07/01/2020 15:20
•
Posted by: MK News
Паричката за Бадник падна кај техничкиот премиер Оливер Спасовски. Тој посака мир, спокој и среќа на сите граѓани во државата. Вели дека сите заедно треба да придонесеме во колективниот успех, што ќе донесе среќа за сите. ВИДЕО: Сител
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2020 15:18
•
Posted by: MK News
Господин господин Стефан испрати божиќно послание за големиот празник Божиќ, денот на радоста и мудроста на нашата вера. Денес е денот на радоста, денот кога ги доживуваме вистината и убавината на нашата вера; ова е денот на добрата волја, денот кога Милостивиот Бог се понизил заради нас и заради нашето спасение, денот кога Миротворецот му […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2020 15:16
•
Posted by: MK News
Али Ахмети денеска упати честитка по повод Божиќ. Ми причинува особена чест да им го честитам големиот православен празник Божиќ на сите православни верници. Божиќ е голем и значаен православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и не соединува во искрените взаемни желби за здравје, успех, среќа и меѓусебно разбирање и почит. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2020 15:12
•
Posted by: MK News
Човек кога е среќен е најзадоволен. Ова го вели опозицискиот лидер Мицкоски, посакувајќи среќа, здравје, бериќет за сите граѓани. Според него, изминатата година била година на порази, а оваа ќе биде година на победи. Тој откри и дека оваа година паричката за големиот празник Бадник вчера се паднала кај неговата сопруга.
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2020 15:10
•
Posted by: MK News
Зоран Заев упати честитка за празниците. Нека ни се среќни големите христијански празници Бадник и Божик. Овие празнични денови, меѓу најблиските и саканите, секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон мир и радост. Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто е исправен секој совесен човек, да стои искрено и храбро […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2020 15:05
•
Posted by: MK News
Денеска е Божиќ, највеселиот православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос. За овој ден се поврзани повеќе верувања. Ако денеска врне, се верува дека се ќе вроди годинава со плод. Семејствата со помали деца наутро после појадокот се приготвуваат и заминуваат на гости кај своите најблиски. Пред јадење домаќините истовремено треба да […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 17:46
•
Posted by: MK News
Без ниеден глас против изгласана е новата преодна Влада Со 101 глас „ЗА“, ниту еден „Против„ и „Воздржан“, Собранието попладнево ја избра новата техничка Влада. Претседателот на Собранието Талат Џафери, истакна дека за технички премиер е избран Оливер Спасовски, а ги наброја и министрите од новата преодна влада. По неговото обраќање, новоизбраните министри дадоа свечена […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 16:23
•
Posted by: MK News
Обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки 13 денеска во Кривичниот суд на рочиштето посочи дека тој се гледа себеси како политички затвореник, но и дека пријавил закани за негова ликвидација кај обвинителката Вилма Русковска, пренесува А1он. „Неопходна обврска да ве известам за мојата состојба. Прва околност е мојата лоша […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 16:21
•
Posted by: MK News
На денешното рочиште сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска, која рече дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“, по налог на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Во СЈО, како што кажа Јосифовска, била изработена процедура во која вработените ги доставуваат сите документи до […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 16:15
•
Posted by: MK News
Боки 13 е првобвинет и во случајот Меѓународен сојуз – се товари дека Како претседател на невладината ги измамил бизнисмени – Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски од кои зел околу 1 милион евра, а потоа парите ги испрал. -Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 15:58
•
Posted by: MK News
Во следните сто дена, почнувајќи од утре Република Македонија ќе ја предводи техничка влада, која ќе треба да ги организира предвремените парламентарни избори, предвидени за 12 април, според договорот на најголемите политички партии во земјата. Собранието денеска до полноќ се очекува да ја избере новата преодна влада, чиј премиер ќе биде Оливер Спасовски. Спасовски е […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 15:57
•
Posted by: MK News
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, му го врачи мандатот на Оливер Спасовски, за формирање на техничка влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори на 12 април. Спасовски се заблагодари на честа и можноста да биде мандатар на преодната влада. „Наша задача ќе биде да направиме сè да продолжи државата со напредокот и да […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 15:55
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за 16:30 часот ја закажа седницата на која треба да биде формирана техничката влада. Пратениците имаат рок најдоцна до полноќ да ја изгласаат новата Влада Од СДСМ предложени се Оливер Спасовски за технички премиер, Славјанка Петровска за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Санела Шкријељ дополнителен заменик во труд и […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 15:54
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев на гостувањето во Утрински брифинг изјави дека утринава веќе ја потпишал својата оставка и очекува дека набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата за избор на преодната Влада Заев рече и дека тој ќе биде повторно премиер доколку СДСМ победи на изборите. – Јас ќе бидам иден премиер […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2020 15:52
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев претпладнево ја достави својата оставка до Собранието на Република Македонија. Оставката ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој потоа ќе треба да го извести претседателот на Парламентот, Талат Џафери за новиот мандатар. По ова, претседателот на Собранието ќе закаже седница на која треба да биде констатирана оставката на премиерот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/01/2020 12:50
•
Posted by: MK News
Техничка влада се формира сто дена пред избори, а премирот Заев најави дека на 3 јануари ќе поднесе оставка од премиерската функција. Според процедурата Парламентот ја констатира оставката и со тоа паѓа целата влада, а потоа претседателот Стево Пендаровски треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски […]
______________________________________________________________________________________________________
02/01/2020 12:44
•
Posted by: MK News
Во текот на утрешниот ден и во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има на облачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег. Како што иформираат од УХМР, во почетокот на наредната седмица времето […]
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2019 11:29
•
Posted by: MK News
Во нашиот заеднички дом посакувам, пред се, да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Ова го порача претседателот на државата, Стево Пендаровски за Нова Година. Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Почитувани граѓани на сите Ви посакувам добро здравје и меѓусебна почит. Затоа, […]
______________________________________________________________________________________________________