16/08/2013 22:52
•
Posted by: MK News
Македонски пратеници се потпишуваат на петицијата на Кочо Динај за создавање на Голема Албанија, јавува Дневник. Директорот на албанскиот Инситут за регионални прогнози и основач на движењето „Природна Албанија“ Кочо Динај за весникот вели дека ќе бидеме изненадени од бројот на собранието потписи. „До 28 ноември годинава, ќе се изненадите колку многу потписи ќе бидат собрани […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 22:41
•
Posted by: MK News
Половина куќа се урна во стариот дел на Охрид на улицата Климентов универзитет. Најоштетен е покривот на куќата која со години е во лоша состојба, јави А1он. Во куќата живее 42 годишниот Александар Сандев кој нема никакви извори на егзистенција- не е вработен и не прима социјална помош, јави порталот. „Беше еден силен потрес. Се вознемирија […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 21:33
•
Posted by: MK News
Целосно изгоре црквата Света Петка во битолкото село Долно Егри. Граѓани денеска пријавиле во полиција дека ноќта на 13 месецов, изгорела црквата. Полицијата ја потврдува информцијата и вели дека ќе се истражува, од кои причини избил пожарот и дали можеби е намерно подметнат, јавува Прес24.
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 15:00
•
Posted by: MK News
Врвен луксузен ресторан од Катар на принцип самопослужување, во срцето на најлуксузниот трговски центар во Доха, на 27 септември 2013 година во просториите на Агенцијата ГЛОБАЛВОРК ќе интервјуира кандидати за следниве позиции: ПРОДАВАЧИ ВО ОДДЕЛ ДЕЛИКАТЕСИ (СИРЕЊА И МЕСНИ ПРОИЗВОДИ) ПРОДАВАЧИ ВО ОДДЕЛ ПЕЦИВА ПРОДАВАЧИ ВО ОДДЕЛ КОЛАЧИ И ЧОКОЛАДИ ШАНКЕРИ ВО ОДДЕЛ КАФЕ И ПИЈАЛАЦИ КАСИЕРИ […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 14:30
•
Posted by: MK News
Во јуни годинава, во споредба со јуни минатата година, Државниот завод за статистиката евидентирал намалување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун за 19,1 процент и со непрехрамбени продукти, освен гориво за 10,6 проценти. Пад од 14,3 проценти е регистриран и во групата трговија на мало, освен трговија со горива. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Македoнските туристички агенции дефинитивно креваат раце од Египет. Иако македонските граѓани до пред една недела се сончаа на египетските плажи, нашите агенциите одлучија повеќе да не испраќаат туристи во таа земја и покрај тоа што уплатиле аранжмани, пишува Дневник. Туристичките агенции сега немаат испратено македонски туристи во Египет. Од агенцијата „Аурора“ објаснуваат дека последната тура […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 09:45
•
Posted by: MK News
33 годишниот ѕидар од Штип, П.К. бил каснат од оса за јазикот додека си јадел сендвич, пишува Вест. Јазикот веднаш му потекол, а за кратко време почнал и да се гуши. Неговите колеги повикале Брза помош, па ѕидарот бил спасен во последен момент, пренесува весникот. -Се консултиравме со кожен лекар и веднаш на пациентот му […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 09:20
•
Posted by: MK News
Поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, е новиот воен претставник на Македонија во НАТО и во ЕУ во Брисел, пишува „Дневник“. Решението за избор на Стојановски било донесено пред два дена и веќе е потпишано од министерот за одбрана, Талат Џафери. Стојановски беше началник на Генералштабот до пред точно две години, а […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Во редакцијата на Мактел стигнало писмо во кое се вели: “ капетанот Етхеми Шевал алијас командант ВАЛЈОНИ од УЧК кој беше обвинет за воени злосторства за случајот “мавровски работници” а ДПМНЕ ги амнестира во 2012-та година, а истиот е на служба во АРМ, на втори август со наредба на командантот на ЗОК Методија Величковски е […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Граѓаните што живеат покрај него се жалат дека со години дишат отрови кои се шират од отворениот канал. Тие велат дека до пред неколку години смрдело само на канализација и урина, а сега веќе и на расипани јајца. Тие се плашат дека во каналот се испуштаат хемикалии, од кои измуреле и жабите и полжавите во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Малик Обама, братот на американскиот претседател Барак Обама, вчера во Скопје ја прими Повелбата за мир, која веќе втора година ја доделува меѓународната асоцијација “Балкански клуб на мирот”. Повелбата и беше доделена на Фондацијата “Барак Обама Хусеин”, која е именувана по името на таткото на претседателот Барак Обама, кој ја основаше тој пред пет години. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2013 19:30
•
Posted by: MK News
Србинка и Црногорец попладнево се приведени во полициската станица во Центар откако полициски службеници ги забележале како во близина на зградата на МНР со далечински управувач контролираат летало. По интервенцијата било утврдено дека се работи за инпровизирано летало во кое била сместена видео камера. Неофицијално, пред полицијата рекле дека снимале спот за Дејан Милиќевиќ. 27 […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2013 15:25
•
Posted by: MK News
Министерот за странски инвестиции Веле Самак на почетокот на септември ќе стапи во брак со некогашната водителка на „Сител бамбини“, Бојана Ацева – Андонова. Според информациите кои ги објавија повеќе медиуми, Бојана и Веле на верност ќе се заколнат во Прилеп, а свадбата е закажана за 7 септември. Веле Самак по втор пат застанува пред олтар. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2013 15:18
•
Posted by: MK News
Членовите на групата „Премиер”, кои пред неколку дена свиреле на свадба во Жировница, останале без инструменти. Заедно со фолк-пејачот Благоја Грујовски, свиреле на свадба кај синот на Џевдет, познат пејач во Жировница, и додека траел ручекот, дел од инструментите исчезнале, пишува Вест. „Со години свириме на свадби кај македонските муслимани низ Западна Македонија и никогаш не […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2013 13:28
•
Posted by: MK News
Автобус во сопственост на туристичката агенција пет, полн со македонски патници за малку ќе излетал од патот, но само ја изгребал банкината, пренесува Скопјеинфо.На речиси половина пат до Скопје се случилa неочекувана ситуација – возачот заспал, удрил во банкината покрај патот, го оштетил возилото и за среќа избегнал поголема несреќа. Вака на кратко звучи приказната на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Освен МВР , и француската амбасада испрати соопштение во кое бара помош во врска со исчезнувањето на Французинката Валери Незироски , која е пријавена за исчезната пред повеќе од 20 дена. Од француската амбасада апелираат до сите кои имаат информации да ја контактираат полицијата на телефонскиот број 192. На сајтот на министерството за внатрешни работи […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2013 11:45
•
Posted by: MK News
Светскиот македонски младински конгрес најостро ја осудува изјавата на директорот на бугарскиот Национален историски музеј, Божидар Димитров, кој пријателскиот натпревар помеѓу националните фудбалски тимови на Македонија и Бугарија го нарече натпревар од домашната лига на бугарската нација”, а навивачката група Комити ја именува како просрпска група која често напаѓа Бугари кога се собираат во Скопје […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Во Лекарската комора на Македонија од почетокот на годинава до сега потврди кои им се потребни за заминување на работа во Германија извадиле рекорден број лекари, вкупно 98. Лани за цела година се извадени 140, во 2011- 125, во 2010 – 80, во 2009 – 41, а во 2008 само 32. Во Лекарската комора нагласуваат […]
______________________________________________________________________________________________________