14/02/2020 11:15
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера на седницата за законот за Јавно обвинителство предложи за денеска одржување на лидерска средба на која, како што рече, ќе се потврди желбата на сите партии за одржување на изборите на 12 април. Тој претходно ја одложи седницата оти се пријавиле повеќе од 30 говорници и поради тоа што […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2020 11:14
•
Posted by: MK News
Срце си што не возиш пијан. Среќен празник. Вози одговорно! – е пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го честита празникот на љубовта и виното, Св. Валентин и Св.Трифун. Празниците се денови кога треба да застанете за момент, да одморите и да размислите за себе и за своите најблиски, да […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2020 12:03
•
Posted by: MK News
„Јас се држам под контрола“, се вели во една од снимките, кои беа денеска пуштени во судницата, а на која се слуша екс специјалната обвинителка Катица Јанева како зборува со првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. Во разговорот Боки 13 зборува за враќањето на патната исправа на Камчев. Во друг разговор, се слуша како бизнисменот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2020 12:00
•
Posted by: MK News
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остануваат во Собранието, било заклучено на синоќешната седница на Изршниот комитет на партијата. – ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата Во партиското соопштение од седницата на Извршниот комитет се наведува дека се расправало за актуелната општествено политичка состојба и […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2020 09:15
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од пет до 15 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2020 18:10
•
Posted by: MK News
Свечена седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во членството во НАТО се одржа денеска во Собранието во присуство на претседатели и претставници на парламенти на земјите од соседството, на македонскиот државен и политички врв, на дипломатскиот кор. Ратификацијата на Северноатлантскиот договор во собранието беше изгласана со 114 гласови „ЗА„, без ниту еден […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2020 18:04
•
Posted by: MK News
До утрово немаше некоја измена односно иако расте бројот на заболени од коронавирусот внатре во бродот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата наши државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените. Информациите за нив ги добиваме преку луѓето назначени за комуникација преку меѓународниот здравствен правилник. Тоа се двајца наши вработени во Институтот за […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2020 18:00
•
Posted by: MK News
Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски во случајот „Шпион“. На 21 минатиот месец Кривичниот суд им изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во случајот „Шпион“ за кој се води повторена постапка, откако Апелација делумно ја укина пресудата. Дел од нив беа обвинети за злосторничко здружување и незаконско поседување на оружје. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2020 17:59
•
Posted by: MK News
На денешното рочиште за „Рекет” на кое беа презентирани материјални докази од страна на Обвинителството беше презентирана и комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Обвинетиот Јовановски го молел поранешниот премиер Заев, да го прими на состанок. Во комуникацијата остварена во февруари 2019 година, обвинетиот Јовановски му пишувал на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2020 17:54
•
Posted by: MK News
Градот Скопје планира да додели парична награда во вредност од 600.000 денари за авторската и актерската екипа на документарниот филм „Медена земја” кој беше номиниран за Оскар. Ваква одлука, како што информираат од Град Скопје, се очекува да биде донесена на денешната седница на Советот на Град Скопје. – Оваа награда се доделува за придонесот […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2020 17:51
•
Posted by: MK News
Заев уверува дека нема скриена амнестија од која некој би се спасил од судски постапки и со тоа што опозицијата одбива да гласа, според него, е бегање од одговорност. Двотретинското мнозинство за Законот за јавно обвинителство ќе биде мегдан до крајот на седмицата – смета претседателот на СДСМ Зоран Заев, и покрај тоа што кога […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2020 17:43
•
Posted by: MK News
Лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Законот кој го овозможува откупот на стаж, откако беше донесен во Собранието, вчера е објавен во Службен весник. Тој стапува на сила на 18 февруари 2020 година, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2020 12:23
•
Posted by: MK News
Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес вечерва ќе бидат соопштени добитниците на најпознатата филмска награда Оскар за 2019 година во 24 категории. Македонскиот документарец „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм. На 92-то доделување на Оскар ќе присуствуваат петчлената авторска екипа, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2020 18:21
•
Posted by: MK News
Потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија, поради присуството на заразени лица од коронавирусот, соопшти Министерството за надворешни работи по информации добиени од Јапонското МНР. Како што се наведува во соопштението, досега на бродот се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус. Од Министерството за […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2020 18:18
•
Posted by: MK News
Полициски служебеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за смимката поврзана со случајот „Поткуп“. Станува збор за снимка објавена пред десетина дена, интегрална снимка од пред неколку години во врска со водената истрага за предметот „Поткуп“ во кој наводно е инволвиран и поранешниот премиер […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2020 09:40
•
Posted by: MK News
Сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат. Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила. Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност, пренесува ТВ21. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2020 09:35
•
Posted by: MK News
Собраниската Комисија за финансирање и буџет даде зелено светло за законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица кои се направени во периодот до 31 декември 2017 година… Законското решение предвидува тие да бидат ослободени и од плаќање на затезните камати за судските, нотарските и извршителските трошоци. Сега се […]
______________________________________________________________________________________________________
04/02/2020 21:00
•
Posted by: MK News
Силно невреме вечерва го зафати Скопје со удари на ветар од над 100 километри на час. Веќе пристигаат информации за паднати дрвја. Во скопски Карпош 4 е паднато дрво како и кров од зграда кој паднал врз паркирани автомобили и среде улица. На социјалните мрежи се појави и предупредување од возачи дека на булеварот „Партизански […]
______________________________________________________________________________________________________