Archive | Македонија RSS feed for this section

Џип им влетал во дворот додека си седеле – повреден брачен пар од Струмица

Брачниот пар Златко и Виолета Спасевски од струмичко Петралинци заработија потешки повреди откако џип „Опел фронтера“, кој се движел по патот Струмица-Берово, вчера вечерта завршил во дворот од нивната семејна куќа, каде двајцата собирале смет, објавува телевизијата Телма. Очевидците раскажале дека во џипот удрил автомобил „Опел Вектра“ кој излегувал на главниот пат од крстосницата за селото […]

______________________________________________________________________________________________________

Се враќа коцката на плоштадот заедно со нова фонтана за разладување

Од Градот Скопје информираат дека ќе се гради современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15×15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана. Станува збор за површинска фонтана, која нема корито и која кога не […]

______________________________________________________________________________________________________

12 Македонки имаат над 100 год – 104 годишна струмичанка е најстариот пациент во аптека

Баба на 104 години од Струмица е најстарата која пие лекови во Македонија. Последен пат пред десетина дена во една струмичка аптека на нејзино име била подигната терапија за срце и притисок. Ова било костатирано со проектот Мој термин од страна на одговорните лица во министерството за здравство. Според информациите на zdravstvo24.mk покрај струмичанката минатиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Русинот кој упадна во резиденцијата на Иванов ќе биде протеран од Македонија

Русинот Денис Червов кој вчера ја прескокнал оградата и влегол во дворот на претседателската резиденција на Водно, ќе биде протеран од Македонија, а полицијата најави дека против него ќе биде поднесена прекршочна пријава. Моментално тој е сместен во Транзитниот центар во Скопје и наскоро ќе биде протеран од државата. Червов на полициските иследници им рекол дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Французинката исчезнала по кавга со мажот кичевчанец – мвр се сомнева дека ја напуштила земјата

Од кичевската полиција потврдиле дека 39 годишната Французинка Валери е пријавена за исчезната, пишува Канал 5. Според телевизијата, Валери со својот сопруг кичевчанец, кој привремено работел во Франција, била во Кичево на одмор. Се претпоставува дека Валери го напуштила домот по семејна расправија. Од кичевската полиција велат дека таа повеќе не е во Кичево и […]

______________________________________________________________________________________________________

На Бајрам не ги забораваат тие што немаат

Рамазан-бајрам е голем празник и мора да сториме с` за секој наш верник да го почувствува неговиот дух, да види дека не е осамен и заборавен од другите. Ние сакаме на луѓето на кои им е тешко, немаат никакви приходи, не знаат што ќе јадат утре, да им помогнеме за да можат и тие и […]

______________________________________________________________________________________________________

Скршена од болка свршеницата се прости од Дарко – сообраќајката кај Охрид ја прекина нивната љубов

Студените канџи на смртта за навек ги прекинаа соништата на Дарко Аризанкоски (28) од Прилеп, младиот доктор кој наскоро требаше да се венча со својата сакана Мирјана Церевска од Тетово. Ден по несреќата што се случи на магистралниот пат од Охрид кон Кичево, во која и таа беше повредена, со срце скршено од болка, во […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Французинка исчезна во Кичево, никој не знае каде е

Од 25-ти јули 2013 исчезната е француската државјанка Валери. Висока е 168 сантиметри и има 39 години. Дента кога исчезнала носела розеви патики, марка Адидас, известува kicevo.mk. Нејзините најблиски ги замолуваат сите луѓе кои имаат било каква информација веднаш да пријават во полиција на телефонскиот број 192.

