01/05/2014 22:57
•
Posted by: Александра Смилеска
За време на денешниот состанок на Централното собрание на Националната демократска преродба (НДП), претседателот на партијата, Руфи Османи поднел оставка од претседателската функција, а партијата побара влада на широка коалиција. Опозициската партија од албанскиот политички блок порачува оти Централното собрание смета дека Македонија не успеала да организира слободни и демократски избори. НДП бара меѓународниот фактор […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 19:35
•
Posted by: Александра Смилеска
Наместо до 19 како што беше до сега, од денеска почнува продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци. Ова „летно сметање“ на продажба на алкохолните пијалаци трае од денеска па се до крајот на септември. Сепак, и понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи како и на малолетници. Според законските одредби, за […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 14:41
•
Posted by: Александра Смилеска
По вчерашната средба меѓу лидерите на победничките партии на предвремените парламентрани избори, од Демократската унија за интеграција веќе го објавија списокот на нивните членови кои ќе учествиваат во разговорите на работните групи за состав на новата влада. А за време на митинзите го кажаа и списокот на барања со кои ќе настапат во преговорите за […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 14:32
•
Posted by: MK News
Свадбените обичаи од минатото не се изоставени ни кај најсовремените венчавки. Најчеста причина е тоа што тие се забавни и многумина ги практикуваат иако не го знаат нивното потекло и значење. Ви откриваме како настанале и што значат некои кои најчесто се практикуваат. Свршувачка – дарување Пред свадбата, доаѓа свршувачката! Свршувачката е чин во кој […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 14:22
•
Posted by: Александра Смилеска
Со пароли „ССМ мафија“, „Бараме работнички права“, „Работниците не се робје“ денеска во центарот на Скопје членови на повеќе синдикати протестираа по повод 1 мај – Меѓународниот ден на трудот. Додека Сојузот на синдикати (ССМ) денешниот 1 мај го одбележа симболично со собир на плоштадот „Македонија“ и одржување на свечена седница, членови и претставници на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 13:27
•
Posted by: Александра Смилеска
Движењето за социјална правда „Ленка“ и левичарското движење „Солидарност“ денеска на Градскиот плоштад во Куманово организираa првомајски протест на кој учествуваа работници, стечајци, невработени и студенти. На присутните им се обрати Ангела Богоевска, која побара од Владата подобрување на услови за работа и поголеми работнички права. – Бараме измена на Закон за материјално обезбедување на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 13:18
•
Posted by: Александра Смилеска
Симболично со собир наместо со протест, Сојузот на синдикати денеска го одбележа денот на трудот. Со штандови на плоштадот во Скопје и свечена седница, првиот човек на ССМ даде оценка за работата од кога тој е на челната позиција. На новинарските прашања дека макар и симболично денеска се протестира во многу европски земји Митревски одговори […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 12:55
•
Posted by: Александра Смилеска
По цела ноќ дискусии, Централниот Одбор на СДСМ едногласно ја потврди одлуката на Извршниот одбор на партијата за враќање на пратеничките мандати и непризнавање на изборните резултати. Според неофицијални извори, дискусијата траела цела ноќ, при што имало спротивставени мислења и ставови, но на крајот сепак била донесена едногласна одлука за враќање на мандатите. Сепак, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 11:14
•
Posted by: MK News
Тим на археолози и историчари од Полскиот центар за археологија открија мавзолеј изработен од злато и мермер кој би можел да биде токму оној на Александар Македонски. Локалитетот се наоѓа во област позната како Kom el-Dikka во центарот на Александрија – пренесува World news daily report. Мавзолејот најверојатно бил скриен и запечатен во 3 или […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 11:02
•
Posted by: MK News
Одат во Египет, а не знаат каде е Kожуф. Вака реагираат луѓе упатени во туризмот и нагласуваат дека многу Македонци патуваат надвор од државата за празниците, а не ги познаваат природните богатства на сопствената земја, кои се исто толку атрактивни колку и тие надвор. – Македонците се чудна сорта луѓе, одат во странство, а не […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 10:02
•
Posted by: MK News
Телесно оштетување постои кога кај осигуреникот ќе настане загубување, посуштествено оштетување или позначителна онеспособеност на одделни органи или делови од телото што ја отежнува нормалната активност на организмот и бара поголем напор во остварувањето на животните потреби, без оглед на тоа дали причинува или не причинува инвалидност. Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 09:32
•
Posted by: MK News
Според член 81 од Уставот на Република Македонија, новоизбраниот претседател на државата Ѓорге Иванов треба да го почне новиот мандат најдоцна до 12 мај 2014 година, со давање свечена изјава пред Собранието, со која се обврзува на почитување на Уставот и законите. Новиот собраниски состав, пак, согласно Уставот, треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржаните избори, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 09:16
•
Posted by: MK News
На владина седница беше донесена одлука за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 отсто на 5 отсто за добиточната храна, живиот добиток, бебешките производи и училишниот прибор, информираше премиерот, Никола Груевски. ДДВ ќе се намали за бебешко креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени. Што […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Дел од обврските на Национален парк „Пелистер” во делот на наплатата за влез за моторизираните посетители во паркот, почнуваат со реализација од четврток, 1-ви мај Ќе се наплаќа влезница со паркинг и тоа се однесува само на оние кои користат автомобили, комбиња и автобуси, па според тоа влезницата е различна цена, односно 50 денари плаќаат […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2014 08:30
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 16 до 23 степени. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/04/2014 22:10
•
Posted by: MK News
Во седиштето на СДСМ во тек е состанокот на партискиот централен одбор, кој треба да ја донесе конечната одлука: дали и како ќе се реализира најавата на лидерот Зоран Заев за непризнавање на изборите и неприфаќање на пратеничките мандати. Пред малку заврши излагањето на лидеорт на партијата а сега е во тек дискусија на присутните […]
______________________________________________________________________________________________________
30/04/2014 21:49
•
Posted by: MK News
Лидерот на НСДП, Тито Петковски соопшти дека неговата партија нема да биде дел од новиот Парламент. Со едногласна одлука решиле дека останувањето надвор од законодавниот дом покажува дека не им се во интерес удобните собраниски фотелји. Петковски посочи дека сега одговрноста за неизвесниот пат на Македонија е во рацете на Никола Груевски и Али Ахмети. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/04/2014 20:50
•
Posted by: MK News
ДПА и ВМРО веќе се договорени и речиси се поделени сектори пишува портало vati.com.mk кои се повикува на владини извори кои сакаат да останат анонимни Според нив, веќе се распределени најголемиот дел од министерските места. Врз основа на сегашните преговори беше договорено дека ДПА , меѓу другото да го води Министерството за внатрешни работи (МВР) , а министер […]
______________________________________________________________________________________________________