Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Почина момчето прегазено кај Петровец

Деветнаесет годишниот Х.К. од населбата Гоце Делчев на 1-ви месецов им подлегнал на тешките повреди кои ги здобил во сообраќајна несреќа случена на 20-ти минатиот месец. Од полицијата информираат дека момчето починало на КАРИЛ. Несреќата се случи во населбата Гоце Делчев на локалниот пат кон село Петровац. Управувајќи автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, Ј.Д.(54) […]

______________________________________________________________________________________________________

Кошаркар почина на тренинг во Охрид

Американецот Мур Камерун синоќа починал за време на тренингот што го имал со кошаркарскиот тим Охрид АВ. Од клубот ја потврдија информацијата за трагедијата. Кошаркарот пристигнал во Охрид како засилување за охриѓани. Неофицијално, на кошаркарот му се слошило за време на првиот тренинг, по што починал во салата. Била повикана Итна медицинска помош која констатирала […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетник нападнат со дрвен колец, со скршен череп итно пренесен во Ургентен

Полицијата вчера вечерта добила пријава за нарушен јавен ред и мир на улицата „Маршал Тито“ во Тетово во непосредна близина на угостителски објект. -Од страна на полициски службеници излезено било на посоченото место каде од обавените разговори со очевидци на настанот констатирано било дека поради претходно нерасчистени меѓусебни односи, А.Ш.(20) од Тетово и Л.С.(19) од […]

______________________________________________________________________________________________________

Тинејџер повреден во гостиварско, моторна пила му го расекла лицето

Шеснаесет годишно момче како итен случај е пратено вчера на Клиниката за пластична хирургија откако моторна пила му го расекла лицето Од полицијата денес информираат дека момчето од Дебар, кое било на гости во гостиварско Равен, пронашло 2-3 помали парчиња дрво кои се обидело да ги пресече со моторна пила. Истата отскокнала и го повредила […]

______________________________________________________________________________________________________

Вечерва загина едно лице: Детали за несреќата на патот Пехчево- Делчево

Во сообраќајна несреќа вечерва на регионалниот пат Пехчево – Делчево почина пешак на 44-годишна возраст. Несреќата се случила во 20:15 часот, а покрај пешакот во сообраќајката учествувал автомобил марка „тојота“ со бугарски регистарски таблички, управуван од П.И (45) од Делчево, изјавиле од полицијата за Телеграф. Возилото удрило во пешакот кој починал на лице место. Сообраќајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетник ограбен и расечен од разбојници во „Жена парк“

Вчера во 20.55 часот телефонски во ЕИК се јавил четиринаесетгодишник од Скопје и пријавил дека во 20.25 часот во Скопје, во паркот „Жена борец“, две непознати лица извршиле разбојништво врз него. Едниот од сторителите со закана и употреба на нож го расекол во пределот на раката и му го одзел мобилниот телефон, по што побегнале […]

______________________________________________________________________________________________________

Кавадарчанка крадела пари од сметки на колешки

Дваесет и деветгодишната Е.С. од Кавадарци е осомничена за оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем. Таа пред една година на банкомат пред влезот на Шпаркасе Банка, откако претходно од чанта на своја колешка и ја украла картицата за банкомат од банката и го запамтила пин кодот, подигнала 8.000 денари, а потоа тајно и ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Куманово: Девојче падна од трети кат

Дванаесет годишно девојче од Куманово пред два дена паднало од прозорец од трети кат од станот каде живее. Во полиција случајот бил пријавен вчера од кумановската болница. Поради тешки повреди (набиен граден кош и фрактура на десна нога), девојчето итно е препратено на Детска хирургија во Ургентен центар Скопје и се наоѓа надвор од животна […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали од трагедија кај Маврови Анови

Синоќа околу 23 часот регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, кај м.в.„Скудрињски продавници“, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Опел Астра“ со гостиварски регистерски таблици управувано од З.Л. (64) од Гостивар и ПМВ „БМВ“ со струшки регистерски таблици управувано од Е.И. (24) од Дебар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Л. кој првично бил пренесен […]

______________________________________________________________________________________________________

Фатен познат скопски „џепарош“- украл паричник од патник во ЈСП, па на банкомат си вадел пари

СВР-Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа едно кривично дело „кражба“ (џепна) и едно кривично дело „навлегување во компјутерски систем“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 31.000 денари, за […]

______________________________________________________________________________________________________

Вработен спречил грабеж на бензиска пумпа во Гостивар

Три маскирани и вооружени лица рано утрово се обиделе да извршат разбојништво во бензинска станица на „Макпетрол“ во Гостивар. Во намерата ги спречил вработен, кој по пресметката која настанала поминал со полесни повреди на главата. Два часа подоцна полицијата привела три лица кои се сомничат дека се поврзани со настанот. Од СВР Тетово информираат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Гостивар: Дечко ја држел во заложништво својата девојка 3 дена во угостителски објект

Вчера околу 14:30 часот во Полициската станица Гостивар, 22- годишната Х.М. пријавила дека од страна на И.М.(32) со кого била во љубовна врска околу три дена била противправно држена во угостителски објект во Гостивар. Таа последниот ден почувствувала здравствени проблеми при што од страна на И.М. била однесена во Медицинскиот центар-Гостивар каде и била укажана […]

______________________________________________________________________________________________________

Загина гостиварец, едно лице повредено: Стравична сообраќајка на патот Дебар- Маврови Анови

Шеесет и четири годишен гостиварец го загубил животот од повреди задобиени во сообраќајна несреќа која синоќа се случи на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови. Во несреќата полесно е повредено уште едно лице. Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила околу 23 часот во близина на месноста „скудрињски продавници“ при што дошло до директен […]

______________________________________________________________________________________________________

Блокиран сообраќајот во Автокоманда, се судрија два камиони и автомобил

Во Автокоманда пред половина час се случила сообраќајна незгода на два камиони и едно патничко возило. На местото пристигнало и возило на Брза помош но се уште нема информации за повредени во несреќата. Сообраќајот е блокиран и се врши увид на местото.

______________________________________________________________________________________________________

Детали за сообраќајката на булевар „Борис Трајковски“

Вчера околу 21 часот и 15 минути на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје возило со скопски регистарски таблички удрило во во помладо женско лице. Според неофицијални извори, станува збор за се 12-годишно девојче. Девојчето веднаш било префрлено во болница каде и била укажана лекарска помош.

______________________________________________________________________________________________________

Девојка прегазена на булеварот „Борис Трајковски“

Возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки удрило во помладо женско лице вечерва на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје, потврдија од СВР Скопје. Прегазеното лице со возило на Итна помош е пренесено на скопските клиники. Сообраќајката во СВР Скопје е пријавена вчера во 21 часот и 15 минути.  

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени тинејџерите што нападнаа велешанка: Тргнала по сопругот, завршила претепана и силувана

Во врска со настанот од 17 овој месец во СВР-Струмица, кога 29 годишна жена со времено престојувалиште во Велес, пријавила дека истиот ден околу 22.00 часот додека била во село Василево и се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг Д. Ц. од истото село и пришле две непознати машки лица, кои и рекле дека го познаваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Таксист во Гостивар истепан со лопата

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против З.Ѓ.(59) од Ботуше, Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавениот на 18 август годинава околу 12.30 часот во населбата Циглана во Гостивар на улицата пред неговиот дом забележал таксист кој управувал возило марка ,,Голф,, и откако запрел во близина на неговиот дом со […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1