______________________________________________________________________________________________________

Парното може да се исклучи и без согласност од комшиите

Граѓаните што сакаат да се исклучат од системот за снабдување со топлинска енергија во Скопје ќе можат да го направат тоа до крајот на месецов, а не до почетокот на грејната сезона како претходно. Сега не им е потребна ниту согласнот од соседите, како што налагаа претходните Правила за снабдување со топлинска енергија. Уставниот суд […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е Русинот што провали во резиденцијата на претседателот Иванов (Фото)

Руски државјанин ја крена на нозе претседателската служба за обезбедување. Системот за  видео надзор ги алармирал дека има непоканет гостин околу 10 часот утрово – забелажеле  како некој ја прескокнува оградата од задната страна на претседателската вила. Обезбедувањето веднаш се пуштило во лов. Го фатиле русинот и му ги ставиле лисиците на раце. Од Водно […]

______________________________________________________________________________________________________

Во 21 век на +40 во близина на главен град – жителите од Сопиште револтирани го блокираа патот

Недостигот на вода за пиење ги натера жителите од скопско Сопиште да постават блокади на регионалниот пат Скопје – село Соње. Револтирани и загрижени се од опасноста без доволно питка вода да им се влоши здравјето, јавува телевизијата Телма. Велат дека кога најмногу им е потребна водата – во утринските и вечерните часови – ја […]

______________________________________________________________________________________________________

19 лица спасени од давење во Охрид

Од 1-ви јули до сега спасителите на Црвениот крст имале 19 успешни интервенции во случаи на давење, 210 укажувања на прва помош на охридското крајбрежје и 30-на на струшкиот дел, како и повеќе потраги по изгубени деца, пишува Ohridnews. -За време на празничниот викенд на плажата Орце Николов несовесни родители ги имаа оставено своите деца […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија дефинитивно останува без Мекдоналдс

Ознаките на најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот  Мекдоналдс кај Веро 2 и Педагошкиот факултет во Скопје, утрово беа отстранети. На почетокот на јуни годинава, ознаките на Мекдоналдс беа симнати и од ресторанот во Центар и Аеродром, а еден месец претходно беа затворени сите седум ресторани на светската компанија за брза храна […]

______________________________________________________________________________________________________

Закопаното богатство во Лешок

“Дивите копачи бараат злато, накит, вредни предмети, но не обрнуваат внимание дека го уништуваат културното богатство на овој со закон заштитен комплекс,,   Северно, на нецел километар над денешниот лешочки манастир “Свети Атанасиј”, среде габрова и дабова шума, на шарпланинска падинка се наоѓа еден речиси целосно разурнат манастирски комплекс, посветен на светецот Атанасиј. Според поновите […]

______________________________________________________________________________________________________

За да нема лекарски грешки – лекарите ќе вежбаат на фантом пациенти

Министерството за здравство распиша оглас за набавка на опрема за новиот Медицински симулациски центар во вредност од 37 милиони денари, а ќе се користат за стекнување на практични знаење на студентите, специјализантите и за продолжување на лиценцата на докторите. Задолжително ќе се врши видеоснимање на сите ендоскопски и лапароскопски интервенции, роботска хирургија и сите други интервенции […]

______________________________________________________________________________________________________

30 год охриѓанец нападнат од стршлени – почина

Триесет годишниот Борче Ј. од Охрид починал додека сечел дрва во селото Врбјани, близу Охрид. Како што информира полицијата, додека сечел дрва, налетал на гнездо од стршлени кои го нападнале. Веднаш била повикана Брза помош но кога пристигнале лекарите, Борче веќе бил мртов. Полицијата излегла на терен и извршила увид. Трагедијата која се одиграла пред […]

______________________________________________________________________________________________________

И денес нема да се дише – тропски ден со температура 40 степени

Во Македонија тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29°C односно до 40°C. УВ индекс 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Се враќале од Илинден – загинатото момче кај Охрид било лекар, неговата вереница е повредена

Фатално заврши илинденскиот викенд за младите свршеници, кои вчера си заминуваа од Охрид. 29 годишниот Дарко од Прилеп, доктор по професија го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа околу 19 часот се случи на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на селото Ботун. Од силниот удар на возилото Пежо 206 , кое го […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1