Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Уапсени 13 лица кои славеле роденден во стан во Скопје, пронајдена и дрога

„На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице. При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје: Ја пресретнал кога се враќала од работа, ја внел во возило а потоа ја силувал и претепал

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против скопјанец на 55-годишна возраст, кој се товари дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. На 28 септември, обвинетиот со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена. Оштетената ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Сообраќајка пред Сити Мол – Се судрија два автомобила, едниот превртен

Тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Сити Мол во Скопје. Се судриле две возила од кои едното со марка „форд“ со охридски регистерски ознаки е превртено. Од превртениот автомобил се извадени двајца живи патници. На местото на несреќата пристигна брза помош и полиција.

______________________________________________________________________________________________________

8-годишно дете без знаци на живот донесено во болницата во Неготино

Осумгодишно дете вчера беше донесено во Здравствениот дом во Неготино без знаци на живот, информираа денеска од таа јавна здравствена установа. – Беше пробано да се анимира, но без успех. Беше пријавено во полиција. Телото на детето немаше знаци на насилство, повреди. На барање на полиција, известен беше и јавен обвинител, посочија од Здравствениот дом. […]

______________________________________________________________________________________________________

Четири лица од ДИК и сопственик на ИТ фирма под истрага за софтверот што падна на изборите

Јавното обвинителство соопшти дека поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување при вршење на јавни набавки, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донело Наредба за спроведување истражна постапка против четири члена на Државната изборна комисија (ДИК) и еден управител и сопственик на […]

______________________________________________________________________________________________________

24-годишна девојка почина на Гинекологија во Чаир

Синоќа во Гинекологија „Мајка Тереза“ – Чаир во бессознание била донесена 24-годишна девојка од скопското село Студеничани. Според пријавеното, бил направен обид за реанимација, но во 23.00 часот била констатирана смрт кај А.Р.. По консултација со Јавен Обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

18 годишна струмичанка починала од струен удар

Во полицијата вчера било пријавено дека со Итна медицинска помош била донесена Е.Б.(18) од село Баница, која била почината од струен удар, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. По пријавувањето на настанот била формирана увидна екипа од СВР Струмица и заедно со јавен обвинител од ОЈО Струмица е извршен увид на местото на настанот.

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО: Притвор од 30 дена за 10 лица за напад на полициските службеници

Јавното обвинителство денеска соопшти дека по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, издадена е наредба за спроведување на истражна постапка за овие десет лица, поради основано сомнение дека се соизвршители и сториле кривично дело „напад врз службено лице”. Осомничените во четвртокот околу 20 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот „Св Ѓорѓија” во […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична за насилните полициски службеници

Кривична пријава за малтретирање во вршење на службена должност и суспензија од работа доби полицаецот кој брутлано тепа Ром во Битола, а кој беше објавен во снимка на социјалните мрежи, потврди МВР по истрагата на внатрешната контрола. Суспензија и дисциплинска постапка ќе добие и полицаецот кој бил сведок на настанот, но не реагирал на неоснованата […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени 4 лица, а идентификувани уште 10 за нападот на полицајците во велешко

Приведени се 4 лица, а уште 10 други се идентификувани дека се дрвокрадците кои синоќа нападнале полициска патрола во велешко. Во текот на денот МВР врши претреси на повеќе локации за пронаоѓање на сите учесници во инцидентот. Министерот Спасовски очекува брза постапка и од обвинителството и насилниците соодветно да одговараат. Според него нападот врз полицаец […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали за инцидентот со дрвокрадци – повреден полицаец

На 24.09.2020 околу 20 часот на место викано Кисела вода во атар на село Степанци, Велес при преземање на мерки против лица што вршеле бесправна сеча и превоз на дрва, биле нападнати пет полициски службеници, а напаѓачите употребиле и тврди предмети. Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички […]

______________________________________________________________________________________________________

Кавадарчанец жртва на измама, дал шест илјади евра за ќерка му да не оди во затвор поради сообраќајка

Во Полициската станица Кавадарци вчера 69-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 евра, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. -Според пријавеното, околу 12.00 часот на домашниот телефон му се јавило лицето и го известило дека неговата ќерка во САД направила сообраќајна незгода во која загинало седумгодишно […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведено лицето што нападна лекар на Клиниката за токсикологија

Во текот на вчерашниот ден приведен е С.А. (32) од Скопје кој нападна лекар на Клиниката за токсикологија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од МВР. Инцидентот на Клиниката за токсикологија се случи вчера, е лекарот што бил нападнат завршил со неколку хематоми и расекотини по телото. Осуда за нападот на лекарот, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Екстрадиран Јетон Љужа, трето осомничениот за убиството на Саздо

Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21)од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје. Секторот за меѓународна полициска […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасено 9-годишно момче кое паднало во Вардар

На 13.09.2020 околу 14 часот било пријавено дека машко дете паднало во река Вардар помеѓу Камени мост и мост „Око“. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници од ПС Центар и Интервентната полиција и деветгодишното дете било извлечено и спасено.

______________________________________________________________________________________________________

Петмина скопјани грабнале сопственик на „Масерати“ и го терале да им го препише поради долг

Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, […]

______________________________________________________________________________________________________

Укинат притворот за Нефи Усеини и неговиот брат

Укинат 30 дневниот притвор на бизнисменот и советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро. Браќата понудиле гаранција од 850 илјади евра која охридскиот суд ја прифатил. Претходно за да излезат од затворскиот притвор тие понудија 30 илјади евра кои беа одбиени од битолската апелација поради сомневањето дека може да избегаат и да бидат недостапни за […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж загина откако паднал во отвор за лифт во Кисела Вода

Триесетгодишен жител на Сарај загина денеска откако паднал во канал за лифт во зграда во скопската населба Кисела Вода. Алсат јави дека станува збор за Мујадин Муртезани кој околу 9:30 часот го загубил животот. Засега не е познато како се случила трагедијата.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1