18/02/2020 15:25
•
Posted by: MK News
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случајот „Рекет” денеска на прес-конференција истакна дека обвинителството треба да постапува според словото на законите и вистинските обвинети во случајот да бидат изведени пред лицето на правдата. – Сега е јасно зошто текстот на законот за јавно обвинителство требаше да биде таков каков што е, така […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2020 15:21
•
Posted by: MK News
Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска – Стојковски денека побара неотповиклива оставка од директорката на Централен регистар Марија Бошковска – Јанковски поради, како што рече, непочитување на законите и вработување спротивно на закон. Стаменковска – Стојковски тврди дека во Централен регистар незаконски се вработувале, како што рече, партиски послушници на сметка на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2020 15:14
•
Posted by: MK News
До 5 март ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ги објави имињата на носителите на кандидатските листи во шесте изборни единици во земјата за претстојните предвремени парламентарни избори, додека останатите имиња од листите не подоцна од 10 март изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски. – Најголем дел луѓе за првпат би се нашле на листи, но […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2020 15:12
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија (ДИК) објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници во Собранието. Во повикот, нашите државјани кои се на привремена работа или престој во соодветната држава се информираат дека на 12 април ќе се одржат предвремени избори и дека гласањето во ДКП-та […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2020 08:50
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не предложи наследник на разрешената привремена министерка Рашела Мизрахи. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски изјави дека се одлучиле на таков чекор затоа што, како што рече, опозицијата не сака да учествува во игрите на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Мизрахи беше разрешена на предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој упати и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2020 08:40
•
Posted by: MK News
Претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието на Македонија. Претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието на Македонија, меѓу кои и за Законот за Јавното обвинителство, Закон за изменување и дополнување на Законот […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2020 08:30
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва го потпишал решението за распишување на изборите, кои беа договорени да се одржат на 12 април годинава. Во пресрет на предвремените парламентарни избори Собранието на Македонија попладнево се распушти, а потоа Џафери почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април го потпишал решението. Државната изборна комисија го […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2020 08:00
•
Posted by: MK News
Изборите ќе се одржат на 12 април, Собранието со 108 гласови „ЗА“ ја донесе одлуката за самораспуштање. Овие избори се последица на недобивањето на датум за преговори од ЕУ во Октомври минатата година. Незадоволството во јавноста беше големо затоа што земјата го смени името со договорот со Грција што беше услов за преговори но поради […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2020 13:26
•
Posted by: MK News
Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за” и 6 гласа „против”, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство. На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за”, а 32-ца „против”, но претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи гласањето зашто претходно Лилјана Поповска процедурално побарала збор, како и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2020 14:41
•
Posted by: MK News
Собранието денеска ја продолжи 135-та седница со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија. На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за јавното обвинителство, по кој расправата е веќе завршена и треба да се гласа. За донесување на овој закон е потребно двотретинско […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2020 09:00
•
Posted by: MK News
Во 03:50 после полноќ Собранието на Република Македонија со 62 гласа „За“ и 26 „Против“ го прифатија предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на министерката Рашела Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, поради тоа што не прифати да ја промени таблата на која стои името Република Македонија. -Уште не влезена во Министерството […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2020 19:20
•
Posted by: MK News
Дваесет и тројца пратеници имале сопствени станови или на име на блиските во Скопје, но добивале и пари за патни трошоци во последните четири години. Ова е само една од привилегиите на народните избраници кои се платени од државната каса. Државната комисија за спречување на корупцијата денес ја презентираше анализата на патните трошоци во периодот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2020 19:15
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека од 19 часот ќе трае паузата од расправата за предлог законот за јавното обвинителство, а по 19 часот ќе продолжи и ќе трае без прекин додека законот не биде донесен. Законодавниот дом ќе биде во постојано заедание се до неговото распуштање во недела. По тензичниот почеток, во попладневниот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2020 11:39
•
Posted by: MK News
Убеден сум дека изборите ќе се одржат на 12 април… Доколку Собранието не се распушти до недела влегуваме во сериозна политичка криза, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој во гостување на емисијата Што не е јасно уште еднаш го повтори ставот на партијата за законот за јавно обвинителство, оценувајќи го како неуставен […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2020 11:37
•
Posted by: MK News
Одржувањето на избори на 12ти април е доведено во прашање исто како и довербата меѓу коалиционите партнери, изјави за Фокус Александар Кирацовски откако на собраниската седница за законот за ЈО ДУИ постави нови услови за да го гласа, што пак ги налути СДСМ. И Кирацовски на иста линија со Николовски вели дека доколку овие евидентни […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2020 11:32
•
Posted by: MK News
Пресуда со која се утврди дека начинот на кој полицијата собира, обработува и чува ДНК материјал не е во согласност со членот 8 (правото на приватен и семеен живот) од Европската Конвенција за човековите слободи и права донесе вчера (13.02.2020) Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Пресудата се однесува на случај од 2013 година кога […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2020 11:22
•
Posted by: MK News
И натаму е неизвесно дали на 12 април ќе има избори По синоќешните тензии, утрово координаторите на пратеничките групи се на состанок кај претседателот на Собранието. Талат Џафери ги повика за, како што рече, да се потврди желбата на сите партии за одржување на изборите на 12 април. Од СДСМ преку генералниот секретар Љупчо Николовски, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2020 11:18
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната температура од […]
______________________________________________________________________________________________________