Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Спасено момче кое се давело во Охридско езеро

16-годишно момче од Неготино е спасено од давање денеска околу 16.30 часот во Охридско езеро. Момчето имало среќа затоа што во близина тренирал тим на Дирекцијата за заштита и спасување. Како што информираат од таму настанот се случил на плажата К`ј Дивоно кога е забележано момчето како се дави. „Според информациите добиени од терен се […]

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка во „Водовод и канализација“

Двајца колеги се степале за време на работното место, полицијата го расчистува случајот. Како што стои во билтенот на МВР; вчера во 20:55 часот во Полициската станица Карпош, П.Т. (52) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15:20 часот во објект на „Водовод и канализација“ на ул. „Њу Делхиска“ физички бил нападнат од неговиот колега […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетовец ја пријави својата 17-годишна ќерка за исчезната, отворена потрага

Вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово, М.Р.(46) пријавил дека на 4. овој месец од домот на нејзиниот дедо во с.Слатина, во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Гостивар – куршуми завршиле до возило на Итна помош

Во текот на вчерашниот ден во 12,15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека истиот ден од страна на непознато лице бил испукан проектил од огнено оружје, при што зрното од проектилот ја пробило настрешницата од гаражата која се користела за паркирање на возила од Итна медицинска помош во кругот на Медицинскиот центар Гостивар […]

______________________________________________________________________________________________________

Опожарен автомобил во Ченто

Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески случајот бил пријавен на „193“ во 3:05 часот изутрината, а пожарот бил изгаснат во 4 часот. – Опожарени се делови од возилото и причинета е материјална штета од околу 60 илјади денари. Интервенирано е со едно возило и со четири пожарникари, […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за трагедијата кај Охрид

Љупчо Ј. (32) од Охрид загина во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случи на магистралниот патен правец Охрид – Ресен, кај селото Косел. Тој во својство на мотоциклист на критичното место изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во задниот дел на автобус со кочански регистерски таблички, запрен покрај патот и надвор од коловозот. Екипата […]

______________________________________________________________________________________________________

Ужасна несреќа во Скопје: Лифтот му паднал на грб додека го поправал

Бизарна несреќа се случила вчера кога во 14.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив бил донесен 28-годишниот Г.П. од Агино Село, кумановско, вработен во приватна фирма. Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на булеварот „Србија“, лифтот ненадејно тргнал и го […]

______________________________________________________________________________________________________

Откриен идентитетот на младото момче кое се удави во Охрид

Трагедија го потресе вчера Охрид кога играта и летните лудории се претворија во хорор, откако младо момче се удави по скок од педалинка. Полицијата денеска информира дека во 13.10 часот во Полициската станица за Граничен надзор Охридско Езеро било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, спроти плажа „Магнус“, 20-годишниот В.А. од Куманово скокнал од […]

______________________________________________________________________________________________________

Стружанец ја претепал осумгодишната внука

Шеесет и седумгодишниот Р.М. од Струга доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во дворот на семејната куќа почнал расправија со неговата осумгодишна внука. – Изреволтиран, со дрвена летва почнал да ја удира внуката по главата и телото […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Неготино – маж загина од струен удар

– Педесет и седумгодишен неготинец загинал денеска од струен удар, потврди вечерва Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Несреќниот случај настанал кај трансформатор во Неготинско. Засега нема повеќе детали за околностите во кои се случила несреќата.

______________________________________________________________________________________________________

Во скопски Бутел, куче влечело човечка нога – граѓаните згрозени од глетката

Хорор глетка за жителите на скопски Бутел, куче скитник влечело човечка нога. Според информациите на МВР, вчера околу 19,30 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога). Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Идризово: Млад затвореник почина во ќелија

Вчера во 15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.Д.(34) од Тетово во ќелија бил пронајден во безсознание. М.Д. со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт. Телото на починатиот било дадено во […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали за сообраќајката во која беа повредени 20 патници

Најверојатна причина за сообраќајната несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на с. Мамутчево, е тоа што возачот во еден момент изгубил контрола над автобусот и преминал на другата коловозна лента. Возачот на камионот, кој сообраќал од Штип кон Велес, успеал да избегне директен судир, но сообраќајката била неизбежна. Во автобусот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорче Петров: Тинејџер (17) избоден во 22-ка, двајца приведени

Вчера околу 23,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во Автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка. Притоа лицето Н.М. (17) од Скопје се […]

______________________________________________________________________________________________________

Млад скопјанец искасан од кучиња скитници во Ѓорче

Вчера во 20,45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Д.И.(20) пријавил дека на 20.07.2018 година околу 18,30 часот додека се движел по кејот на реката Вардар во населбата Ѓорче Петров бил нападнат од кучиња скитници при што му биле нанесени повреди на левата нога и на двете раце.

______________________________________________________________________________________________________

Македонија: Пронајден мртов полицаец со прострелна рана во главата и службен пиштол во раката

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во Полициска станица во Прилеп. Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка на влезот на Охрид: Целосен прекин на сообраќајот на патот Кичево- Охрид

Поради сообраќајна незгода кај Аеродром Охрид, сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево е во прекин за сите возила во двата правци, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Засега не е позната состојбата на учесниците во несреќата.

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата трага по 12-годишно дете од Петровец, излегло од дома и не се вратило

Вчера во Полициско одделение “Петровец” Б.И.(39) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот исчезнал нејзиниот 12 годишен син кој се одалечил од нивната семејна куќа и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки запронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1