14/11/2013 09:00
•
Posted by: MK News
СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против лицето Т.В.(26) за сторено кривично дело „убиство во обид“. Пријавениот вчера околу 15.30 часот на локалниот пат во село Долно Количани, Драчево, додека полицаец од ООП 2Југ“, заедно со колега вршеле служба по наредба, наместо да сопре со возилото што го управувал „лада“ без регистарски таблички со прикачена […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2013 17:33
•
Posted by: MK News
Две лица за кои постои сомнение дека се поврзани со инцидентот се повикани на службен разговор во полиција. Доколку се докаже дека учествувале во инцидентот ќе им бидат поднесени соодветни пријави – изјави полицискиот портпарол Котевски. Полицаецот во кој дрвокрадците удриле со нивното возило наместо да застанат на повиците на полициската патрола, е тешко повреден. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2013 13:50
•
Posted by: MK News
Два луксузни автомобили изгореа синоќа во Битола, непознат сторител ги полеал со запалива течност. Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа кратко пред 22 часот непознато лице опожарило два автомобили на улицата „Булевар 1-ви мај“ во Битола. Во пожарот настрадале „мерцедес“-от на 32-годишниот С.Р. и „ауди а4“ на 45-годишниот В.Н. двајцата од Битола. Полицијата се’ […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2013 20:43
•
Posted by: MK News
Млада ресенчанка пријавила дека ја силувал полициски службеник. Како што пренесува Телеграф 25 годишната В.О во полиција пријавила дека полицискиот службеник на сила ја внел во автомобилот на периферијата на градот и ја силувал. Таа на полицајците им рекла дека не се сеќава кој ден точно била силувана бидјеќи боледувала од епилепсија. Информаците ги потврди и […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2013 20:38
•
Posted by: MK News
Полициски службеник е прегазен попладнево околу 16:30 часот на локалниот пат кон Драчево, дознава Курир. Според првичните информации, полициска патрола сакала да запре „Лада нива“, но возачот на автомобилот наместо да ја послуша полициската наредба и запре возилото го прегазил полицаецот и избегал. Повредениот полицаец итно е пренесен во болница и засега нема подетални информации […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2013 11:19
•
Posted by: MK News
Уште еден малолетник од Скопје синоќа бил нападнат среде улица во центарот на градот. Според информациите од полицијата, се работи за 14-годишниот В.А. кој бил претепан околу 17 часот кај хотелот Холидеј Ин, од страна на група од 6-7 насилници. Момчето завршило со раскрварен нос и модринки по телото. Полицијата трага по сторителите, а случајот […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2013 10:49
•
Posted by: MK News
Жена била пронајдена мртва во понеделникот околу пладне во нејзиниот стан на улица „Методија Митев“ во Скопје, соопшти МВР. Шеесет и едногодишната жена живеела сама и најверојатно починала од природна смрт, на нејзиното телото првично немало траги на насилство. Телото кое било во поодмината фаза на распаѓање го пронашла сестрата на жената која што отишла […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 15:32
•
Posted by: MK News
Бебе на возраст од пет месеци утринава во 6.30 часот е примено на детското одделение во кавадаречката болница без знаци на живот. Пет месечно бебе умрело под сомнителни околности во Кавадарци, дознава “Дневник”. Информацијата дека бебе без знаци на живот било донесено утринава во кавадаречката општа болница ја потврди Анита Стојковска, портпарол во СВР Велес. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 13:31
•
Posted by: MK News
Дваесет и четири годишниот Атанас Л. од Скопје е момчето кое вчера го загуби животот на околу еден километар од планинарскиот дом “Чеплес“-Солунска Глава. Момчето движејќи се по карпа во висина од 20 метри паднал во провалија и со главата удрил на камен во близина на реката Бабуна при што починал. Од страна на Единицата […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Убиениот маж чие тело беше пронајдено во саботата попладне во паркот во скопската населба Бутел е идeнтификуван како 46-годишниот Зекир З. од Гостивар, кој бил усмртен со неколку истрели од огнено оружје. Од Министерството за внатрешни работи велат дека Зекир З. бил усмртен со повреди нанесени од огнено оружје во главата и телото, а на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 21:22
•
Posted by: MK News
Во моментот на убиството се слушнале повеќе истрели, а неколку минути подоцна пронајдено е и телото на жртвата со неколку прострелни рани. Телото било забележано од соседите во околните згради и случајните минувачи. Според првичните информации, две лица по извршеното убиство избегале од местото и се претпоставува дека тие се извршители. Жртвата имала две прострелни […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 18:26
•
Posted by: MK News
Околу 15,30 минути во паркот во Бутел 2 убиен е маж на возраст помеѓу 45 и 50 години. Во моментот на убиството се слушнале повеќе истрели, а неколку минути подоцна пронајдено е и телото на жртвата со неколку прострелни рани. Телото било забележано од соседите во околните згради и случајните минувачи. Според првичните информации, две […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 17:46
•
Posted by: MK News
Истрели од огнено оружје попладнево ги вознемирија жителите на Бутел, а полицијата на терен пронајден тело на непознат маж, јави Нетпрес. Според првичните информации, околу 15:30 часот ги вознемириле жителите на населбата Бутел. По пријавата во полиција, екипи на Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен. Се упатиле зад киното Бутел, каде во паркот, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 13:21
•
Posted by: MK News
Двајца непознати разбојници го начекале охриѓанецот пред банкомат кај Транспортен центар, со нож му нанеле убод во левата рака и му го одзеле паричникот во кој имал 12.500 денари. Според МВР, вчера околу 18,30 часот, на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, во близина на железничката станица во Скопје, две лица извршиле разбојништво над М.С.(23) од […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 12:11
•
Posted by: MK News
Тешката сообраќајна несреќа се случи вчера околу 16 часот, кога автомобилот венто, во кој се превезувале двајцата сопружници поради неприлагодена брзина излетал од патот и удрил во брегот на автопатот, неколку пати се превртел и преминал на спротивната коловозна лента и удрил во друго возило.Повредите биле фатални за двајцата. Л.С..(38) од селото Брзак им подлегна […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 11:09
•
Posted by: MK News
Четири автомобили се судриле во центарот на главниот град во раните утрински часови. Според првичните информации во карамболот кој се случил околу три часот утринава учествувале четири автомобили, два „фолксвагени“, „цитроен“ и „опел“. Автомобилите, од засега непознати причини се судриле во близина на главната автобуска станица во Скопје, позната како Рекорд. Засега нема информации за […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 10:58
•
Posted by: MK News
Три лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска околу полноќ се случи на магистралниот пат Охрид-Свети Наум, во близина на автокампот Eлешец Несреќата се случила при директен судир на две патнички моторни возила. Од силината на ударот на лице место загинале Х.Ј. (21) , патник во возило „исузу“ и брачната двојка К.Д. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 10:42
•
Posted by: MK News
Полицијата во Атина уапси 38-годишен македонски граѓанин обвинет за организирани грабежи во Солун. Уапсениот се води како бегалец од затворот во Трикала и се товари за 76 грабежи на станови во населбите Каламарија, Панорма, Аналипси и Пилеа во источниот дел на Солун. Осомничениот Македонец и уште двајца негови соработници од јули до октомври успеале да […]
______________________________________________________________________________________________________