Сообраќајната незгода во Сарај е една […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагична сообраќајка на патот Охрид –Струга , изгоре момче во автомобил

Тешка сообраќајна незгода се случи ноќеска околу 01 часот и 30 минути кај охридското село Подмолје во која загина 20-годишно момче од Охрид. Тој со своето возило удрил во столб на надвозникот кај Подмоље. Од силината на ударот автомобилот се запалил, а најверојатно момчето не успеало да излезе од возилото.Момчето починало на лице место. Според податоците […]

______________________________________________________________________________________________________

31- годишен скопјанец осомничен за грабежот на поштата на Бит Пазар

31 годишен скопјанец е осомничен дека го извршил вчерашниот вооружен грабеж на Поштата на Бит Пазар. Полицијата го идентификувала разбојникот и во моментов се врши претрес во неговиот дом. Скопјанецот е осомничен дека вчера во 7 наутро, маскиран и вооружен со пиштол влегол во Поштата на Бит Пазар и од вработените успеал да земе 80.000 […]

______________________________________________________________________________________________________

Претепан лекар во Ургентниот центар во Скопје – го нападнал син на пациентка

Лекар од Клиниката за гастроентерохепатологија бил претепан од син на пациентка, по што со потрес на мозокот и повреди по лицето и главата завршил на Хирушките клиники. Настанот се случил завчера попладне на дежурство додека лекарот пунктирал пациентка со малигно заболување на која требало да и се извади вода од стомакот. Во исто време работел […]

______________________________________________________________________________________________________

Се преврте автобус пред Тетово – петмина повредени

Пет лица се  повредени утрово  во  несреќа  кога  автобус  излетал од патот  во близина на наплатната рампа  Желино, кај Тетово. Според  податоците на СВР Тетово,несреќата се  случила  утрово во  07 часот и 30 минути при што автобус на  Евротурс Гостивар, кој одел на релација  Тетово-Скопје. Возачот  изгубил контрола над  возилото, излетал од  коловозот и удрил […]

______________________________________________________________________________________________________

Грабеж на Бит Пазар, врие полиција

Зголемено присуство на полициски службеници утринава е забележано на Бит Пазар. Од полицијата информират дека се случил грабеж во експозитурата на „Македонска пошта“. Според информациите од МВР, околу 7:30 часот маскиран разбојник вооружен со пиштол им се заканувал на тројцата вработени, а од поштата одзел околу 80.000 денари.  

______________________________________________________________________________________________________

Македонци повредени во Србија, на едно дете ампутирана раката

Четиричлено семејство од Велес денеска околу 13 часот доживеало тешка сообраќајна несреќа, излетувајќи од аптот кај Јагодина, пишува српски „Блиц“. Сите членови на семејството се надвор од животна опасност, но поради повредата на тригодишното дете му е ампутирана раката и е пренесно во Институтот мајка и дете во Белград. -Поради повреда на главата, четиригодишното дете […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка продавала дрога на забави – фатена е

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 24-годишната скопјанка И.В. која се сомничи за препродавање на синтетички дроги. При претрес полицијата кај И.В. пронашла поголем број таблети екстази, амфетамин и дрога позната како „трип“. Надлежен судија и одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до Основното јавно […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски кошаркар измамил портпарол на државна институција – му го заложил станот

Портпарол на државна институција е жртвата на големата измама со кредитот од Стопанска банка. Тој преживеал вистински хорор кога извршители му затропале на врата решени да му го одземат станот, кој без негово знаење бил ставен под хипотека. На чело на измамата, пак, стоел познат кошаркар на КК Куманово, кој заедно со уште три други лица […]

______________________________________________________________________________________________________

Автомобил удри малолетно девојче во Скопје (Фото)

Малолетно девојче било повредено кога на неа налетало југо со велешки регистерски таблички на крстосница во центарот на Скопје. Незгодата се случила околу 13 часот. Повреденото девојче било пренесено со возило на Итната помош во Кличникиот центар и според последните информации нема посериозни повреди и е надвор од животна опасност. Повеќе фото на – ZaSe.mk

______________________________________________________________________________________________________

Прегазен пешак во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје, во близина на гимназијата Јосип Броз Тито прегазен е пешак, пишува Република. Полицијата во моментов врши увид на лице место. Несреќата се случила во непосредно пред пешачкиот премин на раскрсницата на улиците „Климент Охридски“ и „Димитрија Чуповски“. Детални информации за несреќата во текот на денот.

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец му дал македонски пасош на косовски државјанин

27-годишниот И.А. заработи кривична пријава поради сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на службена положба и овластувања“. Кривична пријава е поднесена и против 51-годишниот И.В., косовски државјанин за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Пријавените делото го сториле на тој начин што, косовскиот државјанин И.В. стапил во контакт со непознато лице кое му […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина застреланиот полицаец од Тетово

Според информациите од Јавното обвинителство од Тетово, полицаецот Живко Јовановски (51) кој во петокот беше застрелан во просториите на полициската станица за безбедност во сообраќајот во Тетово, утрово им подлегнал на повредите, јавува Дневник. Тој во петокот околу 10 часот, според полициски извори, бил застрелан од свој колега при проверка на оружјето. Иако веднаш по […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец со два куршума застрелал колега

Полицаецот Живко Ј. (50) од Тетово е во тешка состојба на скопските клиники откако вчера претпладне околу 10 часот бил застрелан со два куршума кој ги испукал негов колега од службено оружје. Вооружениот инцидент се случил во просториите на зградата на полициската станица за безбедност во сообраќајот во Тетово. Полицаецот има две влезни рани во […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка на Илинденска, двајца во Ургентен

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која предмалку се случила на раскрсницата со булевар „Илинден“ и улицата „Аминта Трети“ (поранешна Ленинова). Според првичните информации до несреќата дошло при судир на „Голф“ и „Опел Корса“, двете возила со скопски регистерски таблички. Во несреќата со повреди се здобиле две лица кои се пренесени во Ургентниот центар, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1