05/08/2013 17:49
•
Posted by: MK News
По застојот во сообраќајот, километарските колони и чекањето со часови кај патарината на автопатот Куманово-Скопје – од вчера е воведена можност за плаќање и со железни евра, а се отвораат повеќе излези во насоките каде што има најмногу возила. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски проблем било што не се примаа железни монети поради што наплатата […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2013 17:42
•
Posted by: MK News
Кривични пријави за дедото и таткото на Александра Бошњаковска но сеуште ниту траг од 6 годишното девојче. Полицијата по прилогот на Сител поднесе пријави за одземање на детето но не успеа да ги натера поранешниот Врховен судија и неговиот син да ја откријат локацијата на која вешто го кријат девојчето. Повеќе од 1 месец трае […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2013 17:33
•
Posted by: MK News
Авионите на „Виз ер“ преку директни ќе го поврзат Скопје со Париз, Брисел и Франкфурт и тоа два пати неделно. Цената на авио-билетот нема да биде пониска од 1.500 денари. „Виз ер“ ќе ги зголеми фрекфенциите на летови за постоечките дестинации. До Малме ги зголемува летовите од пет на седум во неделата, кон Базел наместо […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2013 11:11
•
Posted by: MK News
Рано утринава во близина на Штип избувна пожар – Епилогот е три изгорени викенд куќи, тотално опожарени трла, кокошарници и свињарници со пеплосани животни и изгорени неколку ниви и ниско стеблеста шума, јави Канал5. Сопствениците на викендичките и пожарникарите се убедени дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. – Да токму така, човечки фактор е […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2013 10:56
•
Posted by: MK News
Улицата покрај трговскиот центар „Рамстор“, и утрово е затворена за сообраќај. Улицата е блокирана со барикади од гранки од дрвјата што ги поставија граѓани револтирани од сечењето на дрвата веднаш до хотелот „Бристол“ каде треба да се гради административна зграда. „Дрвата ги исековте, паркот не ви го даваме“. Извикувајќи ја оваа парола стотина граѓани вечерва протестираа против ноќното и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Наједноставната пресметка покажува дека ако продолжи трендот на намалување од осум Македонци дневно, исчезнувањето ќе биде неминовност, се тврди во анализата на дневниот весник „Дневник“. Последниот етнички Македонец на територијата на сегашна Република Македонија ќе умре во 2466-тата година или за 453 години. Ова ќе се случи ако продолжи сегашниот тренд секоја година бројот на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Сите правни и физички лица што собираат шумски плодови и лековити билки, од април годинава мора да бидат регистрирани и да имаат дозволи за работа. ЈП „Македонски шуми“ во 2013 година воведе задолжително регистрирање на жителите – собирачи на шумските производи. Ова доаѓа откако македонските планини ги сардисаа берачи што нестручно и стихијно берат лековити […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Еден параглајдерист од Бугарија полетал од Ќустендил, но изгубил контрола врз параглајдерот и принудно слетал во близина на делчевското село Ветерн. За среќа при слетувањето поминал неповреден. Дваесет и шест годишниот бугарски државјанин по разговорот со полиција од Делчево и по еден час престој на македонска територија е предаден на бугарските погранични власти.
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Oд Министерството за труд и социјална политика информираат дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8. Август – четврток, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 16:16
•
Posted by: MK News
И денеска, на последниот ден од продолжениот викенд, има километарски колони на граничните премини и патарините во Македонија, но, овој пат во обратната насока, пренесува Канал 5. Возилата кои излегуваат од Грција, чекаат по неколку часа за да ја преминат границата. Но, сепак, најголем проблем за патниците е гужвата на наплатната станица Романовце. Според Канал 5, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Според податоците на Народната банка на Република Македонија околу две третини од долгот на домаќинствата за речиси сите типови кредитни производи се концентрирани во пет општини. Без разлика од видот на кредитот и дали станува збор за станбен или за потрошувачки кредит, скопјани и охриѓани се најзадолжени кај банките, пишува „Нова Македонија“. „Сите кредитни производи ги […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Почетокот на изградбата на елитната населба „Сончев град“ на јужните падини на Водно е најавен за идната пролет, но државата веќе планира изградба на уште три слични населби во непосредната околина. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во изјава за порталот „Фактор“ прецизира дека се работи за земјиште во државна сопственост кое се граничи со […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Милка, филтер, решето, коридор , агент, диригент… За некого ова се само професии, имиња на животни, предмети, но за полицијата се успешно спроведени акции. Името е шифра со која инспекторите ги поврзуваат на едно место доказите, сомнителните лица кои се следени и кривичното дело. Тоа е синоним на одредена оперативна обработка, но не открива целосно, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Во борбите меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал-Асад, како што јавува порталот Алмакос, бил убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху. Алмакос дознава дека тој бил убиен од курдската заедница во Сирија. Абдулаху бил оџа и во Бремен, Германија, учествувал во конфликтот во 2001 година во Матејче, како и во војната во Косово и во Босна […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Официјална Атина излезе со најновата статистика за годинава, според која, Македонци воопшто не летувале во Грција, пренесува Канал 5. За 4,6% е зголемен бројот на туристи во Грција во првото тримесечје од годината, во споредба со лани истиот период. Во официјалната статистика повторно Македонија не фигурира како посебна држава туку е ставена во графата останати […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 14:00
•
Posted by: MK News
Mеѓуетничките односи се крајно влошени и јас мислам дека од септември може да очекуваме уште повеќе влошувања – вели Џабир Дерала, претседател на Центарот за слобода – Цивил во интервју за радио Слободна Европа Како што објаснува, го споменува септември бидејќи тоа е период кога се наближува и годишниот извештај на Европската Комисија за прогресот на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Македонката Натали Димитровска (28) е прогласена виновна бидејќи жива ја запалила својата пријателка Дана Вулин (25), исто така по потекло од Македонија, во февруари лани во Перт, Австралија. Димитровска се товари за намерно нанесување тешки телесни повреди на сонародничката и се соочува со повеќегодишна затворска казна, која Судот ќе ја објави во октомври. До тогаш […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Продолжениот викенд 4.884 Македонци го искористија за бегство кај јужниот сосед и посета на плажите за спас од топлото време. На граничните премини Богородица и Дојран продолжениот Илинденски викенд не донесе рекордна сообраќајна фреквенција. Надлежните информираа дека од завчера до 10 часот вчера границата во двата правца ја минале 17.073 патници, од кои 6.265 се […]
______________________________________________________________________________________________________