Archive | Македонија RSS feed for this section

Мицкоски: Одлуката за недобивање датум е пораз, но не на граѓаните туку на политиките на Заев

Недобивањето на датум е лоша и непосакувана вест за Македонија. Треба да бидеме свесни дека државата влегува во разочарување и сето ова е последица на погрешните политики водени во последните неколку години, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Ќе се согласам дека ваквата одлука за недобивање датум е пораз, но тоа не е пораз на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Претседателот Пендаровски и се обраќа на нацијата

Претседателот, Стево Пендаровски во моментов се обраќа на нацијата по повод денешната разврската на Самитот на ЕУ лидерите во Брисел, каде не беше постигната одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија.

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас: Европските вредности понекогаш се посилни на Балканот отколку во Брисел

Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура. Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Македонија е […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан: ЕУ не додели датум за преговори со Северна Македонија

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор за доделување датум за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија, објави еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“. Тој наведува дека тоа може да има негативни последици, вклучително и ризик од дестабилизација во регионот на Западен Балкан. „Лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитров: Најмалку што заслужуваме е ЕУ да е директна со нас

Најмалку што Еропската унија му должи на регионот е да биде директна со нас. Ова го напиша денеска министерот Никола Димитров. „Благодарност до сите лидери кои се бореа за отворање на преговорите заедно со нас, признавајќи го и потврдувајќи го историскиот Преспански Договор, но и поттикнувајќи ги домашните реформи и европскиот наратив на Северна Македонија, […]

______________________________________________________________________________________________________

(Во живо) Прес-конференција на Мицкоски

Во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во 13:30 часот, ќе се одржи прес конференција за медиуми на која ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

______________________________________________________________________________________________________

УХМР најавува пресврт на времето

Екстремно топло со потпросечни врнежи се карактеризира времето во втората половина од октомври. Од УХМР наведуваат дека според измерените вредности за среднодневната темпрература на воздухот првата декада од октомври се категоризира како вообичаена, но што се однесува на втората декада, земајќи предвид и прогнозираните температури до крајот на втората декада, се категоризира како екстремно топла, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски ќе се обрати во 14 часот

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска во 14.00 часот ќе и се обрати на нацијата по повод разврската на Самитот на ЕУ лидерите во Брисел. Од кабинетот на претседателот потврдуваат за „Фокус“ дека Пендаровски ќе има јавно обраќање. При тоа тој ќе ги повика лидерите на средба и ќе повика на обединетост и сплотеност.

______________________________________________________________________________________________________

Заев се врати од Брисел и итно ги свика министрите

Премиерот Зоран Заев се врати од Брисел, каде пред дводневниот самит на ЕУ побара од европските лидери да донесат одлука за отворање на пристапни преговори на Македонија со ЕУ и веднаш ги свика министрите за консултации. „Во моментов во Владата течат политички консултации на премиерот со министрите“, потврдија извори од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК. Одлуката дали […]

______________________________________________________________________________________________________

Дурловски: Го продадоа духовното за материјално, останаа без обете

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски кратко коментира на Фејсбук по повод „датумот од ЕУ“: – Го продадоа духовното за материјално, останаа без обете. Фаустовци!- гласи краткиот коментар на Дурловски.

______________________________________________________________________________________________________

Николоски: Заев да си поднесе оставка и да одиме на избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за ТВ 21 рече дека недобивањето на преговори со ЕУ е одговорност на премиерот Зоран Заев и дека поради тоа тој во понеделник треба да си поднесе оставка. –Заев во понедленик да си поднесе оставка и потоа да преминеме кон формирање техничка влада, како што предвидува Пржинскиот договор. […]

______________________________________________________________________________________________________

Датумот за Македонија е завршена тема – датум нема

Европските лидери ја затворија темата за проширување, односно за одредување на датум за преговори со ЕУ за Македонија и Албанија без конечен заклучок, пишуваат дел од европските медиуми. Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката се одложува за април 2020 година, пишува Политико.еу на својот блог во […]

______________________________________________________________________________________________________

Села: Ако нема датум, на пролет предвремени избори

Ако нема датум, ќе се направи техничка влада согласно пржинскиот договор, а на пролет предвремени избори. Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во синоќешното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ рече дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со Европската унија, ќе се направи техничка влада согласно пржинскиот договор, по што на […]

______________________________________________________________________________________________________

Јовески ќе ги потпише платите за СЈО

Околу 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство и натаму ја чекаат септемвриската плата откако шефицата Катица Јанева беше разрешена, па немаше кој да ги потпишува решенијата. „Министерството за правда го испрати решението во Собрание и очекуваме истото да се стави на седница. Со Законот републичкиот обвинител ќе добие овластување да одлучува за распределба на вработените, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски: Лобираме до последен момент за датум за преговри

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека државниот врв лобира до последен момент да се добие датум за преговри и формулација која ќе ги вреднува напорите на земјата во изминатиот период. Конечната одлука на ЕУ би требало да се знае утре попладне, но и во случај на негативна одлука, шефот на државата смета дека евроитеграцијата останува […]

______________________________________________________________________________________________________

Фајон: Макрон срамота е разбуди се!

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон остро реагираше на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија. „Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Лидерите на овие земји ги завршија своите должности! Сега е време Советот на Европската унија да го […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанева ќе поднесе жалба за обвинението на Русковска

Адвокатите на Катица Јанева во понеделник го добиле обвинението за нивната клиентка и сега подготвуваат приговор. „Спремаме приговор на обвинението и жалба против решението за продолжување на притворот”, вели адвокатката Ирена Фрчковска за А1.он. За продолжениот притвор на Јанева треба да одлучи совет од тројца судии во второстепениот суд, а за „А1он“ велат дека сè […]

______________________________________________________________________________________________________

Меркел: Шансите за датум за Северна Македонија не се добри

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска изјави дека шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија не се добри, пренесе Дојче Веле. – Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1