Archive | Македонија RSS feed for this section

Грчки Гудис – ресторани за брза храна – почнува со работа во декември во Веро

Грчките синџир за ресторани за брза храна „Гудис“ планираат да отворат ресторан во Скопје, а според неофицијални информации, се очекува ресторанот да биде отворен во декември во „Веро центар. „Гудис“ ќе функционира на принцип на франшиза, а како што неофицијално се дознава одговорна компанија за доделување на франшизите ќе биде „Веропулос“ ДООЕЛ Скопје, јавува дописниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Рокот е до декември, а 200.000 граѓани не поднеле барање за здравствена картичка

Уште 200 илјади граѓани немаат поднесено барање за електронска здравствена картичка. Од фондот велат дека до крајниот рок до декември осигурениците треба да поднесат барање до подрачните единици во фондот. Денеска е доделена  милионитата здравствена картичка на пензионерка од Скопје. Во последните два месеци доделени 400 илјади картички. „10 илјади евра месечно се трошеа за […]

______________________________________________________________________________________________________

Фирми на штрек – засилени контролите за пиратски софтвер на компјутерите

Во изминатиот месец Основните судови во Прилеп, Скопје и Тетово, покрај одземањето на средствата и опремата со кои се сторени кривичните дела, неовластена употреба на туѓ софтвер, досудија и оштетни побарување во денарска противвредност од над 10.000 евра. Координативното тело за интелектуална сопственост на Република Македонија и надлежните судови во ги засилија своите мерки во борбата […]

______________________________________________________________________________________________________

Во учебник по историја за 3 одделение во Грција си пишува „Македонија“

Поранешниот префект на грчката област централна Македонија Панајотис Псомијадис испрати писмо до премиерот Андонис Самарас од кого бара лично да интервенира со цел веднаш да се повлече учебник по историја за трето одделение каде нашата земја на мапа е напишана како Македонија. Псомијадис во писмото наведува дека во учебникот „Историја на модерниот и современиот свет“ […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР најавува невреме и многу дожд во Македонија се до недела

До крајот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, локално над 30 литри на метар квадратен со ретки грмежи, особено денеска во ноќните часови и во четврток. Ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

______________________________________________________________________________________________________

Вработените во Музејот ќе одат на полиграф – МВР се сомнева дека организирана група е зад кражбите

Бројката на исчезнати артефакти од музејот на Македонија се уште расте. Во финалниот извештај на националниот музеј стоело дека недостасуваат 166 антички артефакти од Исар Марвинци и од Стоби МВР веќе се сомнева дека станува збор за организирана група за што полициските инспектори се подготвени да ги тестираат на полиграф дури и вработените во музејот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Се бара економски промотор што донел инвестиција?!

Нашата држава веќе пет години вложува во овие луѓе, но досега ниту од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ниту, пак, од власта излегле јавно да кажат дали и кои промотори се заслужни за некоја конкретна инвестиција во земјава, пишува Нова Македонија НИКОЈ НЕ КАЖУВА КАКВИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ЕМИСАРИ ВО СТРАНСТВО […]

______________________________________________________________________________________________________

Чудесна Македонија – На бирото работа чекаат 751 магистер и 13 доктори на науки – преквалификувани се

Меѓу илјадниците невработени, без каков било работен стаус се  и 751 магистер  и 13 доктори на наука. Најголемиот дел од нив се од земјоделските и од  економските науки. Годините поминати во учење и во усовршување не само што не им помогнале, туку во одредени случаи дури и им одмогнале, бидејќи нивните квалификации се покажале како […]

______________________________________________________________________________________________________

Деца, од 3 до 7 годишни, шмркаат лепак во центарот на Скопје – напаѓаат и тепаат невини деца

