11/09/2013 10:15
•
Posted by: MK News
По пет години пауза, Јован Колоски од Струга, кој успешно закрепна по цели четири години поминати во кома, од вчера повторно е во училишните клупи во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга. Иако, тешката болест му го одзеде детството, го оттргна од другарите и од училишната клупа, на неговиот 13-ти роденден Јован продолжи таму каде […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Македонските војници се хранат со производи од косовските фабрики! Кекси, кечап ролати се само дел од асортиманот прехранбени продукти кои се секојдневно на дневното мени во војничките кантини и мензите, а се произведени, на пример во фабриките ЌЕурот” од Призрен или Амоо од Клина, пишува Вечер. Очигледно пораката “Да купуваме македонски производи за наше добро […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Секундарниците кои стоеја над семафорите и го одбројуваа времето до палењето на зелено светло повеќе ги нема на градските сообраќајници. Уредите кои на возачите им покажуваа колку време за пауза имаат, уште при самото поставување тие ги оценија како корисни затоа што можеа да проценат дали имаат време да направат нешто во колата, да запалат […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Откако ги слушна ставовите на грчките власти за последниот априлски предлог за името, посредникот во преговорите, Метју Нимиц, вчера допатува во Скопје со истата цел. Кусо изјави дека од новата влада и од новиот министер за надворешни работи во Атина добил многу детални коментари и сега знае и разбира какви се денеска нивните ставови. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Многумина поучени од претходните денови се воздржуваат да ја преминат македонско-косовската граница, а само по некој, кој на екипата на Вечер им изјави дека зорт го натерало да го минува преминот и најчесто станува збор за превоз на болни лица од Косово, кои на раце или во колички ги префрлаат на македонска територија. Бевме сведоци […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2013 08:21
•
Posted by: MK News
Во Макадонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне услови за слаб локален дожд ќе има во западните и северозападните како и во североисточните и источните предели. Ќе дува слаб јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 19:50
•
Posted by: MK News
Педесет и деветгодишниот Јане Петков од Сандански, Република Бугарија, денеска успеа во намерата на Охридското Езеро да исплива два километри и 20 метри, без какви било помагала и тоа врзан во вреќа. Петков замислената патеката од плажата кај поранешниот хотел „Парк“ до Градскиот кеј во Охрид ја исплива за 2:47 часа, поставувајќи време со кое ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 19:47
•
Posted by: MK News
Цената на бензините ќе се зголеми за 1,5 денари. Еуросупер БС – 95 ќе чини 83,50 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 , 85 денари за литар. Дизелот поскапува за 2,5 денари и ќе се продава по цена од 73 денари. Зголемување се должи на повисоката цена на суровата нафта во изминативе две […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 19:41
•
Posted by: MK News
Полицијата го уапси манијакот кој утринава нападнал мајка на прваче во дворот на основното училиште Петар Поп Арсов во Карпош 4. Инцидентот се случил околу 8 часот утринава откако мајката го оставила ученикот во одделението, по што во дворот била следена од непознато машко лице кој одел зад неа со откопчан шлиц, јавува Канал 5. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 12:15
•
Posted by: MK News
Голема работа е да се види планинскиот регион на Дагестан. Бројни високи планински села, семејните тајни за производство на керамика, филигранство и резбата се пренесува од генерација на генерација. Секое село има своја специјалност. Селото Кубачи, едно од најпознатите села во Кавказ кое е традиционален центар за производство за сребрен накит и резба во дрво. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 11:15
•
Posted by: Александар Стеванов
Македонската турнеја на султанот ја искористиле првите македонски и балкански камермани Милтон и Јанаки Манаки и по добиената специјална дозвола да го придружуваат султанот, тие успеале да снимат и целосно реализираат два филма. Филмовите насловени „Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун“ и „Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола“ се […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Змија со жолти риги долга повеќе од 2 метра деновиве ги исплашила жителите на скопската населба Стар Аеродром, каде што била забележана влечугата. Летово имало неколку повици дека биле забележани змии и во други скопски населби и села, Kисела Вода, Тафталиџе, Соње, пишува Дневник – Се шокирав кога шетајќи се со колешката по булеварот Јане […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 10:57
•
Posted by: MK News
Медијаторот на ОН Метју Нимиц од министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос слушна очекуван одговор, кој се однеува на добро познатите грчки позиции за прашањето за името на Македонија, јавуваат грчките медиуми. Сите грчки медиуми јавија за средбата на Нимиц со Венизелос, истакнувајќи дека грчкиот дипломат на медијаторот уште еднаш му повторил дека неговиот последен […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 10:15
•
Posted by: MK News
На страницата на македонскиот Институт за акредитација поставена е снимка од палење на нашето државно знаме, како и заканувачки пораки до Македонија, пишува Телеграф.мк Хакерска група именувана Косовски воини (КВГ) почна да ги напаѓа интернет страниците на нашите државни институции поради, како што велат, одмазда за воведувањето такса за влез на косовски граѓани и возила […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Набавката на скапите апарати не треба да паѓа на товар на родителите, оти не може секој од нив да си дозволи да издвои средства. За тоа треба да се погрижат директорите, општините и државата, бидејќи бесмислено е родител да плаќа кога образованието на неговото дете е бесплатно, пишува Нова Македонија Од влажни марамчиња, течни сапуни […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Веќе од понеделник сите компании што поседуваат инфраструктурни објекти можат да го почнат премерот преку приватните геодетски фирми. Со правилникот ги пропишавме правилата на игра и може да почне премерот на инфраструктурните објекти. Ги повикувам сите компании да го направат тоа час поскоро затоа што, според законот, премерот треба да се направи во рок од […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Струмичанката Сања Чавдарова боледува од „Quadriplegia Spastica – Paralisys Cerebralis“. Таа минатиот месец престојуваше во Центарот за рехабилитација „Гибање“ во Љубљана, Словенија, каде со терапијата покажала напредок кон подобрување на нејзиното здравје. Според Зденка Шефман, спец. неврофиз. Advanced instructor IPNFA, која работеше на секојдневните терапии со струмичанката, Сања треба да продолжи со интензивна рехабилитација во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Скопската почва „е засадена“ со арсен и со олово – тешки метали кои се исклучително опасни за здравјето на луѓето и кои наместа се присутни во концентрации до десетпати повисоки од максимално дозволените. Според Информацијата за извршениот геомониторинг на тешки метали, кој денеска треба да биде усвоен од Советот на Скопје, со високи концентрации на […]
______________________________________________________________________________________________________