04/05/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Треперам, првпат го допирам по 68 години, дрвото сè уште е нежно, МИЛЕ АЛЕKСИЕВСKИ, ЧОВЕKОТ ШТО СО ТАТKА СИ ГО НАПРАВИ САРKОФАГОТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Го помилува ликот на Гоце Делчев, грбот на Македонија, знамето на ВМРО, лисјата, цветовите…всадени во ѕидовите на дрвениот саркофаг во кој посмртните останки на најголемиот македонски син во 1946 година стасале […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2014 10:00
•
Posted by: MK News
На улицата пред студентскиот дом Кузман, пред деловната зграда постојано има паркирано автомобили бидејќи местото наликува како да е паркинг и многу граѓани ни не размислуваат кога тука паркираат мислејќи дека паркингот е дозволен НО НЕ Е! Еве што питател на Мкnews не замоли да објавиме. До сите возачи внимавајте ова место е рудник за […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Одлуката на СДСМ да не ги прифати освоените мандати на вонредните парламентарни избори ќе ги дефинира политичките случувања во државата во наредниот период. Владејачката коалиција влегува бројчано засилена во осмиот состав на законодавниот дом, со оглед на повеќето освоени пратенички места во споредба со 2011 година. Најмалку четири сценарија се разгледуваат во политичките кругови за […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2014 09:30
•
Posted by: MK News
За вечното почивалиште на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ се знае речиси с`, освен можеби најважното – кој е автор на паметникот!? Веќе речиси цели седум децении откако во белиот камен саркофаг се ставени коските на Делчев по нивното враќање од Бугарија во 1946 година, трае енигмата […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2014 09:15
•
Posted by: MK News
“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови, изроди, како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Гоце Делчев (4 февруари 1872 – 4 мај 1903) Денеска се навршуваат сто и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2014 09:05
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне повторно нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северозападен. Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 15 со 21 степен. Во Скопје слично време, променливо облачно, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2014 18:38
•
Posted by: MK News
Само еден потпис е доволен за животот да ви стане пекол и да враќате туѓи долгови. Илјадници граѓани во земјава минуваат низ голгота бидејќи станале жиранти на туѓ кредит, а сакале само да направат добро на некој. Граѓаните заглавиле со 83,5 милиони евра, што не можат да ги вратат. Ниедна институција не располага со збирен […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2014 18:17
•
Posted by: MK News
Пронаоѓач кој се занимава со карпеста уметност, во пештера во околината на Штип, случајно ископал череп со исклучително необична форма. Засега само еден општ лекар ја анализирал формата и заклучил дека черепот не е од човек, пишува порталот КралеМарко.мк. Сензација или квази-научност? Раководен од сопственото искуство за распознавање на човечки черепи случајно ископани при обработка […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2014 18:11
•
Posted by: MK News
На 3-ти Мај, Светскиот ден на слобода на печатот, новинарите во Македонија немаат причина за прославување затоа што слободата на изразување и независноста на медиумите се сериозно загрозени. Иако македонскиот устав го гарантира правото на слободата на говорот и на информирањето,овие основни човекови права за жал се неостварливи. Водечките медиуми во Македонија се пристрасни и […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2014 13:06
•
Posted by: MK News
Каменуван е штабот на ВМРО – ДПМНЕ во Прилеп. Според информациите скршено е стаклото на влезната врата од просториите каде е сместен Општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, . Нападот на штабот се случил вчера во 16.30 часот на улицата Генерал Васко Каранегелеск“ информираат од МВР. Лицето кое го оштетило инвентарот се уште не е идентификувано. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Уште еден Македонец кој живее во странство се закити со победа. По Даниел Кајмакоски, Македонија може да се гордее и со Мајкл Дамески , кој победи на шоуто „So You Think You Can Dance“ во Австралија. Дамески уште на почетокот се издвои од останатите и стана фаворитит на публиката и жири-комисијата, а во финалето се […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2014 10:00
•
Posted by: MK News
По повод празникот „Св. Ѓорѓи“ – Ѓурѓовден, во соборниот храм „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Струга на 7 мај ќе се одржи вечерна богослужба, по што ќе започне и литијата. Традиционално литијата започнува со носење на моштите во „Свети Георгиј“ од истоимениот манастир во Рајчица. Потоа литијата продолжува со носење на светите мошти и чудотворната икона […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Монасите на Бигорскиот манастир грижливо ги расчистуваат древните манастирски книги од неговата илјадагодишна историја и ги средуваат во новата библиотека. Во една од книгите пронајдоа старо манастирско писмо, потпишано на 2 јануари (стар стил) 1898 година, од тогашниот игумен, архимандрит Гаврил со браќата. Писмото на игуменот Гаврил претставува окружен повик за манастирската слава на Водокрст […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Ќе се санира руинираната и напуштена зграда на некогашното основно училиште во кичевското село Подвис. Министерството за култура планира целосно да го реконструира училиштето, во кое за прв пат се одржала настава на македонски јазик. Зафатот ќе се одвива во неколку фази за да се зачува ова значајно спомен – обележје за македонската историја и […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2014 18:43
•
Posted by: MK News
Ѓорѓе Иванов го доби уверението од Државната изборна комисија за втор претседателски мандат, но наместо претседателот Никола Рилковски, му го врачи членот на ДИК, избран по предлог на ДПА, Бедредин Ибраими. Освен Рилковски, Иванов го бојкотираа и членот на ДИК избран по предлог на СДСМ, Виолета Дума, како и заменик-претседателот, Субхи Јакупи, предложен од ДУИ. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2014 16:04
•
Posted by: MK News
Чичко Стоилко ќе оди во историјата. Со реконструкцијата на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН, согласно урбанистичкиот план, киосците за брза храна на плоштадот Македонија ќе бидат урнати. Компаниите кои веќе имаат добиено одобрение за градба ја известиле општина Центар дека треба да почне откстранувањето на времените објекти на ДТУТ Нино ДООЕЛ Скопје, ДОО Лозена компани (Чичко Стоилко) и две […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2014 10:46
•
Posted by: MK News
Европскиот суд за човекови права е меѓународeн суд компетентен да постапува по жалби на лица во врска со повреда на некое право загарантирано со Европската конвенција за човекови права. Конвенцијата претставува меѓународен договор, со кој голем број европски земји се обврзале да почитуваат одредени основни човекови права. Загарантираните права се наведени во самата Конвенција како и во протоколите бр. 1, 4, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2014 10:16
•
Posted by: MK News
Огнен Саракинов е првиот Македонец кој го има истрчано традиционалниот маратон од 42км во Вирзбург Германија. Тој не е професионален маратонец, тој не е професионален спортист. Тој е обичен студент на магистерски студии. Пред точно една година, тој се има одлучено да влезе во светот на трчањето како почетник, со преку 105кг тежина на 1.85метри висина. […]
______________________________________________________________________________________________________