Деновиве група од пет дечиња на возраст од 3 до 7 години талкаат по градскиот плоштад Македонија, а во рацете, наместо играчки, имаат кеси полни со лепило, па си играат зашеметување, со вдишувањето од кесата. Некои од минувачите им дофрлаат и коментираат, но безуспешно, децата тераат по свое, не знаејќи дека со вдишување на лепилото […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев ќе тужи за краставиците (Видео)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, својата чест и углед како и честа и угледот на своето семејство, откако излегоа информации за евентуалната негова поврзаност со краставиците со пестициди, ќе ги брани со тужби. Заев ќе ги тужи и „медиумите и порталите“, кои, според него, објавиле невистини за овој случај, но и фирмите и земјоделците, за […]

______________________________________________________________________________________________________

Новата истрага откри нови информации и документи за падот на „кингерот“

Истражителите на смртта на претседателот Трајковски и на неговите соработници откриваат нови моменти кои фрлаат поинакво светло на трагедијата кај Мостар. Во Ротимље, на местото на трагедијата денеска беа 7-мината македонски експерти кои се дел од новата комисија за истражување на падот на кингерот и погибијата на претседателот Борис Трајковски и 8 членови на државната […]

______________________________________________________________________________________________________

Никако антибиотици на сопствена рака – Македонците си имаат навика да си купуваат лекови сами

Македонците спаѓаат во категоријата  пациенти кои често и на своја рака сами се лекуваат со антибиотици. Загрижени сме затоа што реалност е дека  во нашата држава си купуваме антибиотици на своја рака, без да одиме на лекар. Тоа може сериозно да го наруши нашето здравје, затоа што, користење на антибиотици кога тоа не е потребно, […]

______________________________________________________________________________________________________

Смени на началници во МВР – еве ги новите

Смени на началници во секторите за внатрешни работи, смени во одделот за посебни единици, единицата за брза интервенција и многу други се направени во Министерството за внатрешни работи и направена е реорганизација во Бирото за јавна безбедност со цел зголемување на безбедноста, зголемување на интегритетот на полицијата и ефикасноста и економичноста. Нови вработувања нема, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Дрес код ЊЕТ: Со проѕирна блуза и прслук на мегдан, ни даваат совети за антибиотици ?!?

На денешната прес конференција на која се изрази загриженост од користење на антибиотици без консултација со лекари – ретко кој можеше да чуе што имаат да кажат лекарите – причина – На прес конференцијата имаше преставничка од Институтот за јавно здравје и од Фондот за здравство ФЗОМ. Едната – преставничката од Институтот за јавно здравје – […]

______________________________________________________________________________________________________

Конечно: ЈСП набавува камери за снимање во автобусите – кој тепа ќе биде снимен

За да се сведат на минимум инцидентите во автобусите на ЈСП фирмата почнала постапки за набавка на снимачи кои ќе го забележат секој инцидент, објави директорот  Мишо Николов. Камери има веќе некое време – но џабе бидејќи немаше обезбедено дополнително снимачи кои ќе документираат и чуваат снимки од автобусите. 50 снимачи ќе бидат набавени најскоро […]

______________________________________________________________________________________________________

Бабите спасени – градбата стопирана – инвеститор бил газдата на фабриката за масло Брилијант

Повеќе од пет часа траела драмата со пискотници и лелекања на двете неподвижни баби кои биле заробени во урнатините на својот дом, откако ископината на градилиште спроти Клубот на пратеници во центарот на Скопје, предизвика уривање на дел од нивната зграда. Градежниот општински инспектор денеска донесе и решение за прекин на градбата, јавува Плус Инфо. […]

______________________________________________________________________________________________________

За стан, дуќан, автомобил од Влада – собирајте сметки од 1 декември

Фискалните сметки издадени по 1 декември 2013 година ќе учествуваат во наградната игра што вчера ја најави Владата. Граѓаните ќе учествуваат во наградната игра со собрани 20 фискални сметки на кој било износ. Првото извлекување е на 30 декември 2013 година, а ќе има девет кола. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 […]

______________________________________________________________________________________________________

Венизелос бил Туркоглу – се прекрстил за да биде политичар – креатор e на ембаргото кон Македонија

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, носел родено презиме Туркоглу, што во превод од турски јазик значи „син на Турчин”, но истото го сменил со цел да напредува во својата политичка кариера. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, оваа информација ја доставила американската амбасада во Атина до својата централа, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1