25/10/2019 18:07
•
Posted by: MK News
Судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци Алмир Дрпљанин. Му досуди 20 години за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември 2008-та година на паркингот пред ПМФ кога еден припадник на Алфите загина, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност. Откако беше осуден со правосилна […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 18:03
•
Posted by: MK News
Катастарот ќе ги исправа грешките настанити при впишување на правата на недвижностите во имотните листови на граѓаните, до кои дошло при преклопот на дигиталните со аналогните планови. Поради таквите грешки, на имотни листови, на територијата на Скопје во населбите Ѓорче Петров, Драчево, Волково, Сарај, но и во други делови на државата, се јавуваат и повеќе […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 14:16
•
Posted by: MK News
На 11 ноември годинава СОНК ќе организира генерален штарјк. Ова беше најавено на денешната седница на Советот на СОНК, од каде што додаваат дека даваат 15 дена период на помирување. СОНК бара да се зголеми платата повеќе од 10 отсто и да биде тоа од први јануари, а не од април како што беше најавено. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 14:11
•
Posted by: MK News
Неуспешните политики на Зоран Заев и оваа арамиска влада не можат да се премолчат. Оваа влада уништува стандарди и носи лоши резултати, уништувајќи ги животите на граѓаните, рече на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој констатираше дека факт е оти владата на Зоран Заев не прави реформи, не сака да прави рефрорми и нема […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 14:06
•
Posted by: MK News
Во земјава има потенцијал за раст на е-трговијата. Услови постојат, законодавството дава можност, оформен е и Електронскиот регистар на население, а се најавуваат и промени и во делот на мали партки и нивно следење со скенер. Ова го истакнаа пред годишна конференција за е-трговија „Бизнис раст со е-трговија“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 14:02
•
Posted by: MK News
Разговараме со сите политичките партии, тие разговори ќе продолжат и ако најдеме заеднички интерес не гледам пречка да потпишеме договор за предизборна коалиција или, пак, да оставиме за понатаму после изборите да ги нивелираме ставовите и да формираме коалиција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 13:57
•
Posted by: MK News
Почнувајќи некаде од средината на следната недела и тоа од северот на Балканскиот Полуостров, ќе започне влијанието на новиот циклон кој е во најава. Циклонот Луцијан ќе ја погоди и Македонија, информира метеорологот Славчо Попоски. Истиот ќе донесе врнежи од дожд, снег на планините, голем пад на температурите и ветер. Снежната граница ширум регионот можно […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 13:56
•
Posted by: MK News
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во периодот од 7:00 до 17:00 часот ќе биде воведен на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ Награда на град Скопје „Скопје-2019“, во организација на Автомобилистичка федерација. -Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул.„Крсте Петков Мисирков“ […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 13:54
•
Posted by: MK News
Првпат за незаконското следење на комуникациите слушнав кога станав претседател на СДСМ во 2013 година и тогаш тоа и го увидов, рече премиерот Зоран Заев во Основниот кривичен суд во Скопје, каде се појави да сведочи во случајот „Таргет-Тврдина“ на барање на обвинителите Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Ленче Ристоска. После примопредавање на функцијата, рече […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 13:50
•
Posted by: MK News
Веќе една недела нема ни трага, ни глас од специјалецот Игор Спасов, кој во петокот требало да се врати во затворот „Идризово“, откако му завршил условниот прекинот на казната, објави „Фокус“. Директорот на затворот Боби Мојсовски уште во понеделник го известил судот во Штип дека осуденикот не се вратил, но оттаму сѐ уште нема добиено […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2019 16:31
•
Posted by: MK News
Врнежи од дожд во земјата се очекуваат кон крајот на месецот, околу 31. октомври. Веќе од вторник ќе има бран којшто ќе предизвика промена на времето и намалување на температурите за околу 5 степени Целзиусови. Од среда ќе има позначителна промена, потоа се можни и врнежи од дожд, прогнозира Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2019 16:09
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска по сведочењето во Основниот кривичен суд во Скопје за незаконското следење на комуникациите во случајот „Таргет – Тврдина“ изјави дека нема ништо спорно во сведочењето на Зоран Верушевски. Тој со него е во секојдневна комуникација како негов советник за национална безбедност. Вели, Сашо Мијалков и тоа како е виновен за прислушувањето, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2019 16:03
•
Posted by: MK News
Наредниов викенд почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот во сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 03 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ. Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март 2020 година. Од 2021 […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2019 15:58
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев попладнево во Основниот кривичен суд во Скопје сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“. – Како претседател на СДСМ, Зоран Верушевски ме информираше дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, кажа Заев на денешното рочиште. Одговарајќи на прашање од обвинителството, кога дознал […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2019 22:23
•
Posted by: MK News
Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг денеска изјави дека не е негово да коментира за одлуката на ЕУ за датум за преговори, но она што може да го каже е дека вратата на НАТО е отворена и Алијансата и посакува добредојде на Северна Македонија, пренесе РСЕ. Тој вели дека мнозинството земји членки го потпишале протоколот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2019 22:18
•
Posted by: MK News
Коалиција со партијата на Зоран Заев нема да и биде од корист на ниту една од страните. Такви предизборни коалиции се логични само на локално ниво или како што беше случајот на претседателските избори, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата „Аргумент“ на МТВ 2. – Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2019 19:56
•
Posted by: MK News
Одново сме пред голем предизвик, судбоносен за нашата земја. Прво никогаш нашиот народ не живеел потешко и второ СДСМ и Зоран Заев ќе паднат. Ова е финалето кога морад да се испорача цехот. ВМРО – ДПМНЕ помина низ сите премрежја и сите велиме дека победуваме. Ова денеска во Прилеп го рече лидерот на опозицијата, Христијан […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2019 19:23
•
Posted by: MK News
Телевизија Нова беше отворена во 2015 година и располагаше со најсовремена опрема. Но поради неисплатени плати и придонеси повеќе од 7 месеци, телевизијата отиде во стечај во мај 2018 година. Деновиве стечајниот управник огласи за продажба преку е-аукција повеќе од 12 пакети со телевизиска видео и аудио опрема, компјутери како и канцелариски материјали. Повеќе инфо […]
______________________________________________________________________________________________________