26/05/2014 17:24
•
Posted by: MK News
Вчера наутро на Козјак е исчезнат колега – риболовец на потегот од брана до Гургурница, сајтот рибар.ком апелира и моли за помош да се пронајде. Синот и другарот барале на телефон, последен пат се слушнале пред да тргне од брана и после некое време кога увиделе дека го нема се уште, пак го барале на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 16:56
•
Posted by: MK News
Една година затвор доби офталмологот Дејан Ставриќ, кој беше обвинет за примање награда за противзаконито влијание. Пресудата е донесена по скратена постапка, во само едно рочиште, кое се одржа денеска. Основниот суд Скопје 1 на Ставриќ му ја укина мерката притвор, а како мерка на претпазливост, до правосилноста на пресудата на очниот лекар му е одземена […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 16:51
•
Posted by: MK News
Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза заради новото невреме кое се најавува за попладневните часови. Метеоролозите очекуваат дожд, ветер, па дури и град на одредени места. Од Центарот за управување со кризи ги предупредуваат граѓаните без поголема причина да не се изложуваат на опасности со излегување на отворен простор и да не управуваат со […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 16:44
•
Posted by: MK News
Невреме го зафати Велес попладнево – Фото Сител Видео – Скај вести
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 15:09
•
Posted by: MK News
Дупката за објектот кој треба да се гради започнувала веднаш зад оградата каде е паркингот во населбата Ново Лисиче веднаш до полициската станица. Автомобилот кој пропадна беше паркиран веднаш до оградата на градилиштите. Бидејќи оградата е многу висока не може да се види дека дека дупката започнува каде е оградата. До доцна во ноќта 2 пајак […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 15:01
•
Posted by: MK News
Невремето кое вчера го зафати Скопје предизвика вистински хаос. Синоќешниот дожд ги поплави и училниците на гимназијата Јосип Броз Тито. Вчера во големото невреме наврнаа 37 литри на метар квадратен. Foto – Sitel
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 14:41
•
Posted by: MK News
Попладнево Делчево и околината ги зафати невреме, што предизвика прекин на расадувањето на тутунот и на садењето на компирот, гравот, пченката и другите градинарски култури, пренесува Денешен. Пороен дожд и град во големина на лешник ги погоди атарите на селата Вирче, Нов Истевник, Стар Истевник, Тработивиште и Разловци. Првичните сознанија говорат за штети на градинарските […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 14:08
•
Posted by: MK News
Дванаесет часа по невремето кое синоќа го зафати главниот град, нема ни трага дека булеварите и подвозниците биле поплавени. Ако синоќешната слика беше потопени и пропаднати автомобили и откорнати дрвја, денеска ако се прошетате низ Скопје, нема ни да препознаете дека такво нешто воопшто се случило, на фотографиите кои ги објави Точка се е суво. […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 13:50
•
Posted by: MK News
За околу еден час се очекува да почнат посилни врнежи од дожд во галвниот град, најавуваат метеоролозите. Според последните прогнози, вечерва се очекува во главниот град да има уште посилно невреме од она вчера. Градските власти се мобилизирани и подготвени го чекаат невремето, јавува Press24. Според нивните сознанија, се очекуваат поројни дождови, силен ветар, грмежи, силен […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 13:23
•
Posted by: MK News
Речиси сите кафеани, ресторани, кафулиња и останати дуќани на популарниот скопски Кеј, покрај ГТЦ, претрпеа огромни материјални штети по синоќешното големо невреме, проследено со силен ветер, пороен дожд и град, а на крајот проследено со земјотрес со јачина од 3,7 степени, кое го погоди главниот град на Македонија. Вработените денес ги расчистуваат разрушени тенди, скршените […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Хуманитарниот концерт кој го организира Владата на Република Македонија на кој ќе учествуваат македонските музички ѕвезди, утре ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а средствата од продадените карти ќе бидат наменети за поплавените области. -Јас се надевам дека и на хуманитарниот концерт кој што почнува во 19 часот во салата „Борис Трајковски“, сите заеднички […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 10:15
•
Posted by: MK News
На интернет се појави страница која ви нуди можност да го запалите знамето на државата која не ви се допаѓа. Па така до сега на оваа страница flagburningworld.com македоското знаме е запалено над 70 000 пати, косовското над 82 000 пати, грчкото над 165 илјади, албанското над 97 000 пати, српското над 81 000 пати, а бугарското […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Топлификација во акција, наплаќа стари долгови од пред десет години. Досега кај извршителите компанијата пратила 15 000 предмети. Најмалиот долг е до 1000 денари, а некој треба да плати и до 50 000 денари , наводно за камата за неплатена сметка од 2003 или од 2007 година. Уште еден проблем е тоа што на граѓаните […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 09:36
•
Posted by: MK News
Цевка за гас пукнала во Ново Лисиче кај новата црквичка кај паркот со авионот – Во контакт сме со Гама, од каде не информираа дека дефектот во Општина Аеродром кој беше предизвикан од удар од гром, е саниран и нема никаква опасност за населението. Во контакт сме и со ЕВН, од каде дознаваме дека мал […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Мапа на земјотреси во Скопската котлина.На земјотресот кој се почувствува во Скопје со јачина од 3,5 по Рихтер на околу 10 км северно, со епицентар на Косовска страна, му следеле неколку мали земјотреси во Скопската котлина. На мапата можете да ги видите селата и населбите кои беа означени на Светската сеизмичка мапа на земјотреси. Кукурику.мк […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Во скопската населба Ново Лисиче се слушаа чудни звуци, шуштење – според неофицијални информации на градилиштето најверојатно поради удар од гром пукнала цевка која е и причината за повлекување на земјиштето. Според други информации цевка за гас пукнала во Ново Лисиче кај новата црквичка кај паркот со авионот. Очевидци велат дека има пукнато и цевка за […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Триесет и седум литри на метар квадратен наврнаа во главниот град за половина час, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму посочуваат дека повеќе нема услови за пороен дожд во скопското подрачје. Водената маса е сосема ослабната и поместена кон исток.
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Во Македонија во понеделник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава на невреме проследено со врнежи од град. Попладне поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во северозападните, источните и југоисточните предели. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен […]
______________________________________________________________________________________________________