26/02/2020 16:59
•
Posted by: MK News
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје се чека во секој момент да дадат изјава за медиумите во Медија центарот во Владата. Дел од медиумите туку што објавија неофицијално дека во земјава има потврден прв случај на заболен од коронавирус. Денеска три лица се […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2020 16:53
•
Posted by: MK News
Регистриран е првиот случај на заразен со коронавирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдија од Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче претходно денеска кажа дека утрово се пријавиле тројца пациенти со симптоми на грип, а кај двајца тестот за коронавирус е негативен. Кај третиот бил позитивен. Од Министерството за здравство апелираат […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2020 13:18
•
Posted by: MK News
Денеска се навршуваат 16 години од трагичната несреќа во Мостар, БиХ во која загина поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук порача дека продолжуваат да го следат неговиот пример. „Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2020 13:15
•
Posted by: MK News
Денес се навршуваат 16 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина на 26-ти февруари 2004 година во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа крај Мостар, Босна и Херцеговина, делегации од […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2020 13:10
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил повторно ги посочи телефонските броеви на кои граѓаните може да пријават доколку имаат сомнителни симптоми налик корона вирусот.
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2020 21:48
•
Posted by: MK News
Над 19.000 граѓани присуствуваа на денешниот протест за правда што го предводеше партијата ВМРО-ДПМНЕ, тврдат организаторите. Протестот започна пред зградата на Основното јавно обвинителство, а заврши пред Врховниот суд. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски праша кој одговараше овие три години додека Зоран Заев е на власт, на денешниот протест од Јавното обвинителство до судскиот комплекс […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2020 15:13
•
Posted by: MK News
Здружението на информатичко-комуникациски технологии соопшти дека едногласно имаат одлучено да го прекинат реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори, за што се обединети сите оператори. Тие ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи на новите измени на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2020 14:57
•
Posted by: MK News
Лицето кое ноќеска беше примено на Инфективната клиника во Скопје, е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ . Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2020 16:06
•
Posted by: MK News
Почина македонскиот печај Ѓорѓи Желчески, кој зад себе остави бројни хитови. Прилепскиот пејач почина на 82-годишна возраст. Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Желчески беше оженет со пејачката Кевсер Селимова со која живееше во Белград, а летните месеци ги минуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска. Селимова и Желчески имаат […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2020 16:04
•
Posted by: MK News
Граѓаните доколку немаат итна потреба, да ги одложат патувањата за регионот на Северна Италија, апелираше попладнево министерот за здравство Венко Филипче по најновите случаи на заболени и починати од коронавирус во Италија. – Денеска бевме во интензивен контакт со нашиот конзул во Венеција. Во овој момент нема податоци дека имаме заболени или под опсервација наши […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2020 16:02
•
Posted by: MK News
Утре е ден на жалост во Куманово, едногласно одлучија советниците на денешната вонредна седница на Советот, закажана по повод вчерашниот трагичен настан во Романовце каде што во семејна куќа по експлозија на плинска боца и пожар на место загинаа три дечиња, подоцна и 58 годишен маж го загуби животот, а вкупно седумина беа повредени. Знамињата […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2020 15:49
•
Posted by: MK News
Ахмети пред судот кажа дека за петкратното убиство кај Смилковското езеро дознал следниот ден од медумите. Како лидер на партија бил загрижен дека по настанот ситуацијата може да ескалира, а за случајот разговарал со високи претставници од САД и Европската унија. Тој во изјава за медиумите кажа дека не може да суди дали обвинетите се […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2020 15:38
•
Posted by: MK News
По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврати Кривичниот суд донесе пресуди, но Апелациониот суд ги укинуваше, по што судењето по трет пат почна од почеток. Се пресудија четири ослободителни и четириесетина условни пресуди. Процесот кој датира од пред тринаесет години неколку обвинети […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2020 14:06
•
Posted by: MK News
Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците. Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2020 15:27
•
Posted by: MK News
МВР очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи. Во моментов се преостанати 3.700 обрасци, од нив 650 ќе бидат за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. До пристигнување на новата пратка обрасци системот за издавање патни исправи се размислува да биде ставен вон функција, информира […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2020 15:25
•
Posted by: MK News
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случајот „Рекет” денеска на прес-конференција истакна дека обвинителството треба да постапува според словото на законите и вистинските обвинети во случајот да бидат изведени пред лицето на правдата. – Сега е јасно зошто текстот на законот за јавно обвинителство требаше да биде таков каков што е, така […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2020 15:21
•
Posted by: MK News
Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска – Стојковски денека побара неотповиклива оставка од директорката на Централен регистар Марија Бошковска – Јанковски поради, како што рече, непочитување на законите и вработување спротивно на закон. Стаменковска – Стојковски тврди дека во Централен регистар незаконски се вработувале, како што рече, партиски послушници на сметка на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2020 15:14
•
Posted by: MK News
До 5 март ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ги објави имињата на носителите на кандидатските листи во шесте изборни единици во земјата за претстојните предвремени парламентарни избори, додека останатите имиња од листите не подоцна од 10 март изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски. – Најголем дел луѓе за првпат би се нашле на листи, но […]
______________________________________________________________________________________________________