Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Пукање во Чаир – повредена една жена

Во 14 часот и 38 минути вработени во маркет Кипер на улица Кемал Сејфула пријавиле дека машко лице пукало во вработената А.Ѓ, соопшти МВР. Полициски службеници веднаш излегоа на лице место и се работи на расчистување на случајот. Се уште не се знаат причините за вооружениот инцидент, но повеќе детали наскоро. kurir.mk

______________________________________________________________________________________________________

Детали: сообраќајка во Ново Лисиче – загина моторциклист

Моторциклист загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи на крстосницата од бул. АВНОЈ и бул. „Србија“, во која учествувало и возило марка „Мицубиши“ со скопски регистарски таблици“. Како што изјавија од МВР, сообраќајката се случила утрово околу 7 часот. Моторциклистот загинал на самото место Во тек е увид на полицијата и на jавен обвинител. […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж нападнал две жени и се обидел да ги силува

Во полициската станица Карпош вчера биле пријавени два случаи на жени кои биле нападнати од маж кој сакал сексуално да ги напаствува. Нападите се случиле на улицата „Волгоградска“ во скопски Карпош. Во 11:30 часот вчера во Полициската станица Карпош, О.К.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот на ул. „Волгоградска“ непознат сторител […]

______________________________________________________________________________________________________

Кумановец со лажни дипломи станал универзитетски професор

Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(47) од Куманово за сторено продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, кој е осомничен дека противправно се стекнал со факултетска, магистерска и докторска диплома и со нив стасал до ангажман како професор на Факултетот за правни науки во Свети Николе и аплицирал за полагање оравосуден испит.За тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент во амбулантата во Шуто Оризари – претепана медицинската сестра

Инцидент се случил вчера во амбулантата во Шуто Оризари, медицинската сестра претепана. Како што информираат од МВР, во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 12:30 часот било пријавено дека на улица „Индира Ганди“ во ходникот на амбулантата „Шуто Оризари“ медицинската сестра Н.З.(26) била физички нападната од страна на П.А.(33). Имено, на настанот претходела расправија […]

______________________________________________________________________________________________________

Поради статус на Фејсбук, прилепчанец претепан и ограбен

Ноќеска во 01,00 часот во Полициската станица Прилеп, Б.М.(36) пријавил дека на 08.04.2018 година околу 19,00 часот додека се движел пеш по улицата “Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, во кое бил И.Р. (37) заедно со уште едно лице. Тие излегле од возилото и почнале да му се закануваат на Б.М. во врска со […]

______________________________________________________________________________________________________

Карпош: Татко и ќерка (13) искасани од ротвајлер

Вчера вечер во 22,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во паркот за кучиња во населбата Карпош, 13 годишно девојче, кое било со нејзиниот татко Д.Д.(43), било каснато од куче–Ротвајлер, водено од женско лице. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а нејзиниот татко кој се […]

______________________________________________________________________________________________________

Крвав Велигден: Малолетник прободен со нож во Ѓорче

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ во Полициската станица Ѓорче Петров Е.С.(51) пријавил дека на 07.04.2018 година околу 22,30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен […]

______________________________________________________________________________________________________

Велес: Бебе починало во рацете на својата мајка, телото на обдукција

Во Општата болница во Велес било донесено починато седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково. – Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот, соопшти МВР. Случајот вчера, во 13 часот, бил пријавен во СВР Велес од Општата болница […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава против 12 лица за случајот во Мала Речица

СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР, го документираше и расчисти случајот од 5 април во Мала Речица во кој едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени и до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица. Како што соопшти МВР, поради постоење основано […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава против чешки државјанин за компјутерска измама

Чешки државјанин доби кривична пријава поради компјутерска измама, извршена во 2016 година, соопшти МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.В.(28) од Република Чешка за сторено кривично дело „компјутерска измама”. Во временски период од 5 март до 27 април 2016 пријавениот се претставувал како сопственик на фирмата „Памеса Керамика” со седиште […]

______________________________________________________________________________________________________

Крадец се заклучил во казино во Влае – Украл 50 000 денари ама вратата сама се заклучила, крадецот останал заробен

Вчераутро околу 06.15 часот во Скопје, во казино на улица „Ангел Динев“ во Скопје, Т.Б. (33) од Скопје влегол во просторијата каде што била вработената Д.М., и се заканил и од касата одзел околу 50.000 денари, од кои 30.000 фрлил кон вработената, а 20.000 денари задржал за себе. Вработената Д.М. успеала да излезе од просторијата, […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна девојче од Драчево

Татко пријавил денеска во полициската станица во Скопје дека исчезнала неговата 14 годишна ќерка, соопшти МВР. К.Л.(53) од Скопје изутрината во 4:20 часот во полициската станица Драчево пријавил дека неговата ќерка околу 16:00 часот излегла од дома и се упатила во непознат правец, Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Три нови случаи: Скопјани каснати од кучиња скитници

Три нови случаи на напади од кучиња биле пријавени вчера во полициски станици во Скопје, сооппшти МВР.Г.Ј.(27) од Скопје вчера во 22 часот во полициската станица Аеродром пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот, додека се движел по улица „Божидар Рајковиќ“, бил нападнат од куче скитник при што му била нанесена повреда на левата нога. […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена се обиде да се самозапали во полициска станица во Драчево пред нејзиниот син

На 04.04.2018 година во 22.50 часот во Полициска станица Драчево дошла 40-годишна жена од Скопје и рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот. Во станица бил повикан и нејзиниот син, а жената додека разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, извадила пластично шише со течност, се полила и со […]

______________________________________________________________________________________________________

Настaвничка го тепала ученикот прво во училница, а потоа продолжила во ходникот

Татко пријавил во полиција дека наставничка го тепала неговиот син, информираа од МВР. Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 14.40 часот во Полициското одделение Сарај, А.Р. од село Арнакија пријавил дека неговиот 13 – годишен син на 02.04.2018 година околу 11.45 часот во Основното училиште „Емин Дураку“ бил физички нападнат од страна на негова […]

______________________________________________________________________________________________________

Норвежанец пронајден мртов во стан во Битола

Синоќа во 22,00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на ул.„Тодор Скаловски“ во неговиот стан бил пронајден починат А.М. (71) – државјанин на Р. Норвешка. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Автобус удри 9-годишно дете, итно префрлено на Клиника

Вчера во 15.10 часот на ул. „Лука Геров“ во Скопје, веднаш по крстосницата со ул.„Лазо Дамовски-Ошенски“, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Р. (43) од с.Љубин, скопско, удрил во деветгодишно дете од Скопје.Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1