13/11/2019 17:18
•
Posted by: MK News
Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром. Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ. Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 17:11
•
Posted by: MK News
Она што медиумите го објавија како добивка по најавата дека ќе се повлечам од функцијата за да се посветам на моите компании на кои им опаѓа капиталот се однесува за 2018 година која е книговодствено прикажана во февруари годинава. Јас зборувам за 2019 година што е нешто кое ќе го видите во завршните сметки во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 17:09
•
Posted by: MK News
Информацијата дека владниот авион принудно слетал ја потврдија и од Владата. Еве што велат Денес околу 12:35 часот при слетување на Скопскиот аеродром, владиниот авион имаше индикација која укажуваше дека не постои потврда дека предното тркало е спуштено. По направените процедури во воздух од страна на пилотите, при што направен е и низок прелет над […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 17:06
•
Posted by: MK News
Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ. Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, бил само со летечкиот екипаж, без патници, а летал од Солун за […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 16:57
•
Posted by: MK News
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори. Како што се наведува во соопштението од партијата, Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб. На состанокот членовите на ИК ги анализирале […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 16:55
•
Posted by: MK News
Судот констатираше дека настанала апсолутна застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше одреден на Груевски, неодамна доставил до судот барање да се констатира застареност на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 16:46
•
Posted by: MK News
За три недели од сега, на трети декември екс специјалната обвинителка Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец треба да седнат на обвинителната клупа во скопскиот Кривичен суд за кога е закажано првото рочиште за аферата “Рекет”. Предметот според АКМИС системот е распределен кај судијката Васка Николовска – Масевска, од одделението за оргамнизиран […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 16:44
•
Posted by: MK News
Со 62 гласови „за” и 12 „против” независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието на Република Македонија. Изборот е направен во рамките на денешната работа по дневниот ред на 116-тата седница чие продолжение претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа за утре.
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 12:16
•
Posted by: MK News
Актуелна е темата со ДУП-от во Расадник каде што локалните власти во Кисела Вода се во постапка на носење на план со кој се предвидува изградба на над 100 згради, на ”празно” место каде што градбите треба да отпочнат од почеток. -Неколку денови пред оваа тема да стане актуелна, нашите локални власти усвоија ДУП со […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 11:20
•
Posted by: MK News
Првиот човек кој се врабиотил во погонот со линдан во Охис, Реџеп Ајраловски денеска е единствениот жив сведок. Во изјава за Телма вели го спасил животот на село , но деновите поминати работејќи со линдан биле неговите колеги 45 на број. Без соодветна заштитна облека, во тешки услови во Охис работел и Киро Пешевски. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 10:14
•
Posted by: MK News
графика која денеска се врти на Твитер во врска со „падот на бизнисот и профитот“ на Анѓушев. Од истата може да се види дека во две фирми нема пад, напротив, има раст на бизнисот во 2018-та во споредба со 2017 година, односно пред доаѓањето на функцијата вицепремиер во Владата на Зоран Заев. „Фероинвест ДОО“ во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 10:10
•
Posted by: MK News
Сослушувањето на четворицата осомничени за кражба и продажба на доверлива проектна и техничка документација од српската фабрика „Први партизан“ почна вчера вечер, околу 20 часот и како што се дознава ќе трае и денес во Вишото јавно обвинителство во Белград. Осомничениот Шефќет Демировски, македонски државјанин, сопственик на скопската фирма „АТС Груп“, кој наводно сакал да […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 09:45
•
Posted by: MK News
Над педесет огласи за вработување во јавниот сектор актуелно се објавени во Агенцијата за вработување, објавува телевизија Алсат Општина Струга предводена од Рамиз Мерко е на врвот на списокот, објавувајќи конкурси за дури 30 нови работни места. Град Скопје објави конкурс за 21 вработување. Охрид и Карпош актуелно вработувата десетина нови лица, Министерството за земјоделство […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 09:20
•
Posted by: MK News
Метил акрилатот од кругот на „Охис“ е безбедно складиран, а бетонскиот базен во кој се излеал, е исчистен, покриен со пилевина и испран со варова вода, рече Хусни Тачи од Државниот инспекторат за животна средина во вчерашната „Топ тема“. Според него, при хаваријата што се случи во петокот, излеаните количини метил акрилат не биле високи, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 09:10
•
Posted by: MK News
Пензиите од Нова година ќе бидат зголемени за 700 денари, најави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за презентација на буџетот за 2020 година. – Владата се одлучи за ваквото покачување на пензиите имајќи ги предвид економските параметри односно зголемувањето на просечната и минималната плата. Зголемувањето на пензиите ќе биде од 700 до 730 денари“, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 08:33
•
Posted by: MK News
Мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е во полн ек, а средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември на граѓаните ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември оваа година. Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 08:13
•
Posted by: MK News
Седумдесет и деветгодишниот Љубомир Митев, попознат како дедо Љубе, е ослободен од обвинението за убиство и ранување на напаѓачите во неговиот дом во кратовското село Којково пред 6 години, а доби две години услова казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување оружјe. Пресудата ја донесе Кумановскиот суд, а неговиот адвокат […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2019 08:08
•
Posted by: MK News
Предлог законот за јавни собири што денеска беше на дневен ред на владина седница е повлечен поради ракциите на граѓаните. Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на Буџетот за 2020 година, рече дека ги слушнале реакциите на граѓаните и дека веднаш реагирале. – Ги слушнавме реакциите на граѓаните и веднаш реагиравме. […]
______________________________________________________________________________________________________