18/10/2013 22:05
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи потврди дека вечерва во 18 и 30 часот во близина на село Љуботен припадници на Шумската полиција и мобилната единица Алфи забележале поголема група луѓе за кои претпоставувале дека се дрвокрадци, кои отвориле оган во правец кон полицијата и се дале во бегство. Повредени нема. Полицијата трагаше по групата во вечерните часови. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 21:29
•
Posted by: MK News
Дариус Вализаде на својот блог пишува детали од неговите сексуални авантури низ целиот свет. Според неговите искуства, изработена е и „мапа“, на која е прикажано по реони каде жените се „најлесни“. Контроверзниот и самоуверен „светски заводник“, попопуларно наречен „секс турист“, патува низ светот за да открие каде жените се „најлесни“. Иран, Ирак, Саудиска Арабија и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 21:19
•
Posted by: MK News
Четворица македонски новинари стапуваат во брак овој викенд, пишува Пресс 24. Во моментов во тек е свадбата на репортерот на Канал 5, Миомир Серфиновиќ и неговата избраничка, новинарка од агенцијата Макфакс, Фросина Факова. Утре врската со Дејан со брак ќе ја круниса уредничката и водителка на вестите на МРТВ, Катерина Топалова. Свадбата ќе се одржи […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 20:38
•
Posted by: MK News
Штип ги доби своите анонимни јунаци. Две жени од Охрид ги бараат храбрите момчиња од Штип, кои минатата сабота спасиле пет животи. Патувањето до Охрид на овие две жени им се претворил во вистински кошмар на планинскиот превој Плетвар, пренесува Тв Ирис. Возилото во кое биле двете пријателки и нивните три деца одеднаш се запалило. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 19:36
•
Posted by: MK News
Во моментов се одвива полициска акција во околината на Љуботен, Скопско. Според информациите Мобилна единица, Алфа, налетала на дрвокрадци. При обид да ги стопираат, легитимираат, дрвокрадците отвориле оган кон нив и почнале да бегаат. За среќа нема повредени полицајци. Потерата сеуште трае, за нови детали во текот на денот.
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 17:04
•
Posted by: MK News
Разрешен e главниот градежен инспектор на општина Центар, Милан Пижула. На оваа функција Пижула беше назначен во 2005 година, а одлуката за негово разрешување е донесена по многу жалби од граѓаните, изјави градоначалникот на Центар Андреј Жерновски. Тој нагласи дека имало многу поплаки од граѓаните и дека затоа постапил така, но додаде Жерновски, Пижула останува […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 15:07
•
Posted by: MK News
Триесет и четири годишен гевгеличанец го загуби животот во сообраќајна несреќа што во 22:30 часот во средата се случила на автопатот од граничниот премин „Богородица” кон Гевгелија. Моторциклот „хонда чопер” управуван од Ристо К. поради непочитување на сообраќајни знаци на патот изгубил контрола над моторциклот, при што удрил во метална конструкција и се превртел. Како што […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 14:51
•
Posted by: MK News
Македонија ќе ги забрани производството и прометот на генски модифицираната храна с` додека не стане членка на Европската Унија. За таа цел се менува Законот за безбедност на храната, кој е веќе во собраниска процедура. Со измените се пропишува во иднина секој правилник што ќе се носи од Агенцијата за храна и ветеринарство да мора […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 13:29
•
Posted by: MK News
Со кусо соопштение претседателот на ДИК Борис Кондарко извести дека заминува од функцијата – поради лични причини! „ Ве известувам дека денес, 18.10.2013 година, до Собранието на Република Македонија поднесов оставка на функцијата претседател на Државната изборна комисија и согласно одредбите од Изборниот законик побарав на првата наредна седница да биде констатиран престанок на функцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Наместо уживање во утринското кафе, бубачка најдена во внатрешноста на пакувањето од кесичката со кафето им приредила непријатно изненадување. Ваквиот ужас го згрозило охридското семејство кое отворајќи го штотуку купеното кафе видело тазе бубачка, пренесува Вечер. – Среќа што беше веднаш на површината и се забележуваше со голо око. Рокот на употреба беше во ред. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 12:00
•
Posted by: MK News
Годинава во поширокото тетовско подрачје се пријавени дваесет кражби во гулабарници, во кои се украдени речиси 950 разновидни гулаби. Вредноста на укаредните птици е проценета на околу 1 милион денари. За крадците најпривлечни се гулабите од расите „дунек“ и „масарка“, кои се високоценети кај одгледувачите на гулаби. Врвни примероци од овие раси на пазарот можат […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Државата немала право да го продаде плацот за изградба на Шпанските скали на компанијата Амадеус девелопмент оти за истиот тапија за сопственост има скопскиот златар Гомбар Алојз, внук на мајка Тереза пишува Либертас. Бабата на Алојз и татко и на мајка Тереза, Никола Бојаџиу, биле брат и сестра и по таа линија семејството на Џон Јосифовски […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 10:29
•
Posted by: MK News
Бебињата на возраст до најмалку една година никако да не се префрлуваат од исхрана со адаптирани млека на кравјо млеко, советуваат педијатрите и специјалистите за исхрана по веста што одекна во светските медиуми дека во млекото за бебиња на најголемите светски производители се најдени траги од алуминиум, чии вредности се повеќекратно поголеми од дозволените. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 10:13
•
Posted by: MK News
Жителите на село Лакавица на кои вчера од страна на УЈП им беше затворена единствената продавница информираат дека попладнево е отворена од надлежните инспекциски служби. Благодарни се што по нивната реакција, случајот им е решен и не мора да патуваат 16 километри за да си купат еден леб, кој наместо 20 ќе ги чини 120 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 10:08
•
Posted by: MK News
Да живееш во 21 век во сопствена куќа со сопруга бремена во 8-от месец, син од 4 години и болна и неподвижна баба со 76 години, а да немаш електрична енергија тоа луѓе е навистина жалосно, оваа наша држава да не ти овозможи нормални услови за живот, т.е. да ти ги одземе………..на цела немаштија да […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Младоженецот Александар од Гевгелија (со духовно име Ајодја) и Ена од Скопје (со духовно име Сита Чарана), се Македонци кои ја практикуваат Свесноста на Кришна. Тие судбоносното „Да“ го кажаа според сите индиски традиционални правила и норми, и почитувајќи голем дел од индиските свадбени обичаи. Церемонијата ја водеше Индрадјумна Свами, духовен учител на младите кој […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 09:46
•
Posted by: MK News
Нов бран на кадровски промени се најавува во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се менуваат директори на дваесетина претпријатија.Веќе се сменети повеќе високи службеници во администрацијата во Валандово, како и директорот на Водостопанство Берово. Кадровски промени ќе има и во Агенцијата за катастар во Демир Хисар, во Јавното комунално претпријатие во Градско, Облешево, Василево. Се менува двајца директори […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 09:37
•
Posted by: MK News
Националниот ансамбл „Танец“ организира курс за изучување традиционални ора и песни. Курсот ќе трае два месеца, а заинтересираните може да се пријавуваат во ансамблот секој ден од 9 до 15 часот, најдоцна до 1 ноември. Курсот наречен „Фолклорен аеробик“ ќе се одржува во просториите на „Танец“. Кандидатите ќе ги имаат условите како и професионалните играчи, […]
______________________________________________________________________________________________________