20/10/2019 21:17
•
Posted by: MK News
За првиот дел и од кабинетот ви соопштија добра вест иако имавме тешка ситуација, но едногласни сме дека треба да се продолжи по патот на ЕУ. Се договоривме на 12 април, следната година да имаме предвремени избори, иако првично имавме предлог да бидат на 12 декември, рече по завршување на лидерската средба Мендух Тачи. Договоривме […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 21:14
•
Posted by: MK News
Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше во земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба што вечерва се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски. Тој нагласи дека сега следуваат предвремени избори, по кои, како што рече, ќе следи обнова на Македонија и бескомпромисна работа со цел […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 21:02
•
Posted by: MK News
ВО ЖИВО: Изјава на Христијан Мицкоски
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 20:44
•
Posted by: MK News
Со лидерите дебатиравме за важноста прво да се ратификуваат сите протоколи за НАТО во змејите членки и овој парламент да го ратификува протоколот кај нас, па потоа да има избори, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба. „Со лидерите се договоривме за датумот на изборите. Важно е изборите да бидат фер и демократски. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 20:41
•
Posted by: MK News
Завршува арамилукот, срамот, неправдите и назадувањето донесено од Зоран Заев и оваа влада. Од 3-ти јануари техничка влада на 12-ти април избори. Иако се тешки времиња изборот никогаш не бил појасен. Сите заедно одиме на голема победа која ќе ја донесе обновата на Македонија. За Македонија! Напиша Мицкоски на Фејсбук
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 20:39
•
Posted by: MK News
Лидерите одлучија, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април. Техничката Влада ќе биде формирана на 3 јануари наредната година. И официјално 12 април 2020 година ќе е датумот кога во Република Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Техничката Влада ќе се формира на 3 јануари, и ќе трае 100 дена до денот […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 20:34
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев вечерва по средбата со партиските лидери кај претседателот Стево Пендаровски најави дека постигнале договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година. По вечерашната изјава Заев замина на средба со лидерите на партиите коалициски партнери на СДСМ. На лидерската средба попладнево кај претседателот Пендаровски присуствуваа лидерите на двете најголеми […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 20:31
•
Posted by: MK News
ВО ЖИВО: Заврши лидерската- Изјава на Зоран Заев
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 20:29
•
Posted by: MK News
Иако лидерската средба се уште трае, доаѓаат првите неофицијални информации од партиските штабови. Како што дознаваме, изборите најверојатно ќе бидат кон крајот на март или почетокот на април. Исто така, техничката или Пржинската влада ќе трае сто дена колку што предвидува Изборниот закон и со истите услови што важеа и за СДСМ во 2016 година. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 20:25
•
Posted by: MK News
Последните информации до кои дојде редакцијата на Курир од лидерската средба е дека Заев одлучил технички премиер во техничката Влада да биде Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со ова падна теоријата во вода дека технички премиер ќе биде Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која беше фаворит на скопското крило на СДСМ.
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 20:24
•
Posted by: MK News
На лидетската средба премиерот Зоран Заев прифатил 100 дена техничка влада и заминување од премиерската позиција. –Добиени се 100 дена техничка влада, Заев си оди од премиерско место, во игра избори крајот на март или април. – брифира за „Лидер“ извор од ВМРО-ДПМНЕ.
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 19:22
•
Posted by: MK News
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва ќе оствари средба со лидерите на партиите коалициски партнери на СДСМ. Како што соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, средбата ќе се одржи во седиштето на партијата во 20.00 часот.
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 19:20
•
Posted by: MK News
Штотуку заврши првиот дел од лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски, пишува Република.мк Во првиот дел од средбата со партиските лидери се разговорало за усвојување на декларација со која ќе се потврдат заложбите за евроинтегративниот пат. Сите лидери биле согласни тоа да се поддржи. Како што брифираат извори од партијата за Република, претседтелот […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 19:18
•
Posted by: MK News
Првиот дел од лидерската средба заврши во Вилата водно кај шефот на државата, Стево Пендаровски Претседателот Стево Пендаровски на прес конференција по првата половина од лидерската средба истакна дека на средбата има две теми, првата се заклучоците од лидерите на ЕУ, а втората предвремените парламентарни избори. „Побарав да го реафирмираме нашиот став дека продолжуваме на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 19:01
•
Posted by: MK News
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 18:57
•
Posted by: MK News
Од утре ќе се знае дали тричлениот судечки совет при Кривичниот суд ќе го прифати обвинението на обвинителката Вилма Русковска во кое сеопфатени Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски, пишува „Канал 5“ Покрај ова, фокусот на Обвинителството во истовреме е ставен и на вториот дел од истрагата за милионскиот рекет. Во која фаза се […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 18:16
•
Posted by: MK News
Во вилата „Водно“ почна лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски откако во петокот Европскиот совет не донесе одлука за почеток на пристапните преговори до земјава. На средбата се присутни лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски, а од партиите на Албанците присуствуваат пвите луѓе на ДУИ, Али […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 16:51
•
Posted by: MK News
Организирање предвремени парламентарни избори е фокусот на лидерската средба закажана за денес попладне во 17 часот, иницирана од претседателот Стево Пендаровски, откако државава не доби датум за почеток на преговори за членство со Европската унија. Своето учество на средбата го најавиле сите поканети, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Зијадин Села, Африм Гаши и Билал […]
______________________________________________________________________________________________________