Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Почина затворничката која “Идризово” не ја носеле не лечење

Затвореничката од “Идризово”, Ката Трајкова која беше болна од карцином и два месеци лежеше во затворската соба без соодветна терапија и нега, вчера почина во Гостиварската болница, јавува Досие.мк. Според болнички извори, таа самата побарала лекарска помош. По неколку часа од приемот состојбата и се влошила и починала. Обвинителството дало наредба за обудукција. Сега починатата […]

______________________________________________________________________________________________________

Се запали автобус полн со ученици на Стража

Автобус со скопски регистерски таблици кој утринава се движел кон Охрид, а управуван од К.М.(51) од Скопје се запалил околу 9:20 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Од полицијата информираат дека свтобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандал во скопско училиште – наставник претепа ученик

На тринаесетгодишен ученик во ОУ во Бутел вчера му биле нанесени повреди од стап од страна на негов наставник. Како што соопшти МВР, настанот вчера во 16,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријавил неговиот татко Д.Б.(45) кој изјавил дека истиот ден околу 12,30 часот во Основно училиште во населбата Бутел, за време […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со нови детали за пожарот во скопски Аеродром: По втор пат избувна во иста зграда

Вчера околу 14:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „23-ти Октомври“ во зграда избувнал пожар во кој биле зафатени подрумски простории. Од страна на бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран и повредени лица нема. На 07.05.2018 година во 00:40 часот повторно избувнал пожарот во истите простории и интервенирала […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнат им е синот – заминал на терапија во Скопје, но повеќе не се вратил

Македонско семејство во паника, синот отишол на терапија во болница, но повеќе не се вратил. Според информациите на МВР, во 09,30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес, А.Д.(67) пријавил дека на 26.04.2018 година неговиот син Б.А.(45), кој заминал во Скопје во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за да прими терапија до денот на пријавување не […]

______________________________________________________________________________________________________

Гореше локал на Бит Пазар

Изгоре локал на Бит Пазар, за среќа во пожарот нема повредени. – На 04.05.2018 година околу 08,15 часот во Полициската станица Бит Пазар, В.А. (27) од Скопје, пријавил дека во неговата фурна лоцирана на улицата „Максут Садик“ избувнал пожар при што била изгорена кровната конструкција. Повредени лица нема, стои во соопштението на МВР. Пожарот бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Хаос во салата „Јане Сандански“ – најдебелиот крај го извлече полицијата

Голем хаос вчера се случил во спортскиот центар „ Јане Сандаски“, нападнати двајца полицајци и еден од обезбедувањето. Како што информира полицијата, вчера околу 17:45 часот во Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, на влезот од салата, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на кошаркарските клубови „МЗТ-Скопје“ и „Работнички“, Ј.Б. (24) и А.Д. (33), […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за драмата во автобус на ЈСП

Околу 13 часот и 40 минути во Скопје на улица „11-ти Октомври“ автобус на ЈСП број 16 кој се движел во правец кон „Зелен пазар“, во еден момент, бил попречен од патничко моторно возило „Порше“ со гостиварски регистарски ознаки, од кое излегле две машки лица, од кои едното со пиштол, и се обиделе насилно да […]

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка на бензинска на булевар „Борис Трајковски“

Три лица вчера физички се пресметале при точење гориво на бензинска пумпа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка на бензиска пумпа на булеварот „Борис Трајковски меѓу В.Г.(27) и М.З.(21) […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена претепала две девојчиња во трговскиот во Лисиче

Триесет и шестгодишна жена, во трговскиот центар во Лисиче, претепала две малолетни девојчиња, кои веднаш биле пренесени во болница каде им била укажана лекарска помош. -На 23.04.2018 година во 16,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Гаврил Константиновиќ“ поточно во Трговскиот центар Лисиче, Д.Ј.(36) го нарушила јавниот ред и […]

______________________________________________________________________________________________________

Оган проголта 21.500 евра 30.000 швајцарски франци во Кичевско

Пожар на првиот кат во семејната куќа на четирисет и шестгодишниот М.Л. од кичевското село Србица ја проголта целата заштеда на семеството – 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци. Вчера утрото оштетениот пријавил во кичевската полиција дека избувнал пожар на првиот кат. Екипа на Територијална противпожарна единица Кичево го изгаснала пожаро, а освен без пари, […]

______________________________________________________________________________________________________

Брачна двојка во Аеродром со тупаници, клоци и дрвена палка нападнале бремена жена

Полицијата информира дека вчера во 21,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Комаров“ во барака, Ф.К.(30) заедно со неговата сопруга С.Д.(22) физички ги нападнале М.Е.(32) и неговата сопруга М.Д.(29). М.Е., неговата сопруга и нивниот син почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Прегазена жена во Битола итно префрлена на Клиника

Вчера во 11:25 часот во Битола на улицата „Цар Самоил“ патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистерски таблици управувано од 77-годишниот Н.Ц. од Битола удрило во 67-годишната Ц.Ј. од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ј. по што била пренесена и задржана на лекување во Клиничката болница во Битола. Увид на […]

______________________________________________________________________________________________________

Волково: расправија поради кучиња -настрадало 15 -годишно момче

Драма во скопското село Волково, се истепале поради кучиња. Според информациите на полицијата, вчера во 20,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.К.Ј.(50) пријавила дека околу 19 часот во близина на игралиште во село Волково, додека нејзиниот 15 годишен син ги шетал своите кучиња, дошло до недоразбирање со непознато женско лице околу кучињата. Потоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Куманово: 13-месечно бебе падна од балкон

Вчера во 15.55 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на ул. „Егејска Македонија“ дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон. Детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки […]

______________________________________________________________________________________________________

Обид за киднапирање на 14-годишно дете – го спасила соседката која излегла со вила

Вчера во Полициското одделение Групчин, З.И. (39) од с.Палатица пријавил дека истиот ден околу 07.45 часот, додека заедно со неговиот 14-годишен син со патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки се движеле кон училиштето во с.Палатица, во еден момент патот му го попречило патничко возило возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.Од возилото излегле четири непознати […]

______________________________________________________________________________________________________

Идентификуван мажот кој се обеси во ресенско – бил исчезнат од февруари

Полицијата во текот на вчерашниот ден го утврди идентитетот на лицето кои завчера во 19,30 часот во Ресен над објектот на средното училиште во борова шума, беше пронајдено обесено. Се работи за А.И. од Ресен, кој на 13. февруари годинава бил пријавен за исчезнат. Телото беше пронајдено на 24.овој месец, но било во фаза на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ресен: Пронајдено лице обесено на дрво, во фаза на распаѓање

Во Ресен над објектот на Средното училиште во борова шума, вчера во 19,30 часот било пронајдено лице засега со неутврден пол, обесено на дрво, чиешто тело било во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1